Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.164
Alf, Да ги ставаш науката и целокупната технологија во ист кош со религијата е во најмала рака смешно.
Зошто не пробаш да ме демантираш,дали можеш да живееш без да употребуваш во својот живот некаква наука и технологија?
Мислам дека не можеш,исто како религиозните што не можат да се откажат од своето верување.
Исто е ,самиот знаеш колку е тешко на верник да му се престави она во кое верува и се ослободи од стравот кој го држи религијата.
Седум пати потешко е да му се објасни на човек кој има отворен ум и не се плаши да истражува,да пронаоѓа,да твори во уметноста,филозофијата,науката и технологијата да се откаже од тоа.
А кога ќе се научи човек со користење на технологијата и во истата учестува како програмиран робот со интерваилте од времето,влезен во ситемот на кружно функционирање,многу тешко можеш да се одвикне од тоа,потполно исто како религијата.

Науката нема догми, не те уценува со ништо, таа е алатка со која луѓето ги одкриваат законите на природата и ги применуваат за своја корист.
Да,така е.Само што сега човекот стана алатка на науката,а не обратно.Човекот стана зависник од неа и многу болно ќе се раздели.
Во секој сегмент од неговиот живот е навлезена,што не замисливо е да функционира без неа.
Исто како религиозниот што неможе да не верува во својот бог,кога тој е насекаде околу нас.:)

Јас ти реков, ако сметаш дека овој систем е лош, дека прави роботи од луѓето, тогаш слободно кажи алтернатива која сметаш дека ќе биде подобра.
Оваа кула не може да се поправи,осудена е на пропаст.Ти останува само да излезеш од неа ако можеш, за да не загинеш при нејзиното рушење.
Не би ти рекол,да ја срушиш и јас да подигнам нова ваква или таква,секој човек си го гради својот свет во кој ќе живее,само во тој свет да не го мери времето.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.164
Почитуван господине Alf,
Таа кула не е само „наша“. Ако е симбол на човештвото, тогаш и ти би помогнал во нејзиното градење. А дали вие мислите дека со молитва ќе им помогнете на тие кутри луѓе што ги снајде таква несреќа. Ако работите се средуваа со молење а не со работа и труд, тогаш верниците не би требало да страдат од болести, глад, несреќи и т.н.
Можеби треба да се запрашаме што ние сме направиле за да дојде до таква несреќа и во понатамошното градење на „кулата“ да го смениме инженерингот (начинот на размислување и дејствување) за да не им создаваме несреќи на нашите понатамошни поколенија. Не е само да мислиме како да се спасиме ние во овој наш „краток“ живот.
Nessa Alcarin,
Зошто толку грижи имаш?
Таа кула ја симболизира немоќта на човекот бидејќи со самото создавање поколенија вие чуствувате грижа на совет во каков свет ќе го оставите да живеат,а тоа затоа што ја преземате улогата на создавачи и воедно на уништувачи.
Што повеќе се трудите толку во поголеми маки ги ставате.Ако било потребно нешто да имаат ќе се раѓале со техника,со диплома итн.
Научете ги како да бидат дел од природата,взаемно да делуваат.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
9
Љубовта се докажува со делата.
Кога јас сакам, не сум истиот што сум бил предходно.....среќата на личноста што ја сакам, ми е поважна од мојата.
Но тука се поставува прашањето дали вие верниците знаете да сакате? Затоа што вашата вера многу јасно и недвосмислено ви кажува дека вие НЕСМЕЕТЕ да сакате никого повеќе од вашиот бог! Што е апсурд и глупост.
Во библијата Исус вели: "Оној што сака мајка или татко, син или ќерка повеќе од мене, не е достоен за мене". Е сега кажи ми ти мене, како успеваш на својата љубов да и ставиш мерач и да ја ограничиш, да ја измериш и да не ја пречекориш, со цел твоите сакани и блиски да не бидат "повеќе сакани" од твојот Исус?
Дали ти ќе бидеш спокоен во рајот ако твоите деца, твојата сакана или твоите родители горат во пеколот, затоа што не го сакале доволно Исус?
ipsissimus...eve ti obicen primer;ako tvojot brat ili sin ilinekoj sto go sakas napravi nepravda prema nekoja druga licnost ili kontinuirano go pravi toa a vie toa go trpite zatoa sto go sakate togas si mrazitel na pravdata ....ili na gospod toa e isto zatoa sto nitu edna nepravda nema da vleze vo nebesnoto carstvo a ti znaejki deka na primer tvoeto dete skrsilo prozor go kries za da ne bide kaznet togas ti ne go sakas nitu gospod a mu stetis i na sinot zatoa sto ke porasne vo uste polosa licnost da ne kazam///ATEIST//////.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто не пробаш да ме демантираш,дали можеш да живееш без да употребуваш во својот живот некаква наука и технологија?
Мислам дека не можеш,исто како религиозните што не можат да се откажат од своето верување.
Исто е ,самиот знаеш колку е тешко на верник да му се престави она во кое верува и се ослободи од стравот кој го држи религијата.
Седум пати потешко е да му се објасни на човек кој има отворен ум и не се плаши да истражува,да пронаоѓа,да твори во уметноста,филозофијата,науката и технологијата да се откаже од тоа.
А кога ќе се научи човек со користење на технологијата и во истата учестува како програмиран робот со интерваилте од времето,влезен во ситемот на кружно функционирање,многу тешко можеш да се одвикне од тоа,потполно исто како религијата.
Демантиран си со секој нареден пост, но не го сваќаш тоа.
Религиозните неможат да се одкажат од своето верување поради нивниот страв и ужасот кој ги фаќа при помислата дека нема да постојат вечно.
Ти гледаш опасност во науката и технологијата поради твојата неможност да го видиш човекот како само уште еден вид кој продолжува со својата еволуција. Ти се плашиш од времето, затоа што тоа носи промени, а промените носат неизвесност. Таа неизвесност ти ја доживуваш како опасност и сигурен си дека ќе донесе пропаст.
Но примерите низ времето, го кажуваат токму спротивното, дека само оние доволно храбрите и спремни да го прифатат предизвикот одат напред, додека оние кој се плашат од непознатото и неизвесното, преплашени да се прилагодат, се осудени на пропаст!
"Кулата" никогаш нема да биде срушена, човештвото ќе биде обединето, а единствено кукавиците ќе бидат оние кои ќе бидат затрупани од рушевините на нивните дувла, во кој кукавички се кријат.
--- надополнето: Nov 1, 2011 6:09 PM ---
ipsissimus...eve ti obicen primer;ako tvojot brat ili sin ilinekoj sto go sakas napravi nepravda prema nekoja druga licnost ili kontinuirano go pravi toa a vie toa go trpite zatoa sto go sakate togas si mrazitel na pravdata ....ili na gospod toa e isto zatoa sto nitu edna nepravda nema da vleze vo nebesnoto carstvo a ti znaejki deka na primer tvoeto dete skrsilo prozor go kries za da ne bide kaznet togas ti ne go sakas nitu gospod a mu stetis i na sinot zatoa sto ke porasne vo uste polosa licnost da ne kazam///ATEIST//////.
Еве и јас ќе те прашам како ќе постапиш ти во следнава ситуација:
Одиш во рајот и дознаваш дека твоето дете, твојата жена и твоите родители се во пеколот, затоа што не го сакале доволно Исус, туку те сакале тебе.
Дали ти ќе го сметаш тоа за правда, и дали ќе бидеш спокоен, ако знаеш дека твоите сакани се мачат во пеколот?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Љубовта се докажува со делата.
Кога јас сакам, не сум истиот што сум бил предходно.....среќата на личноста што ја сакам, ми е поважна од мојата.
Но тука се поставува прашањето дали вие верниците знаете да сакате? Затоа што вашата вера многу јасно и недвосмислено ви кажува дека вие НЕСМЕЕТЕ да сакате никого повеќе од вашиот бог! Што е апсурд и глупост.
Во библијата Исус вели: "Оној што сака мајка или татко, син или ќерка повеќе од мене, не е достоен за мене". Е сега кажи ми ти мене, како успеваш на својата љубов да и ставиш мерач и да ја ограничиш, да ја измериш и да не ја пречекориш, со цел твоите сакани и блиски да не бидат "повеќе сакани" од твојот Исус?
Дали ти ќе бидеш спокоен во рајот ако твоите деца, твојата сакана или твоите родители горат во пеколот, затоа што не го сакале доволно Исус?
Кога босанец оди „строев корак“ асфалтот се крши? Знаеш зошто?
 
„Чеда, последно време е. И како штосте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши. А вие имате помазание од Светиот, и знаете се. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината. Кој е лажец, ако не оној, што одречува дека Исус е Христос? Тој е антихрист, што Го одречува Отецот и Синот. Секој, што Го одречува Синот, нема и Отец; а кој Го исповедува Синот, има и Отец. И така, се што чувте во почетокот, тоа и нека остане при вас; ако она, што го чувте најнапред, остане во вас, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот. И тоа е ветувањето, што ни го вети Он - вечен живот. Тоа ви го пишав поради оние, што ве мамат.„ (1.Јо. 2,19-26)

Кој мами: ти или Јован? Кратко и јасно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кој мами: ти или Јован? Кратко и јасно.
Мами тој што одбегнува да одговори на јасно и едноставно поставено прашање, па наместо тоа, се фаќа за босанци што маршираат.
Ако не мамиш, одговори ми на прашањево:

G

galaxy

Гостин

Кога ќе дојде антихристот, дали ќе дојде и Христос да не` спаси?
Дали ако веруваме ќе биде доволно да се спасиме?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Кога ќе дојде антихристот, дали ќе дојде и Христос да не` спаси?
Дали ако веруваме ќе биде доволно да се спасиме?
Прочити поубаво. Пишува ДЕКА АНТИХРИСТОТ ВЕЌЕ ДОШОЛ. А прашуваш дали Христос ќе те спаси? Од што да те спаси? Веруваш дека си толку неспособен што ти треба Христос да те спасува?
--- надополнето: Nov 1, 2011 6:54 PM ---
Мами тој што одбегнува да одговори на јасно и едноставно поставено прашање, па наместо тоа, се фаќа за босанци што маршираат.
Ако не мамиш, одговори ми на прашањево:
Паметниот попушта. Асфалтот е попаметен од босанецот и затоа попушта. А што да ти одговорам освен да ти попуштам. Не биди босанец.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Паметниот попушта. Асфалтот е попаметен од босанецот и затоа попушта. А што да ти одговорам освен да ти попуштам. Не биди босанец.
Што убаво....сам си поставуваш прашања, сам си одговараш, и сам си констатираш дека си попаметен.:pos:
П.С. Да имаше ти одговор, прсти ќе искршеше да одговориш, ама немаш па сега си се тешиш......душичка:)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Zivotot e besmislen vo krajna linija vremeto go sveduva zivotot bukvalno na NISTO-ova e od Sopenhauer, e zatoa lugeto izmislile religii, prirodno vo vakov svet kade ima stradanje i smrt mora da ima i religii koga svetot bi bil sovrsen a nie kako individui besmrtni togas nikako bi nemalo potreba od religija i bogovi!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom