Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Одамна недела не ми е бил толку убав, исполнет, весел ден а богами и понеделник одамна не ми е бил толку тежок, мутен, мамурен...:sick:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

неколку души во темава ти пишаа како само лоши вести слушаат деновиве ... епа јас цел октомври лоши вести слушам, веќе неколку години по ред во октомври само лошо се случува! ГО МРАЗАМ ОКТОМВРИ!
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Биди нежна сестро Вселено!
Утре праам тес кај Мето!
Досеа имав другарка дома демек да ми објасни, сфатив нешто од нешто. Ама утре коа ќе ми го дае Медарот тестот пак ништо нема да знам ^^ Ама јас сум тврдојадрен мамојеб, ќе се напнам и се ќе му решам да знаеш!

И цигара ми треба а неможам да запалам пошо имам гости дома и може некој да ми влезе у соба.
Од саботата неам запалено -.-

И на ти песна♥
Не тебе, на друг му е посветена ^^

А ти.. мораш ли?
А ти... мораш ли
без мене да спиеш
на новите розе чаршафи?

Ова не е блуз, ова боли повеќе, боли посилно
Ова не е блуз, ова мава, удира, мира не дава.
Ова не е блуз..
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Биди нежна сестро Вселено!
Утре праам тес кај Мето!
Досеа имав другарка дома демек да ми објасни, сфатив нешто од нешто. Ама утре коа ќе ми го дае Медарот тестот пак ништо нема да знам ^^ Ама јас сум тврдојадрен мамојеб, ќе се напнам и се ќе му решам да знаеш!

И цигара ми треба а неможам да запалам пошо имам гости дома и може некој да ми влезе у соба.
Од саботата неам запалено -.-

И на ти песна♥
Не тебе, на друг му е посветена ^^

А ти.. мораш ли?
А ти... мораш ли
без мене да спиеш
на новите розе чаршафи?

Ова не е блуз, ова боли повеќе, боли посилно
Ова не е блуз, ова мава, удира, мира не дава.
Ова не е блуз..
Јас од Четвртокот :cool:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Направив нешто страшно, нешто најглупаво, нешто грозно, го изневерив каде ми беше ли паметот? Се би дала да ја вратам ноќта и да не го сонував тој глуп сон.:(
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич, сите ја поврзуваат со смртта.... Мене ме води низ автопатот на животот...

 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,
Знаеш дека сум баш hot вечерва? Ама она баш во буквална смисла жешка. Да драга жешка сум затоа што имам температура. Единствено добро во ова што сум болна гледам дека барем сега додека цел ден го поминувам во кревет,ќе можам да си ги средам мислите. Да и да си ги смирам страстите, за да опадне оваа тензија која покрај се изгледа дека сама си ја создавам. Знам дека овој пат ќе морам да замижам пред сите надежи и очекувања. Ќе мора да ги затворам очите како мало дете кое се преправа дека спие, и да го погледнам како другар. Беден е фактот дека ќе треба да го гледам само како другар после се. Не можам и не сакам ама ќе треба да се помирам со тој факт. Не не сум јас таа која лесно се откажува од работите. Но ете...Би сакала да сум барем малку похрабра, но секогаш кога станувало збор за него сум била слаба. Би сакала да можев да го гушнам сега. Би сакала да му кажам дека сеуште ми е гајле за него. Но не кажав ништо. Залудно е да го кажам сево ова било каде, на било кој, ако не допре до неговите уши.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга моја,

Има ли нешто поубаво од компот од јаболки со цимер? Ниту еден чај од Алкалоид или било која фирма не му е достоен. Плус природно е!
Си ја извадив виолината, сега пробувам да ја наштимам и се ќе биде како во старите времиња. Добро де! Скоро како во старите времиња.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
После толку тајни што ми ги доверија, сите глупости, евтини приказни и лоши изговори за секој нож што го набиле во туѓиот грб луѓето конечно престанаа да ме изненадуваат. Готово ова е крајот на приказната во која сум слушателот со мал милион прашалници, сега барем сме на чисто. Нема чест, нема што да се брани. Јас немам што да судам, зашто се изнаслушав сешто, ама ќе си останам со една голема дупка во дворот на се што ме научија во која ќе стои човекот.

И сега покрај се научено, ај кажи ми ти мене пријателе како е возможна безвременска и совршена комуникација со друго човечко суштество. Трагично навистина.

 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Си реков, ај да напишам нешто додека не почне It's always sunny in Philadelphia.

Некако многу убави работи ми се дешаваат овие денови, се ми оди како што треба.
А ако се ми оди како што треба тогаш треба да се запрашам каде грешам, зар не беше така?
Anywhore,
Не дојдов само да те поздравам, туку да ти кажам дека немам појма што се случува меѓу нас. Еднаш вака, еднаш онака. Ми дава надеж, после ме отфрла. Ја па не знам зошто толку се трудам.

I'm in love maybe?
maybe.?
yeah definetely...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom