„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
ти изгледа не знаеш каде е топилницата :D
бујрум нагости по неколку месеци .. ако воопшто проработи.. па ќе праиме муабет :D

Велешката топилница е продадена за 1.250.000 евра
Велес има 55.000 жители
по нецели 23 евра по жител, или по нецели 91 евро по едно 4члено семејство.
Не им текна на велешани сами да си ја купат па сега ќе можеа таму да си прат луна парк... или базени, музеји, оперски сали....
 
Да го земеме фактот дека со Мартин учиме во училиште шо е едвај на еден километар оддалечено од Топилница...
 
Ако веќе ја отвараат дај нека отворат и пункт за откуп на радиоактивни отпадоци од западните земји да има повеќе корист.
 
Точно така,поточно уште полоши ако го додадеме алкохолизмот,наркоманијата бедата и суицидите.

А каква врска имаат наркоманијата, алкохолизмот со топилницата ? тој што е паметен нема да ги користи таквите работи и ќе си најде работа.

Колку деца се родиле со деформитети во годините кога работела топилницата а колку сега ? и тоа од здрави родители значи не наркомани и алкохоличари.. а наркомани и алкохоличари има секаде безразлика дали се добро ситуирани или не, парите не се знак дека ќе имаш и памет. Друго сигурно јас и ти не се разбираме повеќе од гинеколози и лекари кои директно сведочат за негативните последици од топилницата..
Еве и мое лично искуство, како помал имав проблеми со дишењето цело време бев по лекари.. еден куп разни работи кои ми го отежнуваа дишењето и буквално секоја недела бев по лекари.. јака душа на моите дома кај не ме пратија да ми помогнат, на еден куп испитувања/мориња плус трошок за еден куп лекови кои помагаат во дишењето за калциуми, селени и секакви витамини. Значи до лично искуство кажувам не тропам глупости во тоа време и не јадев буквално ништо едноставно немав апетит а кога дуваше ветер требаше да шетам со камења во џеб ..

Океј за последното малце претерав сепак јас мислам дека и топилницата имала влијание врз тие проблеми респираторни.. ете ја затворија топилницата и од тогаш мене и на други здравјето ни е во нагорна линија.. буквално ги снема сите проблеми кои предходно го имав.
Неможам да тврдам дека било се до топилницата но можноста е голема.. дури и испитувања во Русија покажа дека има влијание, со помош на оваа зелена коалиција за пониска цена беа испратени примероци од коса/нокти на многу деца и на испитување во Русија каде што се докажаа на дел од истите дека топилницата имала штетно влијание ..

Значи и од мое искуство јас ја имам осетено топилницата, фала богу ништо “ептен“ сериозно .. еве денеска сум здрав како дрен ама тогаш..
Затоа и ќе ги подржам сите протести/барикади или било што друго па ако треба и конкретни акции рушење на истата.. нема да дозволам да се отвори таква фабрика која ќе дава по 10-15К денари максимум на 200~ луѓе а за “возврат“ Велешани да имаат здравствени проблеми ..
 
Велешката топилница е продадена за 1.250.000 евра
Велес има 55.000 жители
по нецели 23 евра по жител, или по нецели 91 евро по едно 4члено семејство.
Не им текна на велешани сами да си ја купат па сега ќе можеа таму да си прат луна парк... или базени, музеји, оперски сали....

1.250 000 евра е за Метрутхем,иначе фирма со крајно сомнително потекло.. ја гледав КОД на Лупевска и во емисијата се искажаа многу сомневања околу таа фирма ..зашто идеш против цел Велес Лет , не си ми јасен
 
Да го земеме фактот дека со Мартин учиме во училиште шо е едвај на еден километар оддалечено од Топилница...
zatoa i taka 89 % od ucenicite vo skoloto ni se poremeteni i nastavniot kadar sose sluziteli ...
Inache nema sansi da ja otvorat pak topilnicava nema sansi da dozvoli narodot ...
 
Како се дрзнеш да констатираш нешто такво??

Аха,а дали го прочита добро коментарот каде убаво и јасно пишува

______________________________________________

П.С има низа законски мерки кои ќе го регулираат работењето на капацитетот има примери каде истиве тивки убијци плаќаат Еко-даноци,па затоа САМИ ставаат филтри,има примери каде компании со таков капацитет сами вршат деконтаминација-не ми е јасно КОЈ е толку брлав да бара дваипол милиона евра отштета демек ќе правеле деконтаминирање....абе...не знаат што е ДЕКОНТАМИНАЦИЈА поточно ако некој планира да го деконтаминира велес ќе треба СЕ ШТО Е ПОЧВА ВО РАДИУС од 10 километри да се ископа,пренесе и да се замени со нова....епа два ипол милиони евра за таква операција се....смешни.

Нека признаат зелените дека немаат аргументи и дека сакаат само да исцедат пари.

Значи, според тебе, велешани треба да се помират со фактот дека живеат во мртов град и со оглед на фактот дека прочистувањето е тежок процес, но не и невозможен, па макар и да се сруши и ископа се што е во радиус од 10 километри, сепак поисплатливо е рестартирање на топилницата бидејќи тоа е поисплатливо за економијата ?

Нема што да признаваат зелените или било кои други, аргументите, односно фактите, ги имаш во клиповите објавени во пост #9 од оваа тема на форумов, тоа не бара признавање, туку реакција, реакција од државата која 30 години свесно ги труела велешани и молчела, а ако копањето и рушењето во одреден радиус е решение за проблемот, тогаш така нека биде, државата им ја нанела таа штета на велешани и државата треба да ги обештети велешани.

Филтрите треба редовно да се заменуваат, а пракса е, не само во Македонија, туку и општо на Балканот, заменувањето на филтрите да не се врши редовно, туку еднаш на секои неколку години.

Законски мерки кои ќе го регулираат работењето на капацитетот ?

Па каде беа тие законски мерки цели 30 години, врз кој основ да и веруваат велешани на државата дека сега ќе почне да ги применува тие законски мерки, кога цели 30 години молчела и дозволувала биохемиски Холокауст во Велес ?

Еко-данок ?

Батка, еко-данокот е друго име за поткупување на државата, тоа ти се случува и на запад, во САД им е дозволено на фабриките да плаќаат еко-даноци во форма на казни поради загадувањата кои ги вршат, а во замена за тоа можат слободно да продолжат да си работат и да ја загадуваат околината без никакви пречки, поисплатливо им е да плаќаат казни отколку да си ги преместат фабриките на ненаселени места изолирани од цивилизацијата, а владата на САД ги троши тие пари од еко-даноците за секакви цели, само не за еколошки.

1.250 000 евра е за Метрутхем,иначе фирма со крајно сомнително потекло.. ја гледав КОД на Лупевска и во емисијата се искажаа многу сомневања околу таа фирма ..зашто идеш против цел Велес Лет , не си ми јасен

На овој сајт може да се најдат емисиите на КОД со Снежана Лупевска, вклучувајќи ја и емисијата посветена на велешани и велешката топилница:

http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
 
Велешката топилница е продадена за 1.250.000 евра
Велес има 55.000 жители
по нецели 23 евра по жител, или по нецели 91 евро по едно 4члено семејство.
Не им текна на велешани сами да си ја купат па сега ќе можеа таму да си прат луна парк... или базени, музеји, оперски сали....

абе се тоа убаво... едно милионче лапнале нашиве.. аир да не видат од тие пари и они и нивните деца ! тоа прво
второ.. сите вие шо тука пукате сеир за топилницата и шо кажувате колку е тоа добро за нашата економија... не сте од велес и не знаете како е да живееш секој ден со таа топилница. Јас досега не видов ниеден велешанец на форумов да изгледа воодушевен од идејата за рестартирање.. нели ви е тоа малце чудно на другиве??
не се прашувате зошто луѓево толку се инатат и се бунат??
трето има многу други фабрики во велес кои може да се рестартираат а не загадуат толку... и може да ја подобрат економската состојба и во градот и во државава..
не е само топилницата шо не работи..
 
