ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА СЕНДВИЧАРНИЦИТЕ KАЈ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА
Ќе се уредува платото зад зградата на ЕВН, на улицата 11 Октомври, а за таа цел ќе се отстранат сендвичарниците на оваа локација, најавија од Општина Центар на последната седница на Советот. Причината е уредување на околината на Триумфалната порта.
Со оваа одлука, по три децении постоење, во историјата ќе замине и познатиот скопски бренд, сендвичарницата „Чичко Стоилко“, но и останатите угостителски објекти на тој потег.
извор: дневник
- Ги рушиме старите белези да градиме нови. Нема човек што не го знае местото и што нема јадено од таму. Сендвич кој е по пристапна цена и кој ќе те најаде. Штета е ако целосно ги уништат, наместо да ги дислоцираат, ако веќе толку и сметаат на триумфалната.
пс. на страната на дневник има прашање „дали ќе ги тргнат и продавачите на крофни на плоштад!?“ Е баш и тоа ме интересира, оти таа зејтинијада од крофна е далеку по грда, отколку сендвичарите.
За весниците не можам секогаш да знам што е точно, а што не, од тоа што го пишуваат, ама за тоа што некои членови велеа дека уште пред неколку години сте добиле писмено известување за рушење на објектот, чисто се сомневав.Морам да напоменам дека ние до сега немаме добиено никакво решение за дислоцирање на објектот и дека многу е неправедно да се слушне таква вест преку дневните весници.
Не се прави мавнат, ако газдите на Стоилко не добиле известување, не значи дека дислокација/рушење на времени објекти е од вчера.За весниците не можам секогаш да знам што е точно, а што не, од тоа што го пишуваат, ама за тоа што некои членови велеа дека уште пред неколку години сте добиле писмено известување за рушење на објектот, чисто се сомневав.
Еее партиски форумџии.. од лага во лага во лага.. ц, ц, ц... Јбг коа ќе се паркирате во штаб, мора да си ја исполните должноста.
пс. инаку (Павловска) очекувајте сега дека ќе ве нападнат како тоа било нечисто таму, како кучиња имало, мачиња, Цигани... и што се не само да бараат оправдување за тоа да се срушат објектите, односно да се исполнат желбите на нивните нарачатели.
Прво респект ако си ( а не се сомневам) внука на чичко Стоилко..Горда сум што сум внука на Чичко Стоилко....Мојот дедо почина во 1997 ....За оние који не знаат ,Чичко Стоилко крвнички беше убиен во својата куќа ...Убиството никогаш не беше откриено од македонската професионална полициска служба...После смрта на дедо ми мојата мајка и понатаму продолжи со градењето на првата во Македонија и 37 години стара традиција Чичко Стоилко ...За сите овие години ниеден муштерија се нема пожалено на труење од храна од нашата сендвичара ниту пак некогаш сме биле затворени од било каква инспекција поради нерегуларно работење ...Јас сум сигурна дека на секого неможеме да му го погодиме вкусот ниту пак моменталното расположение но , сепак многу факти како и горенаведениот наслов “Чичко Стоилко заминува во историјата“ кажуваат многу за една традицја од скоро 4 децении ...Во историјата заминуваат само славните, чесните , борците и оние који оставиле некаква трага на сеќавање...Јас знам дека нашата држава треба да напредува и изгледа по европски стил но напредувањето не се состои во бришењето на постоечкото туку во надградувањето . Ние сме ЗА да и ние бидеме во стил со проектот 2014 и да проектантска компанија ја направи сендвичарата а и другите сендвичари во нашиот ред со поубав изглед но не и да се избрише една традиција . Морам да напоменам дека ние до сега немаме добиено никакво решение за дислоцирање на објектот и дека многу е неправедно да се слушне таква вест преку дневните весници. Сендвичарата Чичко Стоилко ке постои (било каде) и понатаму и беспрекорно ке им служи на своите верни муштерии !
Им благодарам на сите оние који оставија прекрасни коментари за Сендвичарата Чичко Столико!!! Многу од нив длабоко допреа до нас и ни ги насолзија очите!! Поздрав ...
--- надополнето: Oct 29, 2011 8:24 AM ---
Кај ти е архитектонското решение за тоа каде и како ќе бидат дислоцирани?Прво респект ако си ( а не се сомневам) внука на чичко Стоилко..
Ништо немам против сендвичарата,само мислам дека дојде време таа да ја смени локацијата..
само една заблешка,замерка која мислам дека не е точна..
" ниеден муштерија се нема пожалено на труење од храна од нашата сендвичара"
Тоа лажеш и не е точно, имаше и тоа масовно труење,јбг се дешава,сигурно не е намерно
Што значи за тебе привремен објект / самото име ти кажува.. кога се добива дозвола да се постави контењер/трафика,се знае дека во било кое време може да биде отстранет и самите сопственици се свесни..а за труењето нема потреба од линкови, еве ќе се јават луѓе кои имале.. пред едно 10-15 години имаше и масовно труење,братучед ми заврши во болница,се сеќавам на таа случкаКај ти е архитектонското решение за тоа каде и како ќе бидат дислоцирани?
И за труењето дај некој линк да видиме.
Цитро тоа што ти го побарав беше конкретно, многу јасно. Не побарав тролање.Што значи за тебе привремен објект / самото име ти кажува.. кога се добива дозвола да се постави контењер/трафика,се знае дека во било кое време може да биде отстранет и самите сопственици се свесни..а за труењето нема потреба од линкови, еве ќе се јават луѓе кои имале.. пред едно 10-15 години имаше и масовно труење,братучед ми заврши во болница,се сеќавам на таа случка
Не се прави ти мавнат, како може да рушат објект, а да не ги известат корисниците на истиот !? Или може ќе ги обавестат преку багер пред врата !?Не се прави мавнат, ако газдите на Стоилко не добиле известување, не значи дека дислокација/рушење на времени објекти е од вчера.
За оваа процедура се зборува одмана, по општините, најрано од 2008, побарај по интернет ќе најдеш.
Сигурно ќе ги известат кога ќе дојде времеНе се прави ти мавнат, како може да рушат објект, а да не ги известат корисниците на истиот !? Или може ќе ги обавестат преку багер пред врата !?
По општините може да се зборува се и сешто, додека не стигне официјално известување до корисниците/сопствениците на, во случајов, сендвичарите, тоа не значи ништо.
Нормално дека ќе ги известат, за да се иселат - преселат.Сигурно ќе ги известат кога ќе дојде време