Криза во Државниот Студентски Центар?

  • Креатор на темата Креатор на темата mladenc0
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Локација
Ни ваму, ни таму
Сабајлево одам в бифе да јадам со еден другар, кога гледам собрани 6-7 вработени и се договараат некаде да одат. После некое време наслушување сфатив дека немале земено плата, а дека и платата од овај и наредниот месец најверојатно нема да ја земат во догледно време. Целта на нивниот муабет беше организирана посета (можеби протест) на ДСЦ Кузман Јосифоски-Питу каде е дирекцијата на ДСЦ за да ги бараат нивните плати кои им следуваат.

И така во неврзан муабет кога јас дојдов на ред ми се обрати мене и вие кај и да е ќе се крените пошто немаат ни за парно платено, па голема била веројатноста да го исклучат парното деновиве.

Сега сакам да знам дали има некој со повеќе информации околу овие проблеми и дали конечно НИЕ студентите ако дојде до некакво исклучување на парно или неработење на менза/бифе/продавница ќе излеземе да си ги побараме нашите права кои ни следуваат?
 
дали конечно НИЕ студентите ако дојде до некакво исклучување на парно или неработење на менза/бифе/продавница ќе излеземе да си ги побараме нашите права кои ни следуваат?
НЕ!
 
Немат услови за живот последнава недела, топла вода нема 4-5 дена... за јадење само ориз и тулумби...да не зборам шо стив ни читална немат.
 
Немат услови за живот последнава недела, топла вода нема 4-5 дена... за јадење само ориз и тулумби...да не зборам шо стив ни читална немат.

Читалната е во подготовка (можи ко че докторирам че ја завршат). Баш ме интересира утре стварно ако го исклучат парното шо че се случува
 
Читалната е во подготовка (можи ко че докторирам че ја завршат). Баш ме интересира утре стварно ако го исклучат парното шо че се случува

Ќе биде работата ко у вицот : "Ми се скрши ќебето" ...или ќе играте фризби со чорапите.
 
Не. Студентите ќе ќутат, зашто ако се бунат другата година ќе го изгубат местотот во студентски што оваа година го добиле со врски и партиска книшка.

Така лани ми рече едно дете шо седеше во Гоце ко бевме на протестите за Нешковски, ако ме видат овде другата година кур шо ќе добијам место во Гоце. Си ги собра парталчињата и си ја збриша.
 
За жал таа е вистината. Ко ќе размислиш помеѓу тоа да плаќаш 3 пати поскапо за во стан или да се буниш и протестираш за нешто шо пак нема да го добијаш на крај... ќе си собериш парталите и магла...
 
За жал таа е вистината. Ко ќе размислиш помеѓу тоа да плаќаш 3 пати поскапо за во стан или да се буниш и протестираш за нешто шо пак нема да го добијаш на крај... ќе си собериш парталите и магла...
Тоа е тоа. Тажната вистина за македоскиот студент, во кој може да се види еден просечен македонец, зависен од некој горе над него кој ги влече конците.
 
Тоа е тоа. Тажната вистина за македоскиот студент, во кој може да се види еден просечен македонец, зависен од некој горе над него кој ги влече конците.
Проблемот е шо за да се протестира масовно мора да се постигни некоја критична маса на луѓе, а таа маса не може да се постигне од проста причина што скоро сите што се во домови (а најголемиот дел од студентите се во домови) го имаат „дадено газот под кирија“ и не можат да протестираат. Јас конкретно, не сум во таква ситуација, но најголем дел од моите колеги/пријатели се, така да знам како стојат работите.
Можеби некогаш кога ќе почнат (ако почнат) да се добиваат места во домовите како што и треба да се добиваат, а не преку комитет, врски и пријатели... е тогаш можи да правиме муабет за бунтови, протести, изборување на студентски права итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom