Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 40
Природната нега на кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна за употреба. Најчесто е потребно да одвоите само неколку минути и да направите хранлива маска за нега на лицето.
Колку вие водите грижа за вашето лице? Користите ли маски и какви? Дали пред да нанесете маска за лице правите пилинг на лице(ако да - каков), кој впрочем е прв чекор пред нанесување на маската?
Имате ли некој природен рецепт за пилинг/маска?
Јас лично многу ретко имам користено маска за лице, а и тие биле претежно освежителни (маска од краставица или плакнење со чај од камилица). Инаку имам собрано доста рецепти за пилинзи/маски, еве дел од нив.
Пилинзи (ги отстрануваат старите клетки, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата, ја чистат кожата и ја прават да изгледа сјајно и свежо.)
- За кожата да има сјај , се меша лажица масло од ружа со лажица морска сол. Се масира нежно лицето и вратот за да се отстранат мртвите клетки.
- Пола лажица палента се меша со 2 лажици јогурт за да се добие густа каша. Лицето измијте го со млака вода и нанесете го пилингот на лицето и вратот. Масирајте со кружни движења околу 5 минути. Ако имате проблематична т-зона, повеќе внимание обрнете на неа. Потоа, оставете пилингот да дејствува уште 5 минути и измијте со млака вода, убаво и детално.
- Сок од еден лимон измешајте со 2 лажици шеќер и масирајте го лицето нежно со прстите и не притискајте премногу.Пилингот правете го 2-3 минути и исплакнете со млака, па со ладна вода. Доколку имате многу осетлива кожа, не го практикувајте овој пилинг на лицето повеќе од еднаш месечно.
На нормалната кожа и е потребно пилинг еднаш неделно, на мрсна кожа два пати неделно, а на сува и осетливна кожа доволен е пилинг еднаш во две недели или еднаш месечно.
Маски за лице
Универзална маска:
- Во една излупена и изрендана јаболка додајте 1/2 лажица јогурт, 1 голема лажица мед, а лажица овес, 1/2 лажица цимет. Гмечете со вилушка додека не добиете пире и потоа нанесете на лице. Оставете да делува 10 минути и змијте со топла, па со ладна вода.
Маска за сува кожа на лице:
- Испасирајте една банана со една лажица мед. Нанесете на лице и оставете ја 20 минути, потоа исплакнете со ладна вода.
- Во една лажица палента додајте две лажици маслиново масло. Убаво измешајте и нанесете на лице, нека делува 20 минути. Измијте со млака вода.
- Измешајте по една лажица какао, мед и млеко. Маската нанесете ја на лице и држете ја 15 минути. Исплакнете со млака вода, па со ладна. Оваа маска и ја враќа влагата на кожата.
Маска за масна кожа на лице:
- Испасирајте една јаболка со 5 лажици мед. Нанесете на лице и оставете ја 20 минути, потоа исплакнете со ладна вода.
Маска за затегнување на лице :
- Изматете една жолчка со една лажица палента. Нанесете ја на лице, па кога ќе се исуши, благо протријте со пешкир и измијте се со млака вода. Ова е истовремено пилинг, масажа и маска, одлична е како маска за масна кожа на лице.
- Ако сакате вашето лице да биде затегнато, измешајте половина кесичка пекарски квасец со 4 лажици млеко. Нанесете ја на лице и оставете да делува 30 минути, потоа исплакнете со млака, па со ладна вода. Оваа маска освен што го затегнува вашето лице, таа и ја збогатува кожата со витамини од Б група.
Освежителни маски за лице:
- Исцедете сок од еден голем домат и помешајте го со 2 лажици јогурт. Нанесете ја мешавината на лице и оставете да делува 10-15 минути, потоа исплакнете со млака вода. Оваа маска е добра и за тие што имаат проблем со акни.
- Излупете една краставица и исецкајте ја на кругови. Нанесете ги круговите на лицето и оставете ги 30 минути. Не го мијте лицето, затоа што сокот од краставица е подобар од обичната вода. Маската делува освежително, ја храни кожата и и дава мекост и иеластичност.
Маска против брчки:
- Половина голема банана изгмечете ја со вилушка, додајте една лажица хопла (по можност не многу масна) и една лажица мед. Добро измешајте со миксер и нанесете ја на лицето и вратот. Оставете да делува 20 минути потоа исплакнете со топла вода.
- Една жолчка од јајце измешајте со сок од половина лимон. Нанесете на лице и оставете да дејствува 20 минути. Отстранете ја маската со памук натопен во топло млеко.
- Изрендајте една јаболка и исцедете го сокот од неа. Со него мачкајте го исчистеното лице, вратот и деколтето. После 20 минути исплакнете со млака вода и нанесете крем за секојдневна употреба. После извесен период тенот станува посвеж, кожата затегната, а брчките помалку видливи.
- Исцедете сок од еден лимон и додајте млака вода. Два пати дневно натопете ги прстите и ставете на брчките. Оставете да делува по 5 минути и потоа исплакнете со ладна вода.
- Излупете и изрендајте еден компир. Оваа смеса без никакви додатоци нанесете ја на лице. Држете 20 минути, а после тоа исплакнете со млака вода. Ова е многу едноставна природна маска која ќе и ја врати влажноста на кожата. Содржи витамин Е и Ц и така го спречува настанувањето на брчи и стареење на кожата.
Маска против дамки/флеки:
- Убаво измијте еден лимон и изрендајте една лажица од кората. Додајте една лажичка овес, една жолчка од јајце, една лажица мед и една лажица млеко. Добиената смеса нанесете ја на лице и држете ја 15-20 мин. Исплакнете со млака вода.
Лосион против акни:
- Измешајте сок од еден лимон, една лажица мед и 200 мл вода. Нанесувајте од оваа смеса неколку пати на ден врз акните.

Иако не знам баш колку е добро туку така да се определиме која маска да ја ставиме. Може би требало претходен совет со дерматолог кој би не упатил каква кожа имаме и што бара баш нашиот тип на кожа. Можеби типот на кожа која ја имаме не соодејствува со некоја од состојките на маските. Сакам таква природна нега, но сепак мислам дека треба да се биде претпазлив 

Состојките се тие... Оти, и тебе ти се перути кожата или/?
се надевам дека ќе го решам тој проблем еднаш засекогаш исто и со витамините ќе се смирам