Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Пристапна цена беше, ама не ставаа којзнае колку внатре. Сепак вкусен ми беше, не мислат на нас овие, сега ќе треба у Гирадико да се иде :D.
 
Видете,трафиките на Чичко Стоилко и компанија навистина беа на некаков интересен начин,култни места не само за скопјани туку и за сите останати кои доаѓаа во Скопје на прошетка,по работа итн.Низ цела Македонија има такви "култни" места,еве на пр.во Неготино такво место е една трафика во центарот во која се продаваше домашен сладолед,тука на летна жега обавезно се застануваше за да се освежиш и разладиш,потоа во Прилеп имаше една одлична скараџилница,мислам дека се викаше Златно буренце и имаше супер-скара со бус пивце,едноставно нашата Македонија врие од такви места,ги има во секој град,па и низ некое село.Ама,тие статусот го стекнаа во едно друго време,во еден друг систем,со едни други луѓе,навики и стил на живеење.Денешнава младина е навикната на огромен избор,живее во турбо-ритам,секојдневно е бомбардирана со информации и затоа сега и нема време за формирање на такви култни локации кои ќе траат со децении и ќе бидат синоним за еден град.Денес тоа е изживеано и треба да ни остане во убаво сеќавање како интересен момент од минатото,затоа и велам дека треба да се срушат бидејќи едноставно ги прегази новото време.
п.с. Да не заборавам да прашам,дали некој постар скопјанец се сеќава како се викаше една од најголемите флиперници во Македонија,поточно во ГТЦ на трети спрат мислам дека беше,е таа флиперница беше вистинско култно-собиралиште на гејмери и клинци од 80-тите,поздрав!
 
Горда сум што сум внука на Чичко Стоилко....Мојот дедо почина во 1997 ....За оние који не знаат ,Чичко Стоилко крвнички беше убиен во својата куќа ...Убиството никогаш не беше откриено од македонската професионална полициска служба...После смрта на дедо ми мојата мајка и понатаму продолжи со градењето на првата во Македонија и 37 години стара традиција Чичко Стоилко ...За сите овие години ниеден муштерија се нема пожалено на труење од храна од нашата сендвичара ниту пак некогаш сме биле затворени од било каква инспекција поради нерегуларно работење ...Јас сум сигурна дека на секого неможеме да му го погодиме вкусот ниту пак моменталното расположение но , сепак многу факти како и горенаведениот наслов “Чичко Стоилко заминува во историјата“ кажуваат многу за една традицја од скоро 4 децении ...Во историјата заминуваат само славните, чесните , борците и оние који оставиле некаква трага на сеќавање...Јас знам дека нашата држава треба да напредува и изгледа по европски стил но напредувањето не се состои во бришењето на постоечкото туку во надградувањето . Ние сме ЗА да и ние бидеме во стил со проектот 2014 и да проектантска компанија ја направи сендвичарата а и другите сендвичари во нашиот ред со поубав изглед но не и да се избрише една традиција . Морам да напоменам дека ние до сега немаме добиено никакво решение за дислоцирање на објектот и дека многу е неправедно да се слушне таква вест преку дневните весници. Сендвичарата Чичко Стоилко ке постои (било каде) и понатаму и беспрекорно ке им служи на своите верни муштерии !
Им благодарам на сите оние који оставија прекрасни коментари за Сендвичарата Чичко Столико!!! Многу од нив длабоко допреа до нас и ни ги насолзија очите!! Поздрав ...
--- надополнето: Oct 29, 2011 8:24 AM ---
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА СЕНДВИЧАРНИЦИТЕ KАЈ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА

Ќе се уредува платото зад зградата на ЕВН, на улицата 11 Октомври, а за таа цел ќе се отстранат сендвичарниците на оваа локација, најавија од Општина Центар на последната седница на Советот. Причината е уредување на околината на Триумфалната порта.

Со оваа одлука, по три децении постоење, во историјата ќе замине и познатиот скопски бренд, сендвичарницата „Чичко Стоилко“, но и останатите угостителски објекти на тој потег.

извор: дневник

- Ги рушиме старите белези да градиме нови. Нема човек што не го знае местото и што нема јадено од таму. Сендвич кој е по пристапна цена и кој ќе те најаде. Штета е ако целосно ги уништат, наместо да ги дислоцираат, ако веќе толку и сметаат на триумфалната.

пс. на страната на дневник има прашање „дали ќе ги тргнат и продавачите на крофни на плоштад!?“ Е баш и тоа ме интересира, оти таа зејтинијада од крофна е далеку по грда, отколку сендвичарите.
 
Морам да напоменам дека ние до сега немаме добиено никакво решение за дислоцирање на објектот и дека многу е неправедно да се слушне таква вест преку дневните весници.

За весниците не можам секогаш да знам што е точно, а што не, од тоа што го пишуваат, ама за тоа што некои членови велеа дека уште пред неколку години сте добиле писмено известување за рушење на објектот, чисто се сомневав.

Еее партиски форумџии.. од лага во лага во лага.. ц, ц, ц... Јбг коа ќе се паркирате во штаб, мора да си ја исполните должноста.

пс. инаку (Павловска) очекувајте сега дека ќе ве нападнат како тоа било нечисто таму, како кучиња имало, мачиња, Цигани... и што се не само да бараат оправдување за тоа да се срушат објектите, односно да се исполнат желбите на нивните нарачатели. ;)
 
Збогум Стоилко.Никогаш нема да заборавам дека пред 20тина години можеби продаваше квалитет.Секогаш ќе се сеќавам на проливот со кој нееднаш ме обдари.
 
За весниците не можам секогаш да знам што е точно, а што не, од тоа што го пишуваат, ама за тоа што некои членови велеа дека уште пред неколку години сте добиле писмено известување за рушење на објектот, чисто се сомневав.

Еее партиски форумџии.. од лага во лага во лага.. ц, ц, ц... Јбг коа ќе се паркирате во штаб, мора да си ја исполните должноста.

пс. инаку (Павловска) очекувајте сега дека ќе ве нападнат како тоа било нечисто таму, како кучиња имало, мачиња, Цигани... и што се не само да бараат оправдување за тоа да се срушат објектите, односно да се исполнат желбите на нивните нарачатели. ;)

Не се прави мавнат, ако газдите на Стоилко не добиле известување, не значи дека дислокација/рушење на времени објекти е од вчера.
За оваа процедура се зборува одмана, по општините, најрано од 2008, побарај по интернет ќе најдеш.
 
Горда сум што сум внука на Чичко Стоилко....Мојот дедо почина во 1997 ....За оние који не знаат ,Чичко Стоилко крвнички беше убиен во својата куќа ...Убиството никогаш не беше откриено од македонската професионална полициска служба...После смрта на дедо ми мојата мајка и понатаму продолжи со градењето на првата во Македонија и 37 години стара традиција Чичко Стоилко ...За сите овие години ниеден муштерија се нема пожалено на труење од храна од нашата сендвичара ниту пак некогаш сме биле затворени од било каква инспекција поради нерегуларно работење ...Јас сум сигурна дека на секого неможеме да му го погодиме вкусот ниту пак моменталното расположение но , сепак многу факти како и горенаведениот наслов “Чичко Стоилко заминува во историјата“ кажуваат многу за една традицја од скоро 4 децении ...Во историјата заминуваат само славните, чесните , борците и оние који оставиле некаква трага на сеќавање...Јас знам дека нашата држава треба да напредува и изгледа по европски стил но напредувањето не се состои во бришењето на постоечкото туку во надградувањето . Ние сме ЗА да и ние бидеме во стил со проектот 2014 и да проектантска компанија ја направи сендвичарата а и другите сендвичари во нашиот ред со поубав изглед но не и да се избрише една традиција . Морам да напоменам дека ние до сега немаме добиено никакво решение за дислоцирање на објектот и дека многу е неправедно да се слушне таква вест преку дневните весници. Сендвичарата Чичко Стоилко ке постои (било каде) и понатаму и беспрекорно ке им служи на своите верни муштерии !
Им благодарам на сите оние који оставија прекрасни коментари за Сендвичарата Чичко Столико!!! Многу од нив длабоко допреа до нас и ни ги насолзија очите!! Поздрав ...
--- надополнето: Oct 29, 2011 8:24 AM ---

Прво респект ако си ( а не се сомневам) внука на чичко Стоилко..
Ништо немам против сендвичарата,само мислам дека дојде време таа да ја смени локацијата..
само една заблешка,замерка која мислам дека не е точна..
" ниеден муштерија се нема пожалено на труење од храна од нашата сендвичара"

Тоа лажеш и не е точно, имаше и тоа масовно труење,јбг се дешава,сигурно не е намерно ;)
 
Кај ти е архитектонското решение за тоа каде и како ќе бидат дислоцирани?
И за труењето дај некој линк да видиме.
 
Јас се имам затровано 2 пати, ама нели кај нас таквите работи се нормални и проаѓаат со чистење во болница, или дома со 2 дневна терапија на витамин це, електролити и многу течности. Ако земеш адвокат и ги тужиш, прво ќе те направат ментален (не е ова Америка, овде нема правда) а и ќе мора пари да фрлиш. Во секој случај, муабет од типот "не се отрул никој", може да им го кажувате на оние што имаат температура во мозокот.
Поздрав
 
Дали паметите кога пред една година околу 40 луѓе се затруја во Македонска Куќа?
Епа не памтите. Пари се во прашање.
Сестра ми беше една од затруените, од месото, ама не биле од ресторанот криви, туку добавувачите месото не го чувале како што треба, дрн, дрн, дрн.
На некој друг тоа - дека од сендвичари немало труења, посочете една која не отрула некого.
 
Кај ти е архитектонското решение за тоа каде и како ќе бидат дислоцирани?
И за труењето дај некој линк да видиме.

Што значи за тебе привремен објект / самото име ти кажува.. кога се добива дозвола да се постави контењер/трафика,се знае дека во било кое време може да биде отстранет и самите сопственици се свесни..а за труењето нема потреба од линкови, еве ќе се јават луѓе кои имале.. пред едно 10-15 години имаше и масовно труење,братучед ми заврши во болница,се сеќавам на таа случка
 
Цитро тоа што ти го побарав беше конкретно, многу јасно. Не побарав тролање.
 
Не се прави мавнат, ако газдите на Стоилко не добиле известување, не значи дека дислокација/рушење на времени објекти е од вчера.
За оваа процедура се зборува одмана, по општините, најрано од 2008, побарај по интернет ќе најдеш.

Не се прави ти мавнат, како може да рушат објект, а да не ги известат корисниците на истиот !? Или може ќе ги обавестат преку багер пред врата !?

По општините може да се зборува се и сешто, додека не стигне официјално известување до корисниците/сопствениците на, во случајов, сендвичарите, тоа не значи ништо.
 
Сигурно ќе ги известат кога ќе дојде време
 
Нормално дека ќе ги известат, за да се иселат - преселат.
Јас сум сигурна дека доколку сопствениците сакаат, можат да отворат сендвичара во Ценар од типот на Нино (мислам беше) и да, повторно ќе бидат од временски карактер како такви.
Овие објекти можеа да станат ,трајни, под услов да го поседуваат земјиштето на кое се изградени и градбата да е цврста.
А бидејќи Стоилко и компанија се на државно земјиште, не можат до кога сакаат да стојат таму - макар 100 години седеле, имаат договор со кој се согласиле државата кога ќе и притреба тоа место - да си го земе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom