8 години скоро се возам по автобуси, имам видено се' и сешто. Од масовно шверцање, до масовни тепачки.
Од тие 8 години, еднаш ми се има случено да не платам за карта. Тоа не го направив поради тоа што се осеќав подобар, попаметен, или не знам што, од моите соученици Македонци, туку го направив поради тоа што требаше да заверам слободна на две-три станици од таму. Не е битно. Се качи контролор, ми ја зеде слободната, платив казна, и никому ништо. Никого не нападнав, ниту пак го опцув контролорот. Ах да, ни калашњиков не извадив, иако сум Албанец.
И мене ми пречи кога гледам дека луѓе 5-6 години помлади, а богами и постари од мене се качуваат по автобуси без да платат, пуштаат музика гласна, и се' тоа. И Албанци во 2ка, и Македонци во 5ка, и Роми во 19ка.
Знам како стојат работите. По тие автобуси кај што се качувам јас, има претежно Албанци, така да особено добро знам како стојат работите.
Проблемот не е нерешлив. Еве неколку прости чекори што можат да придонесат на решавање на проблемов.
1) Повеќе контролори.
2) Да се воведе внатрешна контрола, кои ќе санкционираат вработени кои не ги почитуваат правилата на ЈСП, пример: пуштање патници внатре без да платат.
3) Види точка под реден број 1.
Ако не им дозволиш на луѓето да се качуваат во автобус, ако немаат билети, тогаш сосема нормално е дека ќе има напредок. Зошто? Поради тоа што детиштето кое денес не стигнало до училиште, утре најверојатно ќе плати карта, доколку пак има контролори. Мора да го направи тоа, поради тоа што нема друга опција. Ама се' дури им дозволуваат на луѓето да се однесуваат како сакаат, па нормално е дека нема да плаќаат. Кој будала би дал 30-40 денари на билет ако може да се вози беспари, кога може тие пари да ги потроши на едно чоколадо, или некој друг безначаен производ. Така?
И ако преку контролорите не може да се постигне ова, тогаш нека ангажираат некоја приватна агенција за обезбедување. Тогаш знаеш дека ако пробаш да се направиш фраер, некој господин со недостаток на коса ќе те натера да зажалиш зошто си се родил.
Освен тоа, гледам дека се лупаат глупости на големо тука, како на пример: Албанците се шверцаат поради тоа што нема доволен број на Албанци вработени во ЈСП. Абе ајде. Го здоболе таквото детиштето од Крушопек за тоа дали во ЈСП има 5, 10, или 20 посто вработени Албанци. Никој не го казнува заради тоа шверцување. Тоа е проблемот.
Зошто во 12ка сите се однесуваат како примерни граѓани? Затоа што таму ако пробаш да се качиш без да платиш, ќе те исфрли некој од автобус.
Санкции постојат, меѓутоа не се применуваат. Ако останат вака работите, проблемот нема да се реши.
Ах да, one last thing, темава е за ЈСП случки, не е за политика, или рамковен, или дали таквото се тресе во ладна вода.
Срдечни поздрави.