Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Не се правдам. Јас не се срамам од тоа што го поддржувам.
Поздрав.

Мораш да бидеш капаче на крајот а? Не ми одговарај за ова на темава. Ако одговориш ќе барам бан. Си имам профил. А и за другите важи што терате офтопик.
 
Како не се викаше "Чичко Африм" па да видам дали тогаш ќе ја урнеа... А не вака, виде владата дека сме мекуши и сега прават што сакаат.
Го рушија и Чичко Африм кај кружниот тек во Ѓорче. И таму имаше скокање, ама им пројде.
 
Ама чичко Африм дебела пара им побара за обештетување и не се тргаше додека не му ги искешираа парите. Само тој остана додека не го исплатија :) Другите кутрите меѓу кои и еден мој комшија со книжара таму си зедоа милостина и се снаоѓаа, кој каде најде.
 
Упорноста се исплати, секогаш.:) Африм си имаше документи и не зеде баш огромна пара, ама зеде солидно. Му направија експропријација на земјиштето мислам дека зеде 15-тина илјади евра.
 
Па и други имаа документи па не зедоа толку, затоа цитирав, селективно се прават некои работи во државава и во право беше членот што пиша така :)
 
За ова мислам дека си во право. Многу ми смрди таа работа.
Него, знам и кај мене имаа едни сендвичара на ,приватно земјиште, кое после беше потребно на општината. Добри пари плати општината за тоа место. Ваљда станува збор за земјиштето, не за самиот објект изграден на него.
 
Јас сум скопјанец и таквото не ме боли ако го рушат стоилко.......грдо изгледа бе,на сред центар сендвичара во трафика :tapp: бар да беше вкусно или со нормални цени за тоа што го добиваш,не 6 компирчиња ладни и недопечен стек па ај да речеш стварно ќе изгуби градот.

Нормално про-комуњарски ориентираните форумџии почнаа и спиритуално да се поврзуваат наеднаш со стоилко и вработените таму,имал специјално значење за Скопје објектот и имал многу повеќе значение,да јас место во црква таму одам да се помолам и да запалам свеќа.........сендвичара е ебате,кажете си мораме да кењаме за се што гради/руши Груевски не вака патетично и безвезно да си ја браните бедната политика на некои што беа статик дастери и не мрдаа со прст да направат нешто дур беа 15 год на власт.
 
На форумов ако искритикуваш постапка или идеја на власта одма те ставаат од страната на Сранко :pos: Ви набил фрустрации човекот, се гледа од далеку, ништо друго.
 
Јас сум скопјанец и таквото не ме боли ако го рушат стоилко.......грдо изгледа бе,на сред центар сендвичара во трафика :tapp: бар да беше вкусно или со нормални цени за тоа што го добиваш,не 6 компирчиња ладни и недопечен стек па ај да речеш стварно ќе изгуби градот.

Нормално про-комуњарски ориентираните форумџии почнаа и спиритуално да се поврзуваат наеднаш со стоилко и вработените таму,имал специјално значење за Скопје објектот и имал многу повеќе значение,да јас место во црква таму одам да се помолам и да запалам свеќа.........сендвичара е ебате,кажете си мораме да кењаме за се што гради/руши Груевски не вака патетично и безвезно да си ја браните бедната политика на некои што беа статик дастери и не мрдаа со прст да направат нешто дур беа 15 год на власт.

Што толку би се потресувале Парижани за Мулен Руж, например, кафана е побогу! Човекот убаво ти кажува дека има одредена симболика местото, ама вас портокаловите изгледа духовноста ви завршува во црква.Кај и да е ке ви направат една на плоштад, да се молите, а и џамија најверојатно, доколку одлучите да смените клуб.
 
Па и други имаа документи па не зедоа толку, затоа цитирав, селективно се прават некои работи во државава и во право беше членот што пиша така :)
Тука си во право, требаше и на другите да им исплатат толку. Вака излегоа излажани дека ќе добијат работа во администрација.:)
 
Јас сум скопјанец и таквото не ме боли ако го рушат стоилко.......грдо изгледа бе,на сред центар сендвичара во трафика :tapp: бар да беше вкусно или со нормални цени за тоа што го добиваш,не 6 компирчиња ладни и недопечен стек па ај да речеш стварно ќе изгуби градот.

Нормално про-комуњарски ориентираните форумџии почнаа и спиритуално да се поврзуваат наеднаш со стоилко и вработените таму,имал специјално значење за Скопје објектот и имал многу повеќе значение,да јас место во црква таму одам да се помолам и да запалам свеќа.........сендвичара е ебате,кажете си мораме да кењаме за се што гради/руши Груевски не вака патетично и безвезно да си ја браните бедната политика на некои што беа статик дастери и не мрдаа со прст да направат нешто дур беа 15 год на власт.

Не си свесен колку си смешен. :icon_lol:
 
не мрдаа со прст да направат нешто дур беа 15 год на власт.
ако рушење трафика е правење...наместо да мрднат да видат што тоа направиле... дека од Кале до МТВ и надолу покрај Пивара и АСУЦ, кејот на Вардар наликува на летна мочвара со веома пријатен мирис и видик.
 
Седи бе па ти не се р`чкај, се е тоа убаво направено само ти не знаеш да цениш, оти си комуњар. ;)

Инаку вчера поминав од кај „Чичко Стоилко“ и компанија и уште си беа на место и уште имаше наплив на народ кој јаде таму. Кучики и мачики не видов, изгледа ладно им е. ;)
 
Не јадам од Чичко Стоилко и останатите сендвичари таму, искрено не ни планирам да јадам. Ми смета ѓубрето на измрсени хартии и недојадени сендвичи наоколу. Ми смета миризбата на мрснотија и собир на кучиња по остатоци на храна. Но СЕПАК, и покрај сето тоа, не сум да се тргнат тие трафичиња :) Некако ме потсеќаат на убав период од мојот живот, а знам дека и на многу други скопјани им буди тоа место такви чувства. Се она што потсеќаше на Скопје какво што беше порано полека се трга а на негово место се става нешто ново, нешто многу големо, нешто на кое не сме навикнати. Знам дека ако на тоа место видам некое мини паркче или било какво зеленило ќе се радувам, но знам дека и кога тогаш ќе ме фати носталгија за тоа местенце кое сведочи за многу друштвени собири на скопјани.
 
Седи бе па ти не се р`чкај, се е тоа убаво направено само ти не знаеш да цениш, оти си комуњар. ;)

Инаку вчера поминав од кај „Чичко Стоилко“ и компанија и уште си беа на место и уште имаше наплив на народ кој јаде таму. Кучики и мачики не видов, изгледа ладно им е. ;)
Убаво што спомна, утре ќе поминам да каснам за последен пат :) (не дека сум се утепувал од јадење, не сум по хамбургери)

Интересно е како сите одеднаш добија чувство за чистота, а да поминеш низ градов ѓубре колку сакаш... (да де, циганите го правеле ѓубрето сега ќе ми кажете, само суровата реалност е тоа што ние македонците сме поголеми цигани од циганите во одредени ситуации)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom