Секакви рецепти

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Пирошки од бајат леб

Потребно:
1 бајат леб
3 јајца
презла
200г. сирење (може и кашкавал)
200г. салама
чаша млеко
сол,бибер,вегета

Лебот се крши на ситни парчиња, па се полева со млако млеко да покисне околу 10-15 минути. Во меѓувреме ситно се сечкаат сирењето и саламата, а може и да се изрендаат. Во посебен сад се матат трите јајца. Откако лебот убаво ќе покисне малку се замесува со рака, а ако има вишок млеко се цеди. Потоа се додаваат јајцата, сирењето и саламата, па по желба се става сол, бибер и вегета. Додека се меси смесата во неа полека се додава презла колку што е потребно за да се добие убава хомогена смеса од којашто ќе може да се формираат пирошки. Секоја пирошка се валка во презла и се пржи во масло додека да зарумени.








 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Домашен бурек

Потребни состојки:
- 500 гр. готови кори (по можност подебели)
- 300 гр. сирење
- 200 гр. солена урда
- 300 мл. кисела вода
- 125 мл. зејтин
- пола лажиче сол
- 50 гр. маргарин кристал

Подготовка:
Во подлабок сад измешајте го зејтинот со киселата вода и посолете (ако ви е многу солено сирењето пазете да не пресолите). Сирењето издробете го со вилушка и измешајте го заедно со урдата.Округлата тава за печење намачкајте ја убаво со маргарин (долу и странично намрсете за да не ви се залепи).
Ставете две кори (една по една ги ставате) на кои треба краевите да им излегуваат од тавата и попрскајте со течноста (зејтин и кисела вода). Остатокот кори поделете го во групи од по три кори. Земете три кори, ставете ги во тавата една преку друга, така што ќе ги згужвате за да ги собере, а врз третата кора ставете малку од издробеното сирење и урда. Повторете ја постапката и со останатите кори, освен со последните 3. Првата од последните три кори изгужвајте ја во тепсијата и попрскајте ја со течноста. Врз неа ставете ја претпоследната кора и исто така попрскајте ја и ставете го остатокот од сирењето. Ставете ја и последната кора и неа попрскајте ја со мешавината од зејтин и кисела вода.Краевите од првите две кори кои излегуваат од тавата превиткајте ги кон последните кори - затварајќи го бурекот и попрскајте со остатокот од течноста.
Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути т.е додека не порумени. Кога ќе биде готов бурекот, превртете го во тава со иста големина.
Наздравје :)
п.с.Постапката е иста и за друг фил, само доколку правите бурек со месо внимавајте да не претерате со зејтин.

 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Еве што приготвив денес :)

Куглов

Состојки:
3 јајца
3 филџани шеќер
1 филџан зејтин
1 филџан млеко
4 филџани брашно
2 лажици какао
1 пециво
1 ванилин шеќер
2 лажици прав шеќер

Јајцата и шеќерот се матат, откако ќе се изматат се додават другите состојки зејтинот, млекото, брашното, пецивото и ванилниот шеќер. Се бркаат со лажица додека смесата не се изедначи. Потоа еден дел од смесата оделуваме (помалку од половина од смесата) и во тој дел ставаме две лажици какао така добиваме две смеси едната жолта другата кафеава.. Кугловиот калап го премачкуваме со зејтин и ставаме половина од смесата од жолтата, потоа ја додаваме другата смеса што е со какао а врз таа ја ставаме останата жолта смеса. Потоа се става да се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути. Откако ќе се испече се наросува со прав шеќер.

007.jpg 015.jpg
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Печени јаболки

Потребно е:
  • 4 јаболка
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици мелени ореви
  • 1 лажица суво грозје
  • малку рум
  • сок од еден лимон и лимонова кора
  • путер
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки.Во мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора, мелените ореви и сувото грозје, претходно потопено во рум (исцедено од румот). Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.На секое јаболко од горе ставете една мала коцка путер. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина.Печете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Сервирајте со изматен шлаг.
л
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Вака треба да ви излезе меденото срце


п.с.Може нема форма на срце, али вкусот е ист ко на медено срце:pipi:
--- надополнето: Oct 24, 2011 1:17 PM ---
Уште еден вкусен и брз рецепт од мене :pipi:

Полнети пиперки со сирење

Потребни состојки (за 4 лицa):
- 12 зелени дебели пиперки (по можност прави-полесно се филуваат)
- 4 јајца
- 350 гр. сирење
- 100 гр. свински врат
- сол
- зејтин

