„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Декстер26,и во Велес има луѓе шо ми рекле "Па шо ти фали тебе?Мене шо ми фали?А израснавме со топилницата"..
И нас можеби ништо не ни фали(досега),освен малку повеќе олово во крвта,ама има многу луѓе што скапо го платија работењето на таа топилница и секој од нас ќе биде во опасност да им се придружи ако се рестартира.
Е ако,недај боже некој близок на тие што "ништо не им фали" стане дел од оние што ја плаќаат цената од работењето на топилницата,ќе го сменат мислењето ама тогаш ќе биде касно..
За среќа,таквите што размислуваат како во примеров се малку а ако недај боже се рестартира топилницава ќе станат уште помалку кога ќе се подсетат како беше да дишиш комбинација од сулфур-диоксид и олово-цинкова прашина зачинета со арсен.

Јас искрено се надевам дека огромно мнозинство од народот,мислам на цела Македонија, ќе биде против рестартирање на топилницава
 
Па и Скопјанчињата треба да размилслат за нивното здравје.
Макстил,Митал,Цементара,Рафинерија или тие ви носат профит па за здравјето ве боли к*р

Болдираното ќе да е точното.

Скопјани ги интересира тоа што се случува во Аеродром, Центар и Карпош, а сите останати слободно може да одат во 100 пм.

За жал таков е скопскиот менталитет.

Јас искрено се надевам дека огромно мнозинство од народот,мислам на цела Македонија, ќе биде против рестартирање на топилницава

Од твоја уста во Божји уши !!!
 
chinarisefield.jpg


Рестартирање на велешката топилница МХК Злетово ?

Еве што не чека во такви околности.

Полето е зелено, водата е бистра, но тоа не значи дека се чисти и здрави.

Но вакво нешто на скопјани ќе им влезе во паметот дури кога на сопствена кожа ќе ги почувствуваат последиците од ова, не дај Боже да дочекаме нешто такво !!!
 
Рестартирање на велешката топилница МХК Злетово ?

Еве што не чека во такви околности.

Полето е зелено, водата е бистра, но тоа не значи дека се чисти и здрави.

Но вакво нешто на скопјани ќе им влезе во паметот дури кога на сопствена кожа ќе ги почувствуваат последиците од ова, не дај Боже да дочекаме нешто такво !!!

Скопјани слични последици чуствуваат од рафинерија.Место вода пијат нафта и им носи профит,затоа што никогаш не ставаат гориво во автомобилите
 
Скопјани слични последици чуствуваат од рафинерија.Место вода пијат нафта и им носи профит,затоа што никогаш не ставаат гориво во автомобилите

Тоа им се случува исклучиво на жителите на селата Миладиновци и Бујковци, кои се во непосредна близина на ОКТА, освен со нафтени деривати, меѓу другото се трујат и со сулфур, неподносливата смрдеа на расипани јајца во Македонија ја има исклучиво во Косел, село во југозападна Македонија во кое има стар и неактивен вулкан, и во селата кои се во непосредна близина на ОКТА, како што се Миладиновци и Бујковци, не знам дали истото важи и за велешани.

Но тие кои живеат во централното градско подрачје во Скопје, од Сарај до Илинден речиси не ги чувстваат последиците на ваквото работење на ОКТА.

Македонската држава ја остава ОКТА слободно да ја загадува околината и да произведува нафтени деривати со слаб квалитет, додека Косово, кое не е целосно признаена независна држава и не е полноправна држава членка на Организацијата на Обединетите Нации, најкомотно спушти рампа за цистерните на ОКТА поради слабиот квалитет на нафтените деривати кои ги транспортираат и ајде здраво, тука заврши приказната, ОКТА мораше да премине кон производство на поквалитетни нафтени деривати, за да се врати на косовскиот пазар.

Еееј, меѓународно непризнаена држава и го прави ова на единствената нафтена рафинерија во Македонија, а македонската држава не превзема ништо за да ја санкционира истата таа рафинерија поради начинот на кој работи, а за велешката топилница МХК Злетово па да не правиме муабет, ако 30 години дозволувале да ги труе велешани без никакви приговори, тогаш воопшто не треба да се дискутира каков би бил нивниот став околу евентуалното рестартирање на топилницата.

Бог нека ни е на помош на сите !!!
 
http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FD98E638DB208D4B950A5B46820D6802

Топилница нека остане само споменик на една агонија на жителите од Велес

Новиот газда, скопската компанија "Метрудхем", сака да го рестартира убиецот на Велес. Маките на велешани повторно ќе продолжат. Три децении упорно укажуваа дека Топилницата го загадува воздухот, водата и почвата и дека Велес нема чисто небо. "Ако некој еднаш направил грешка, истата не треба сега да се повтори", вели Пандорка Никушева, основач и прв претседател на ЕД "Вила Зора"
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mertaduhem-ke-gi-kupuva-veleshani-so-rabotni-mesta

''Мертадухем'' ќе ги купува велешани со работни места


Зелената коалиција шири дезинформации. Новите сопственици на велешката топилница тврдат дека биле објавени нецолосни информации кои создавале погрешна слика во јавноста.

Ајмо продавање здравје и живот на кило.

Овие (Метрудхем) не се со сите, дефинитивно.
 
Декстер паричињата си ги гледаат, а ми стои дека леко, леко Велес ќе биде продаден, нема да дадат ни 30 сребреника.
Гледајте ја целата вест, парите што ги нудат се повеќе од доволно за да се протурка работата.
Ова оди во споилер колку да не бидам тенденциозен и да не излезе дека мешам политика, ама дел од облеката која ја носеше соговорникот имаше заедничко на одредена група луѓе кои направиа заштитен знак за себе од истата, можеби има лош вкус,можеби сум во право и зделката е склучена уште пред да е најавена
 
Се ми се чини дека воа педерчево шо глуми портпарол на трујачиве ќе го ебе ежот.
Одамна не сум добил ваква желба за ќотек а има луѓе што уште поемотивно ги доживуваат изјавите на лиглево
 
Директорот на МЕТРУДХЕМ е персона нон грата во Велес.
 
Јас стварно незнам што сте будали да трпите вакви срања, земете неколку камиони, врзете синџири за машините и разбуцајте све таму.ТОА БРЕ ТРЕБА ДА СЕ СРУШИ!!!
 
Во врска со писмото упатено до Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од страна на Зелената коалиција од Велес, во кое се бара поддршка за активностите насочени против можното рестартирање на топилницата за олово Злетово од Велес, Претседателот Иванов упати порака со поддршка за Велешани, соопштуваат од претседателскиот Кабинет.

ivanov-velesani-248.jpg
-Како Претседател на Република Македонија во целост ги поддржувам оправданите барања на жителите на градот Велес. Студии и истражувања покажаа дека повеќедецениското работење на оваа топилница, лоцирана во непосредната близина на еден од најголемите македонски градови, предизвика тешки последици по здравјето на Велешани. Како Претседател на Република Македонија, Ве уверувам дека ја имате мојата целосна поддршка во сите легитимни активности за заштита на уставно загарантираното право на живеење во здрава средина, се вели во пораката на претседателот Иванов.
Жителите на Велес се обединети во борбата како никогаш досега, решени се да го истераат злото од нивниот град, кое 30 години ги труеше и остави пустош.
Решени се да не дозволат да прoработи велешката Топилница, борба во која добиваат поддршка од многу организации, еколошки друштва и јавни функционери.

kurir. mk

Плус, и паријата на власт ги поддржа протестите.


ВМРО ДПМНЕ: Ајде сите на протест
a6d0dcc592420ca2d4434e32894403491.jpg
Прашањето на Топилница е еколошко, а не партиско и така треба да се пристапи кон него. Од работењето на фабриката сите знаеме какви се последиците. Затоа сите на протест во среда, вели Александар Колев, потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
„Проблемот со топилницата е над партиски и така треба да му пристапиме. Затоа ние официјално ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на прoтестите предводени од зелената коалиција. Повикот е упатен и до членовите на партијата од сите структури. Сметаме дека е многу значајно тоа што за едно вака важно прашање досега постигнуваме консензус. Уште еднаш ќе апелираме да не се користи моментот за собирање политички поени туку заеднички да застанеме протов рестартот на Топилницата", рече Колев.

Плус, докторите:

Лекарите од јавното и приватното здравство денеска отворено застанаа зад зелената коалиција во борбата против рестартот на Топилницата. Здравствените работници рекоа „НЕ" за големиот загадувач.
Ставот на лекарите е јасен. Велат дека тие се првите што се соочуваат со лошото здравје на населението, а неведуваат низа болести кои се причинети од топилницата.
Периодот од кога фабриката е затворена здравјето на граѓаните е подобро.
„Конечно откако се затвори топилницата ние имаме трудници кои не примаат железо и препарати против тоа. Конечно имаме здрави трудници без анемии. Порано такво нешто немаше сите до една страдаа од тие болести. Затоа ќе го поддржиме протестот", вели д-р Лилјана Чолакова - Дервишова претседател на здружение на приватни лекари на Мекедонија.
Поддршката од лекарите за здрава животна средина е само една во долгата низа. Досега многу групи на граѓани се одважија јавно да застанат на страната на екологијата.
„Јас сакам да го изразам моето задоволство затоа што не само лекарите туку поддршка имаме и од пензионерите, борците, просфетните работници , бизнисмените и уште низа на организации и здруженија", вели Горан Петров, градоначаник на општина Велес.
На денешната средба Зелената коалиција уште еднаш предочи дека Метрудхем во писмото за намери испратено до Министерството за животна средина признаваат дека ако се отвори топилницата ќе загадува.
„Писмото е јавно. Се наоѓа на веб-страницата на Министертвото. Метрудхем таму одговара на прашање дека топилницата ако се отвори ќе загадува и ќе претставува опасност за животната средина", вели д-р Ненад Коциќ, Зелена коалиција.
Јавна поддршка против Топилницата денеска дојде и од спортските клубови , Сојузот на спортови и спортските работници.

А и спортистите кажаа дека никој нема ништо да тренира ако се рестартира Топлиницата.

СИТЕ СЕ ПРОТИВ!
 
пакувам куфери и одам да живеам во било кое село само не во Велес
толку од мене
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom