S
Shellshock nam67
Гостин
По 300 евра за ДНК-анализа за родителство плаќаат сомничави сопружници, мајки што се породиле дома и со години не го пријавиле детето во матичната евиденција или нашинци што живеат во странство и сакаат да го земат детето со себе


Дали детето е нивно проверуваат сé повеќе родители. Во истражувачкиот центар за генетичко инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при Македонската академија на науките и уметностите расте бројот на барања за докажување родителство преку ДНК-анализа. Таму по 300 евра за оваа постапка плаќаат сомничави сопружници, мајки што се породиле дома и со години не го пријавиле детето во матичната евиденција или нашинци што живеат во странство и сакаат да го земат детето со себе. Случајот со замената на бебињата во Кочани не предизвика повеќе барања за проверки.
Д-р Емилија Шукарова, виш научен соработник во истражувачкиот центар, објаснува дека до пред неколку години имале по 10-20 барања за проверка на родителство, а лани нивниот број стигнал до 52. Оваа година до септември родителство се проверувало во 42 случаи, за три повеќе од истиот период минатата година. Во Институтот за судска медицина, каде што ДНК-анализа за родителство се прави за околу 500 евра, вакви испитувања барале до 15 граѓани од земјава.
- Расте бројот на приватни барања за утврдување фамилијарно сродство од прв степен како родителство, брат-сестра... Но најчесто се проверува татковство. Досега во најголем број од случаите била потврдена фамилијарната поврзаност - вели д-р Шукарова.
Проверка на родителство се прави преку анализа на крв, како и преку брис од уста. Научниците објаснуваат дека најдобро е кога биолошки материјал ќе се земе и од мајката, и од таткото, и од детето. Но анализата може да се направи и преку ваков материјал од татко и дете или на мајка и дете. Роднинство може да се испитува до второ колено, а за резултатите од испитувањето се чека 3-4 работни дена.
Вработените во МАНУ велат дека виделе секакви реакции од оние што бараат проверка на родителство - од солзи до олеснување. Имало и такви кај кои првичната реакција била шок.
Годинава во МАНУ биле правени три анализи за потврда на мајчинство. Овие анализи се прават за вонредно запишување на децата во матичната книга на родени, а кои се породени во домашни услови.
- Кога се води постапка за запишување на деца родени во домашни услови, потребни се соодветни докази: пријава за раѓање издадена од здравствен работник што присуствувал (ако имало таков), картон за вакцинација, потврда од гинеколог дека мајката е родилка, потврда од училиште дека детето посетувало настава (во случај ако се работи за дете на школска возраст) и други докази потребни за докажување на фактот на раѓање. Во случај кога родителите не поседуваат ниедна од овие потврди и немаат никаков доказ за раѓањето на детето, странките се упатуваат на ДНК-анализа, со цел докажување сродството на родителите со детето што треба да се запише во матичната книга на родените - објаснува Катерина Битровска, помлад соработник за односи со јавноста во Управата за водење на матичните книги.
Генетички анализи се правеле и кај разведени двојки, кога жената раѓа дете во вториот брак по девет месеци откако бил прекинат претходниот брак.
Автор: Наташа Бошковска-Златкова Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
kolku i da zvuci neverojatno sepak e realnost na eden moj drugar mu se sluci sok, znaete zosto

sto mislite kolku ova pojava e cesta ???