Трансфер на предметите од судовите кон нотарите и извршителите

Член од
30 ноември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
66
Сакам да слушнам ваши мислења околу горенаведенава тема и денска објавените мислења од некое здружение ЛЕНКА за тоа дека све што пред 2008 година не треба да се извршува. (се разбора во однос на неплатени сметки за комуналии и сл. )
Моето мислење е дека со денешнава изјава на некој ај да не речам таканаречен правник се создава заблуда кај граѓаните, бидејќи законот за извршување со своите измени е јасен. Рок на застарување за извршување е 10 години, со тоа што ако било која пресуда или платен налог била кај судски извршители и не е завршена, тој период од 10 години е запазаен.

Сепак сакам да слушнам мислења на најверојатно поискусни на форумов.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нека дојди да ми земи рекетарот од џебов, па ќе видиме.....

Рекет не плаќам па ако сака последна работа во животов да ми биде, тоа е мојот збор.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Значи, во законот за извршување нема никакви рокови за застареност, тоа си е уредено со закон за облигациони односи. Секое парично побарување застарува за 5, а апсолутна застареност настапува за 10 години. Тоа што го кажале (не сум чула, ама што разбирам од твојов пост) се однесува на побарувања за кои што НЕ постои извршна исправа, односно судска одлука. Значи било кој доверител го губи правото да те тужи, (доколку не те тужел претходно), ако побарувањето е по основ на комуналии и сл., зошто тие застаруваат за 2 или 3 години. Па логично е, ако имаш неплатена сметка од 2008, дека веќе не може да те тужи.
Е сега, предмети од судовите кои се пренесуваат на извршителите се само оние за кои е започнато судско извршување, а поради формирањето на вториве, судовите се растеретуваат од таа обврска. За разлика од тоа, нотарите пак сега добиваат НОВА надлежност, тие ќе ги одобруваат платните налози, кои што до сега беа одобрувани од судот, а се едноставни во поглед на тоа дека нема тука што да се докажува, извршната исправа - платен налог се носи врз основа на веродостојни исправи (тоа се фактури, неплатени сметки, неплатени кредити и сл.). Значи за нив нема потреба да има парница, на рочишта да се докажува нешто, кога е јасна работата. Што значи, и тоа е уште еден начин да се растерети судот од работи кои ја кочат неговата ефикасност. Ем платните налози побрзо ќе се издаваат, ем судовите нема да се замараат (ова несакајќи искочи римувано :) ).
Инаку, претпоследната реченица ти е точна, ама тоа се однесува на она погоре што го кажав, доколку за тој долг веќе постои правосилна и извршна одлука, која е дадена на извршување во суд, но доколку воопшто не те тужел, не важи одредбата за 10 години застареност на парично побарување, бидејќи тоа побарување мора да биде потврдено првенствено со извршна исправа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
ат за 2 или 3 години. Па логично е, ако имаш неплатена сметка од 2008, дека веќе не може да те тужи.
Е сега, предмети од судовите кои се пренесуваат на извршителите се само оние за кои е започнато судско извршување, а поради формирањето на вториве, судовите се растеретуваат од таа обврска. За разлика од тоа, нотарите пак сега добиваат НОВА надлежност, тие ќе ги одобруваат платните налози, кои што до сега беа одобрувани од судот, а се едноставни во поглед на тоа дека нема тука што да се докажува, извршната исправа - платен налог се носи врз основа на веродостојни исправи (тоа се фактури, неплатени сметки, неплатени кредити и сл.). Значи за нив нема потреба да има парница, на рочишта да се докажува нешто, кога е јасна работата..
Нотар пресудува извршител извршува, зошто ни се тогаш судиите само плата да земаат?

Него кога му соопштија на вампирот дека нема повеќе да биде министер истата ден ја направи оваа ненародна одлука, овај човек е непријател на македонскиот народ.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Нотар пресудува извршител извршува, зошто ни се тогаш судиите само плата да земаат?

Него кога му соопштија на вампирот дека нема повеќе да биде министер истата ден ја направи оваа ненародна одлука, овај човек е непријател на македонскиот народ.
Не, нотар не пресудува, еве во детали на пример како ќе оди тоа: имаш фирма, соработуваш со друга, испорачуваш роба, со тоа и фактура за робата, другава фирма не ти плаќа, и сега зошто да чекаш ти на суд со месеци или години за нешто што е јасно? Што ќе докажува другава фирма?! Си постои аналитичка картица, значи јасни се работите. Во таков случај, одиш кај нотар, му ги носиш доказите, тој ја повикува и другата страна и и‘ остава рок во кој треба да си ги измири обврските, во спротивно ти го одобрува платниот налог и после ти дали ќе дадеш на извршител или не, е твоја работа. (Секако дека постојат различни случаи, во некои ако има нешто спорно што треба да се докажува, тогаш нотарот го праќа предметот на суд, па таму докажувајте се, што значи во никој случај нотарот не пресудува).
Судиите инаку ќе се занимаваат со посложени предмети, каде се потребни и над 10 рочишта да се утврдат сите факти, (а тоа е минимум година дена во најдобар случај) значи случаи каде што не се јасни и едноставни работите.
А за вампиров, не сакам муабет да правам, ептен ќе се отворам во плуќањето :cenzura:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Нотар пресудува извршител извршува, зошто ни се тогаш судиите само плата да земаат?

Него кога му соопштија на вампирот дека нема повеќе да биде министер истата ден ја направи оваа ненародна одлука, овај човек е непријател на македонскиот народ.
Има уште многу постапки кои ги водат судии а не нотари извршители :).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Има уште многу постапки кои ги водат судии а не нотари извршители :).
Кои за криминал, ами само тие судии работат другите технолошки вишок.
--- надополнето: Jul 7, 2011 7:45 PM ---
Не, нотар не пресудува, еве во детали на пример како ќе оди тоа: имаш фирма, соработуваш со друга, испорачуваш роба, со тоа и фактура за робата, другава фирма не ти плаќа, и сега зошто да чекаш ти на суд со месеци или години за нешто што е јасно? Што ќе докажува другава фирма?! Си постои аналитичка картица, значи јасни се работите. Во таков случај, одиш кај нотар, му ги носиш доказите, тој ја повикува и другата страна и и‘ остава рок во кој треба да си ги измири обврските, во спротивно ти го одобрува платниот налог и после ти дали ќе дадеш на извршител или не, е твоја работа.
А тој фирмата ја пушта под стечај и исто како примерот со дечкото што не можеше да си ги наплати своите плати и придонеси, на истото место иста фабрика исти газда различна фирма.

Ова е постапка за Македонски Телеком или ЕВН странски корпорации на кои малку им се милионите во профит, кои ги изнесуваат од оваа земја па сега побаруваат долгови од пред десет години.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
што праиме со екс државни фирми каде државата ги спречи извршителите , н.пр. Охис , ја поништи продажбата на недвижен имот бидејќи државата била најголем доверител ??ако тоа застарува за 5 години многумина доверители ќе останат неисплатени... но што ако некој од странските доверители ја даде државата на мегународен суд ?
 
A

Advokatisce

Гостин
Добро објаснето. Инаку аналитичка картица не е доказ дека постои долг туку се работи за испратница и фактура. Поентата е доколку должникот не приговара на платниот налог тогаш истиот се дозволува исто како и во суд. Оваа одлука е добра бидејќи многу ја забрзува процедурата (се завршува за 1-2 месеци)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Кратко и јасно, се што е не спорно од суд се префрла кај нотар. Судот ќе се занимава само со спорните предмети и така. Многу добро решение е тоа, заради тоа што многу побрзо се за завршуваат работите, нема чекање и такви слични ствари.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
а што со оставинските предмети ?? Во странство бараат доказ од Матична служба , т.е. фамилијарна гранка... кај нас тоа е мислена именка, се утврдуваат наследници со сведоци или ако дојдат 2-ца тие ке кажат дека се единствени.. па имаше уште одамно случај едниот брат живеел во Албанија, кога дошол тука разбрал дека не го навеле во наследниците... има такви дубари многу.. Исто така, нотарите се над законот, за нив нема ни Стразбург, дури сега ќе може што сакаат да прават, едно време ги гонеше МВР , афера Бачило, ама за помали случаи мува не ги лазе.. А има случаеви во Хрватска, со фалсификати на имотни листови и идентитети.. А неодамна имаше за граѓанин кому 2-пати му е извршен долг за РТВ претплата на комшија од истата улица, со исто име и презиме, но друга куќа, друг ембг, но тој си фатил врски да се стават туѓи податоци... А неможе да ги тужи извршителите, само морал на свој трошок и малтретирање да бара поправка, што не ја направиле до крај, па повторно друг месец пак нему му извршиле туѓ долг !! СЕ додека нема Драконски казни, се повеќе ќе има овакво криминално поврзување.
Од друга страна има Нотари што работат коректно, еве за купување дворно место кај нас во зграда, нотарката што дојде бараше не само имотни листови туку и договори за стекнување на становите...значи врши и контрола на имотните листови, така треба да се работи !
 
Постапката за оставина е иста како што беше во судот, нема разлика. Значи истото можело да се случи во суд. Работата е што сега е побрзо.
Во врска со извршениот долг- неможе да му извршува ако нема уредна достава така да ако е така како што викаш тогаш човекот ке си казе и извршителот ќе си изврши проверки и ако е така нема да има проблем. И ако не ти е јасна постапката не давај примери кои си ги слушнал преку некој, постојат две страни
 
Kajgana Shop

На врв Bottom