Ова со трамвајов е ок, го поддржувам, ама веке кога сме кај шинскиот транспорт се запрашал ли некој зошто нема воз до Охрид, Струмица, и Бугарија?
Дали некој се запрашал колку ни е потребна таа пруга? Сепак, кога би ги тргнале сите лоши трачеви околу охриѓаните, Охрид ни е главна туристичка дестинација.
А па да не збориме за обновување на нашите југословенски антички возови од 1950. Само за споредба, грците имаат воз што лета со 200km/h. Од Атина до Солун се стига за неполни 4 часа. Тоа е пат околу 550 km.
А ние од Скопје до Прилеп, 150 km, се возиме за 4 и пол часа. Каква мизерија.
Целата поента ми е дека иако сум Скопјанец, потекнувам од стара скопска фамилија, мислам дека главните инвестиции се премногу се фокусирани во Скопје. Како другите градови да не постојат. И затоа сите ке сакаат да се доселат во Скопје што не е добро. Треба да се избалансира бројот на жители низ целата територија на Македонија. Треба да имаме повеќе селани кои ке сакаат да живеат и понатаму во селата и кои ке бидат задоволни од животот на село, треба лугето кои живеат во помалите градови да сакаат да си останат во родните места и таму да гледаат просперитет.
Ама тоа ке се направи ако подеднакво се инвестира насекаде низ државава а не само овде во Скопје.
Па што ако сме главен град. Во Германија на пример колку убави градови има што се поголеми од главниот град, па никому ништо.
Треба кога ке дојдат туристи да ја прошетаат цела Македонија а не само Скопје. За два дена и чао папа. А вака да има на целата територија разни знаменитости освен историски и археолошки, за да може странците кои сакаат да ни остават некој денар, подолго да ги задржиме во Македонија, за повеќе да потрошат. Ама тие ке трошат ако има за што да трошат, вака тешко.
После ке се прашуваме зошто Грците не викаат Скопјани? Е па затоа зошто сите сме запнале за Скопје.