Подготовка:
Рерната вклучете ја на 250 степени да се загрее, за тоа време исчистете ги пиперките од дршката и семките. Јајцата изматете ги и посолете, па додајте го ситно издробеното сирење. Во тава ставете малку зејтин. Со мало лажиче полнете ги пиперките со филот, (не до крај на пиперката туку 1 цм да бидат испразнети) Откако ќе ги наполните на крајот од секоја пиперка ставете едно кругче (колку што е отворот) свински врат. Ставете ги во рерна и намалете на 180 степени. Печете 30 минути. Наздравје :D
Тебе не те читам више на подфорумов :icon_lol:
За овие два рецепта,сум буквално МАНИЈАК.
Кај ме потсети сега кога неможам да се движам,а и јас па кај се запустив,кај отворив :(
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
твојот куглов е скоро ист со овој- само уште да си додала чоколада и дробени бисквити внатре;)

http://asteromases.com/archives/369
Ми даде идеја, ќе ја имам предвид за нареден пат, повкусно ќе е со чоколатка.
Може да се додаде суво грозје, сецкани ореви, желе... сепак се е до вкус туку мојов куглов поскромен е (штедев на мастраф ):D ама сепак вкусен беше.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Лазањи со шампињони

Состојки:
1 главичка кромид
2 чешниња лук
500гр. лазањи (неварени)
500гр. свежи шампињони
250гр. мелено месо
100гр. кашкавал
30мл. масло
1л. сос од домати
1 лажичка сол

за бешамел сос
50гр. путер
60гр. брашно
500мл. млеко
половина лажичка сол

Ситно исечканиот кромид се пржи во масло. Во тавата со кромид се додаваат исечканите шампињони и лукот, па се пржат заедно околу 10 мин. Потоа се додава меленото месо и се пржи уште 10 мин. Во испржената смеса се додаваат сол и зачини, а се додава и сосот од домати и филот се остава да врие уште 5 мин.
Бешамел сосот се приготвува на следниов начин:на тивко се растопува путерот и се додава брашното, потоа постепено млекото, се додека не се згусне смесата и се додава вегета и сол.Потоа бешамел сосот се додава во филот.
Лазањите се варат,3-4 минути само колку да омекнат.

Во тава подмачкана предходно со маргарин се редат прво лазањинте,па филот. Постапката се повторува се додека има кори.
На крај се ренда кашкавал и се пече на 200°С 20-30 мин.

Buon appetito:)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
^^^^^^^ Утре обавезно ги праам лазањите, кај отворив па ова баш сега лиги само ми напраи..тууууу:LOL:
 
A

AnFem

Гостин
Еве што приготвив денес :)

Куглов

Состојки:
3 јајца
3 филџани шеќер
1 филџан зејтин
1 филџан млеко
4 филџани брашно
2 лажици какао
1 пециво
1 ванилин шеќер
2 лажици прав шеќер

Јајцата и шеќерот се матат, откако ќе се изматат се додават другите состојки зејтинот, млекото, брашното, пецивото и ванилниот шеќер. Се бркаат со лажица додека смесата не се изедначи. Потоа еден дел од смесата оделуваме (помалку од половина од смесата) и во тој дел ставаме две лажици какао така добиваме две смеси едната жолта другата кафеава.. Кугловиот калап го премачкуваме со зејтин и ставаме половина од смесата од жолтата, потоа ја додаваме другата смеса што е со какао а врз таа ја ставаме останата жолта смеса. Потоа се става да се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути. Откако ќе се испече се наросува со прав шеќер.

Прегледај го приврзокот 35424Прегледај го приврзокот 35425
Ај сега ти објасни ми како го извади колачот од кугловиот калап?
Ене го уште стои внатре!
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ај сега ти објасни ми како го извади колачот од кугловиот калап?
Ене го уште стои внатре!
Пред да го ставиш да се пече, се надевам калапот си го намачкала убаво со зејтин и си поросила со брашно.

Ако тоа си го направила откако ќе се испече, ќе го превртиш калапот на поголема чинија од него и ќе го оставиш барем пола саат да се олади, после само ќе го повлечеш нагоре и колачот ти останува на тањирот.
 
A

AnFem

Гостин
Пред да го ставиш да се пече, се надевам си го намачкала убаво со зејтин и си поросила со брашно.
Ако тоа си го направила откако ќе се испече, ќе го превртиш калапот на поголема чинија од него и ќе го оставиш барем пола саат да се олади, после само ќе го повлечеш нагоре и колачот ти останува на тањирот.
Ете недомаќинлук! Ќе си знам за друг пат.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ете недомаќинлук! Ќе си знам за друг пат.
Во секој случај преврти го и остави го да се олади иако немам надеж дека ќе ти излезе целиот ама барем нема да мораш да правиш бомбици од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom