Како се дрзнеш да констатираш нешто такво??
Аха,а дали го прочита добро коментарот каде убаво и јасно пишува
______________________________________________
П.С има низа законски мерки кои ќе го регулираат работењето на капацитетот има примери каде истиве тивки убијци плаќаат Еко-даноци,па затоа САМИ ставаат филтри,има примери каде компании со таков капацитет сами вршат деконтаминација-не ми е јасно КОЈ е толку брлав да бара дваипол милиона евра отштета демек ќе правеле деконтаминирање....абе...не знаат што е ДЕКОНТАМИНАЦИЈА поточно ако некој планира да го деконтаминира велес ќе треба СЕ ШТО Е ПОЧВА ВО РАДИУС од 10 километри да се ископа,пренесе и да се замени со нова....епа два ипол милиони евра за таква операција се....смешни.
Нека признаат зелените дека немаат аргументи и дека сакаат само да исцедат пари.
Значи, според тебе, велешани треба да се помират со фактот дека живеат во мртов град и со оглед на фактот дека прочистувањето е тежок процес, но не и невозможен, па макар и да се сруши и ископа се што е во радиус од 10 километри, сепак поисплатливо е рестартирање на топилницата бидејќи тоа е поисплатливо за економијата ?
Нема што да признаваат зелените или било кои други, аргументите, односно фактите, ги имаш во клиповите објавени во пост #9 од оваа тема на форумов, тоа не бара признавање, туку реакција, реакција од државата која 30 години свесно ги труела велешани и молчела, а ако копањето и рушењето во одреден радиус е решение за проблемот, тогаш така нека биде, државата им ја нанела таа штета на велешани и државата треба да ги обештети велешани.
Филтрите треба редовно да се заменуваат, а пракса е, не само во Македонија, туку и општо на Балканот, заменувањето на филтрите да не се врши редовно, туку еднаш на секои неколку години.
Законски мерки кои ќе го регулираат работењето на капацитетот ?
Па каде беа тие законски мерки цели 30 години, врз кој основ да и веруваат велешани на државата дека сега ќе почне да ги применува тие законски мерки, кога цели 30 години молчела и дозволувала биохемиски Холокауст во Велес ?
Еко-данок ?
Батка, еко-данокот е друго име за поткупување на државата, тоа ти се случува и на запад, во САД им е дозволено на фабриките да плаќаат еко-даноци во форма на казни поради загадувањата кои ги вршат, а во замена за тоа можат слободно да продолжат да си работат и да ја загадуваат околината без никакви пречки, поисплатливо им е да плаќаат казни отколку да си ги преместат фабриките на ненаселени места изолирани од цивилизацијата, а владата на САД ги троши тие пари од еко-даноците за секакви цели, само не за еколошки.
1.250 000 евра е за Метрутхем,иначе фирма со крајно сомнително потекло.. ја гледав КОД на Лупевска и во емисијата се искажаа многу сомневања околу таа фирма ..зашто идеш против цел Велес Лет , не си ми јасен
На овој сајт може да се најдат емисиите на КОД со Снежана Лупевска, вклучувајќи ја и емисијата посветена на велешани и велешката топилница:
http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120