Луѓето кои веруваат во Бог, не им треба доказ за неговото постоење, и тие сигурно не сакаат доказ за неговото непостоење. Така тие се среќни со нивното верување. Тогаш зошто толку често најчесто они го поставуваат прашањево ?
Секогаш велат дека за нив тоа е реално, судбина, верба. Јас пак си најстојувам со логичен одговор, чувствувајќи дека ако не сум искрен во ова тоа ќе биде безобразно.
""Не верувам во бог затоа што не постои никаков научен доказ за неговото постоње"", ова реченица претставува безобразно контрадикторно размислување. Заборавете ја!
Ароганцијата е друга обвинување. Што изгледа прилично не фер. Науката стои на страната на вистината. Таа не дискриминира. Кон подобро или полошо, таа разоткрива работи, докази. Науката е дефинирана. Знае што знае и знае што незнае. Ги базира своите заклучоци и верувањеа на цврсти докази, докази кои се постојано подновувани и зацврстувани. Науката не се навредува кога се појавуваат нови факти. Туку се радува и го величи знаењето. Таа не се основа на средновековни алтернативи затоа што претставувале само традиција. Ако се основаше на тоа, немаше денес да добивате пеницилин кога сте настинати, туку ќе клекневте пред икона и ќе се молевте да оздравите. Во "што" и да верувате нема да има ни блиску добар ефект како медицината. Ќе речете "но тоа делува на мене" јас велам дека Плацебо ефектот е докажана работа. Јас велам дека бог не постои, не велам дека не постои верба. Со верба се сретнувам секојдневно. Но вербата во нешто не го прави тоа вистинито. Надевајќи се дека нешто е вистинито и реално, не го прави вистинито и реално. Постоењето на бок не е субјективно. Тој или постои или непостои. Не се работи за мислење. Свои мислења можете да имате колку сакате. Но неможете да имате свои факти. Фактите се заеднички.
Зошто не верувам во бог?. Чекајте, ЗОШТО ВИЕ ВЕРУВАТЕ ВО БОГ ?
Размислувањето за вистината останува на оној кој верува и на оној кој не. Што ако ви пријдам и ви речам: Зошто не веруваш дека можам да летам ? Вие ќе речете: Зошто би верувал/а? Јас ќе ви вратам: "Затоа што се работи за верба", ајде докажи дека неможам да летам!
Ова е духовно прашање, проблем, дискусија, наречете го како сакате. Религијата е друго прашање. Како атеист, не гледам ништо лошо во верувањето во бог. Мислам дека не постои бог, но верувањето во неговото постоење не предизвикува штета. Ако ви помага тоа верување тогаш јас немам никаков проблем. ми одговара и мене. Но ме нервира кога почнува да го менува целосносто размислување за правата на луѓето. Нема да го негирам правото во верување во Бог, но доколку престанат луѓе да убиваат луѓе само заради тоа што веруваат во различни богови. Или да каменуваме некого до смрт затоа што тој имагинарен бог поставил некои унаказени закони во врска со сексот или нормалниот начин на живеење. Чекајте... мислите дека ова за вас е нормален начин на живеење? што да речат жените обвиени во 20 кг. платно на нив, "наредба на нивниот имагинарен бог". Чудно е што некој кој верува дека постои семоќен, си зема и за себе моќ да им суди на луѓето.
Кога ќе се соочам со некој кој очајно ќе ме конфронтира во моето мислење и поддршка на атеизмот, ќе му речам: Таков ме направил господ!
Во сите записи кои постојат во светов, почнувајќи од глинените плочи на Сумерите, досега избројани се 2,870 богови, семоќни, виши сили.
Што е ова? ИДОЛ ? Ајде ќе одбереме кој нуди најдобар избор, квалитет, живеење, среќа, судбина, и за него ќе гласаме.
Бог не ги поседува карактеристиќите кои ги имате а му ќи препишувате нему. Добри сте ? Добар сум и јас исто толку, од многу други и подобар! Простувате ? Простувам и јас. исто толку колку и вие. Но јас не верувам дека ќе бидам награден за ова во рајот. Туку во реалниот живот.
Кога религијата го изгуби својот пат? Кога стана стап за тепање луѓе " направи го ова и ќе гориш во пеколот"
- Нема да гориш во пеколот, Но сепак биди добар и фин.