jas na lisica procitav pa vikam nekoja sveza informacija da ne ima
Утрово околу 1 часот и 15 минути на улицата „Петре Прличко", во Велес се случи тепачка во која едно лице е полесно повредено. Причина за тепачката во која учествувале четири лица е девојка. Дваесет и три годишниот Р.Д. од една страна и дваесет и едно годишниот А.Ј. , деветнаесет годишниот К. С. и дваесет и едно годишниот С.А. од друга страна, сите од Велес.
Р.Д лут оти го напуштила девојката и почнала да се забавува со С.А. го предизвикал инцидентот. Во физичката пресметка тој употебил нож, со кој наместо на новиот дечко на својата сакана, му нанел две повреди во раката и ногата на А.Ј.
Тепачката можела да биде фатална доколку во критичниот момент по улицата не поминало возилото на СВР Велес. Полицајците веднаш интервенирале. Ја прекинале тепачката, повредениот А.Ј бил пренесен во хируршкото одделение на велешката болница каде што по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување, а другите учесници ги привела во станицата.
Според портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска по обавениот разговор Р.Д. признал дека поради љубомора затоа што го напуштила девојката неколку дена по ред барал погоден момент да го нападне новото момче на неговата поранешна девојка. Откако дознал каде ќе одат, со нож во рацете, се задскрил во темниот дел на улицата и кога девојката со незините тројца пријатели се приближила, ги нападнал. Во тепачката Р.Д. сакал да го нападне С.А. меѓутоа, наместо него тој го повредил А.Ј. со два убода во пределот на левата рака и на десната нога.
По расветлување на оваа тепачка , СВР Велес против предизвикувачот на тепачката Р.Д. поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело загрозување на животот со опасно орудие при тепачка или напад.
Против сите четворица учесници во тепачката велешката полиција до Основниот суд им поднеси прекршочни пријави.