тој што е паметен нема да ги користи таквите работи и ќе си најде работа.

Епа изгледа 90% од велешаните се со надпросечна интелегенција и затоа некои собираат пластични шишиња.

А каква врска имаат наркоманијата, алкохолизмот со топилницата ?

Тоа ќе учите социологија.

Еве и мое лично искуство, како помал имав проблеми со дишењето цело време бев по лекари.. еден куп разни работи кои ми го отежнуваа дишењето и буквално секоја недела бев по лекари.. јака душа на моите дома кај не ме пратија да ми помогнат, на еден куп испитувања/мориња плус трошок за еден куп лекови кои помагаат во дишењето за калциуми, селени и секакви витамини. Значи до лично искуство кажувам не тропам глупости во тоа време и не јадев буквално ништо едноставно немав апетит а кога дуваше ветер требаше да шетам со камења во џеб ..

И ја имав проблеми со дишење,бронхитис ама ми помина-додека работеше топилницата.

Океј за последното малце претерав сепак јас мислам дека и топилницата имала влијание врз тие проблеми респираторни.. ете ја затворија топилницата и од тогаш мене и на други здравјето ни е во нагорна линија.. буквално ги снема сите проблеми кои предходно го имав.

Мхх ОКТА влијае респираторно а оловото и кадиумот на црниот дроб,мозокот..

Неможам да тврдам дека било се до топилницата но можноста е голема.. дури и испитувања во Русија покажа дека има влијание, со помош на оваа зелена коалиција за пониска цена беа испратени примероци од коса/нокти на многу деца и на испитување во Русија каде што се докажаа на дел од истите дека топилницата имала штетно влијание ..

Ама јас не негирам дека имала има и ЌЕ ИМА влијание,јас Тврдам со сигурност дека има влијание.

Значи и од мое искуство јас ја имам осетено топилницата, фала богу ништо “ептен“ сериозно .. еве денеска сум здрав како дрен ама тогаш..

мило ми е,остани жив и здрав.

Затоа и ќе ги подржам сите протести/барикади или било што друго па ако треба и конкретни акции рушење на истата..

Пак сега...

нема да дозволам да се отвори таква фабрика која ќе дава по 10-15К денари максимум на 200~ луѓе а за “возврат“ Велешани да имаат здравствени проблеми ..

Да се двеста арно ќе да е..

Еко-данок ?

Батка, еко-данокот е друго име за поткупување на државата, тоа ти се случува и на запад, во САД им е дозволено на фабриките да плаќаат еко-даноци во форма на казни поради загадувањата кои ги вршат, а во замена за тоа можат слободно да продолжат да си работат и да ја загадуваат околината без никакви пречки, поисплатливо им е да плаќаат казни отколку да си ги преместат фабриките на ненаселени места изолирани од цивилизацијата, а владата на САД ги троши тие пари од еко-даноците за секакви цели, само не за еколошки.

Грешно ти оди логикава-Еко данокот е трошок на производство така да праксата покажа дека фирмите настојуваат да ги намалат штетните емисии како би го намалиле трошокот(даночната основица).

Значи, според тебе, велешани треба да се помират со фактот дека живеат во мртов град и со оглед на фактот дека прочистувањето е тежок процес, но не и невозможен, па макар и да се сруши и ископа се што е во радиус од 10 километри, сепак поисплатливо е рестартирање на топилницата бидејќи тоа е поисплатливо за економијата ?

Не туку подобро за граѓаните.

Па каде беа тие законски мерки цели 30 години, врз кој основ да и веруваат велешани на државата дека сега ќе почне да ги применува тие законски мерки, кога цели 30 години молчела и дозволувала биохемиски Холокауст во Велес ?

Мораше да молчи и кога самите велешани БАРАА ТОПИЛНИЦА!!

Локацијата на капацитетот е 99.99% утната и наместо истиот да биде лоциран блиску до изворот на суровина т.е близу злетово,саса и Тораница така што би се избегнал и транспортен трошок-велешани ја сакаа топилница истите....пред 30 години сакаа барикади за да ја добијат во велес наместо да биде лоцирана на североисток.
 
Зошто не се собереме и заедно ја разнесеме таа топилница еднаш засекогаш ?

Убава работа, солидарност, ама само на зборови. Херои само преку интернет...
Во случај да проработи топилница, јас ќе ве чекам пред неа, со голема доза на гнев и идеи за радикални промени во мене!
 
Убава работа, солидарност, ама само на зборови. Херои само преку интернет...
Во случај да проработи топилница, јас ќе ве чекам пред неа, со голема доза на гнев и идеи за радикални промени во мене!
Jaс ќе ти се придружам!
 
И јас ќе ви се придружам, освен ако не бидам во Македонија тоа време, или освен ако не бидам повеќе меѓу живите, или освен ако сум зафатен со нешто ептен итно што бара поголемо внимание од моја страна, тоа ми се има случено многу ретко, но можно е да се случи и повторно.

Во спротивно, очекувајте моја потполна поддршка таму во Велес со мое лично присуство.
 
абе се тоа убаво... едно милионче лапнале нашиве.. аир да не видат од тие пари и они и нивните деца ! тоа прво
второ.. сите вие шо тука пукате сеир за топилницата и шо кажувате колку е тоа добро за нашата економија... не сте од велес и не знаете како е да живееш секој ден со таа топилница. Јас досега не видов ниеден велешанец на форумов да изгледа воодушевен од идејата за рестартирање.. нели ви е тоа малце чудно на другиве??
не се прашувате зошто луѓево толку се инатат и се бунат??
трето има многу други фабрики во велес кои може да се рестартираат а не загадуат толку... и може да ја подобрат економската состојба и во градот и во државава..
не е само топилницата шо не работи..
Стварно ме интересира на толку децении труења болести, маки.. не им текна на Велешани да соберат по 90 евра по фамилија и тие да си ја купат топилницата?? Па да му опнат клуч еднаш за секогаш. Што ги спречи тоа да го направат?. За живот и здравје не се жалат пари (а и не се некои пари поделено на семејства) еден просечен мобилен... или едно летување во градиште... 2-3 резервооари бензин.... мислам дека ќе се исплатеше...
 
Токму тука тврдењата на ванаби зелените паѓаат во вода токму затоа и судот ги отфрла,имено концентрацијата на олово и кадиум во велес ќе остане иста минимум 20 години така да ИРЕЛЕВАНТНО дали ќе работи топилница или не damage is done. но од економски аспект НЕ е Ирелевантно-није свеједно.
Сакаш да кажеш дека е можно постојано да додаваш нови количества олово и кадмиум ама концентрацијата на истите нема да се зголеми? Можеби во некој теоретски паралелен универзум каде што важат други физички закони...

Нема потреба да се дискутира дали економскиот аспект е поважен од здравствениот аспект. Потребно е да се почитуваат и применуваат законите, меѓу кои и законите за заштита на животната средина. А дури и со најсовремени филтри и опрема за намалување на исфрлањето на штетните материи, една топилница за олово не смее да се наоѓа на сред град. Истото важи и за железарата во Скопје.
 
[quote="Vanlok, post: 4517708"]Сакаш да кажеш дека е можно постојано да додаваш нови количества олово и кадмиум ама концентрацијата на истите нема да се зголеми?
[/quote]

Не,туку дека веќе работата е посрана и имаш две зла,помало и поголемо каде мораш да одбереш фактот што топилница не работи не негира дека велешани се фул со тешки метали и ниту селен ниту силимарин или пак неработење на капацитетот нема да решат нечии здравствени проблеми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom