Дека имаа добар изглед и добри материјали на изработка - имаа, меѓутоа скоро на сите батериите им беа катастрофа, а и камерите не им беа нешто посебно. За договорот со Микрософт, според мене, пак одиграа погрешна карта и мислам дека нема ништи да им смени во однос на продажбата. Мислам дека попаметно ќе им беше да не се инаетат и да почнат да користат Андроид

.
Точно е дека Нокиа се едни од пионерите на мобилната технологија, исто така се и Ериксон, Алкател, Сагем, Сименс, и Моторола многу пред сите... За смартфони одсекогаш биле тапа, кога излезе Н95 на пазарот веќе имаше многу модели на HTC, HP, Qtek... коишто работеа на Windows платформа; доста Palm телефони со Palm OS, Blackberry, Sony Ericsson (P990i) и еден куп други коишто беа „компјутери“ спрема Нокиите

.
Според твоите коментари се гледа колку си имал прилика да се бавиш со мобилни оперативни системи

Најверојатно си менувал рингтонови само...