Сакаш да кажеш дека е можно постојано да додаваш нови количества олово и кадмиум ама концентрацијата на истите нема да се зголеми?[/B]
Не,туку дека веќе работата е
посрана и имаш две зла,помало и поголемо каде мораш да одбереш фактот што топилница не работи не негира дека велешани се фул со тешки метали и ниту селен ниту силимарин или пак неработење на капацитетот нема да решат нечии здравствени проблеми.
Значи сепак си на страната на профитот, кога веќе велиш дека неработењето на велешката топилница нема да реши ничии здравствени проблеми.
Да не очекуваш последиците од 30 години труење да ги снема преку ноќ само со згаснување на загадувачот ?
Па тоа не се случило ни во Хирошима ни во Нагасаки, ни во Чернобил, па ни во Фукушима.
Ај објасни зошто ја исклучија нуклеарната електроцентрала во Чернобил кога и онака Чернобил и Припијат се мртви градови ?
Зошто не ја оставеа да работи ?
На крајот на краиштата, има профит во производството на електрична енергија од нуклеарно гориво, зошто да се откажат од таков профит ?
Е па, доколку не си знаел, нуклеарната електроцентрала во Чернобил ја исклучија бидејќи човечкиот живот им е поважен од профитот од производството на електрична енергија од нуклеарно гориво.
До 2015 треба да биде изграден новиот саркофаг врз нуклеарниот реактор бр. 4 во Чернобил, по што треба да започне процесот на уништување на нуклеарниот отпад во реакторот, а потоа и уривање на нуклеарната електроцентрала во Чернобил, сето тоа со надеж дека еден ден животот ќе се врати во Чернобил и Припијат.
За среќа на велешани, во Велес не се има случено нуклеарна хаварија, која би била тешка за контролирање, туку се случува биохемиски геноцид кој може многу лесно да се реши со дислокација на топилницата и прочистување на почвата, а што се однесува до здравјето на велешани, дефинитивно нема да оздрават преку ноќ само затоа што топилницата не работи, но ако повторно проработи, нивната здравствена состојба ќе се влоши уште повеќе, рестартирање на топилницата не доаѓа во предвид.
Рушење на топилницата и прочистување на почвата е единственото решение за ставање крај на биохемискиот Холокауст што се случува во Велес.
Зш мислиш дека одам против велес, ако е здравјето и животот бесценет, не можеа ли Велешани да му понудат на владата цена, тие да си ја откупат????
Доколку не си знаел, вредноста на велешката топилница МХК Злетово не е фиксна, може да изнесува 1.25 милиони евра, може да изнесува повеќе, може да изнесува и помалку.
Дури и ако велешани обезбеделе финансиски средства и доставеле понуда за купување на топилницата, сепак тоа не е никаква гаранција дека нивната понуда ќе била највисока.
А и да била највисока, на крајот доверителите, во случајот со велешката топилница тоа беа приватни фирми, а не државата, можеле да одберат и пониска понуда, доколку понудата се состоела од рестартирање на топилницата, наспроти понудата на велешани која можеби би била и највисока, но би се состоела од рушење на топилницата.
Нема никаква гаранција дека дури и ако обезбеделе велешани пари, топилницата ќе завршела во нивни раце.