Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.825
Поени од реакции
11.453
Премногу ја префрлата вината само на Еванс, заборавате дека Фердинанд имаше катастрофална утакмица, а Де Геа од цел натпревар имаше само една интервенција, плус прими 2 или 3 гола под нозе.
Второ, зошто, ЗОШТО Флечер ви игра прва постава? Јас тој не би го пратил ни на позајмица во Сандерленд.
Фердинанд другар е испукана пушка, а Еванс не знам кој го донесе во Јунајтед со намера да биде негов наследник...во секој случај епик феил е и не е достоен да игра за Јунајтед.
Само флечко не го чепкај, игра со душа и срце, иако пред 2-3 сезони конечно научи пасови и градење...ама тоа е, шо да праиш, игра чоекот, душа остава на терен. А дека е просечен, е.
 
П

Пепси_

Гостин
Tottenham Hotspurs 4-1 Manchester United 1995/96 (Man Utd won the league)
Southampton 6-3 Manchester United 1996/97 (Man Utd won the league)
Newcastle United 5-0 Manchester United 1996/97 (Man Utd won the league)
Chelsea 5-0 Manchester United 1999/00 (Man Utd won the league)
Manchester United 1-4 Liverpool 2008/09 (Man Utd won the league)
Manchester United 1-6 Manchester City 2011/12 (Believe 20)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Фердинанд другар е испукана пушка, а Еванс не знам кој го донесе во Јунајтед со намера да биде негов наследник...во секој случај епик феил е и не е достоен да игра за Јунајтед.
Само флечко не го чепкај, игра со душа и срце, иако пред 2-3 сезони конечно научи пасови и градење...ама тоа е, шо да праиш, игра чоекот, душа остава на терен. А дека е просечен, е.
Има стотици играчи кои со срце би играле за тим како Манчестер Јунајтед, но ако не те бива, не те бива.
Навивач на Арсенал сум, навикнат сум во тим да гледам под-просечни играчи кои имаат срце, а не мозок.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
Рио аут дефинитивно (по она вчера покажа дека е готов)...евра исто нека се припрема за монако,лион...суботиќ, модриќ, снајдер, хамшик ин...време е за револуција, а стариот сигурно сега си ги гризе јајцата за изјавите на почеток на сезона во стилот не бе топ сме, најаки сме со децава...се виде дека парите го вртат светот, а испаѓа дека Манчестер Јунајтед се врти без пари, што е малку чудно нели.. Која иронија човече.
Значи, ако сакаш да му парираш на најакиот...тогаш купувај како него. Тоа е иднината, натака оди фудбалот, за жал. Ама дека Фергусон мора да се поклони на фактот - купуваш ѕвезди - стануваш шампион, мора. Најпрво беше венгер, сега се плашам и ферги да не отиде во истиот ќош...водењето на таква политика ќе почне да исчезнува, зошто алтернативата е веќе на маса и се спроведува, видовме вчера. Ова е настрана од муабетот дека еванс посра се. Не е точно, фергусон посра со тоа што го стави тоа неписмено-под просечно говедо во игра и тоа е тоа, нека си го носи на душа поразот. А дека после ваков пораз ќе се вратиме појаки...ќе се вратиме, да...само не знам дали појаки или послаби.

GLORY!!!
доста пари и јунајтед потроши на де геа, џонс и јанг
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сеа и Флечер ви е на мета на хејт? Не заборавајте како играше пред да се разболи пролетта, му требаат партии да си ја врати формата. Ако игра константно ќе биде пак тој Флечер од 2009та.

П.С. Знам дека имаше кошарка кога игравме против Челзи, изгледајте ја утакмицата убаво и видете какви додавања имаше Флечер.
--- надополнето: Oct 24, 2011 2:27 PM ---
Манс, и ние трошиме, брат, зашто имаш такво мислење? Само имаме добар баланс дека не пуштаме играчи за без пари како што прави Реал. Летово ќе се заокружеа 100 милиони ако се донесеше и Снајдер, не го споредувај Фергусон со францускана стиснатија.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
не се вадете на слабата одбрана и средина, да бидеме реални примивме 3-4 гола ко проститука т.е. од еднаш!клучниот момент е еванс со црвениот,второ место флечер да го извади да го стави валенсија бек, смалинг со фердинанд,велбек за чичарито тогаш некако ке се снајдевме.во такви ситуации битно е искуството.Не плукајте по Фердинанд супер беше до 4 гол натаму притисок и плус ментално не изедоа.

И НЕ ПЛУКАЈТЕ КЛЕВЕРЛИ НИ ТРЕБА,САМО ОН ДА СЕ ВРАТИ!!Кога игравме со келверли точно му даваше простор и на руни да игра и даваше добри пасови, ама тогаш гледавме што повише да го надиграме противникот, а вчере игравме без идеа.И не го носи клеверли цел тим на негов грб.Место клеверли може парк да игра на пример.Имаме многу добар тим, само Фергусон мн се коцка.

Сакам да престанете да виката ееј второлигаш ке ги демолираме или некои слични предвидувања.И ако сте фанови на Јунајтед, и во порази и во победи ке ги бодриме!

PS: Кој го вреѓаше О'шеи , сега најмногу ни треба за десната страна :(
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Колку Еванс крив, толку е и Фердинад оти не ја расчисти убаво топката, во два наврати и потоа ни го опнаа. А и Евра бааги слабо.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Колку Еванс крив, толку е и Фердинад оти не ја расчисти убаво топката, во два наврати и потоа ни го опнаа. А и Евра бааги слабо.
Евра милион пати го остави Јанг да изиграва лев бек, константно е слаб подолго време, да се врати Рафаел, да му се даде шанса на Фабио на неговата природна позиција.

Е сега фали О`Шеј а? Лани ова време и тој беше мета на плукање, just to remind you.
 
A

apidrone

Гостин
Mark Halsey referee for Everton v United. He once harshly yellow carded a player, he's rubbish!!!!!!!!!!!!! We're gonna lose now!!!!!!!!!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.505
Реално ако гледаме, последен натпревар кој го изигравме без грешка беше тој против Болтон. Тогаш Клверли се повреди и од тогаш тргна надолу играта, посебно некреативноста во средниот ред. Следуваше победа над Челзи, ама иако беше победа од 3-1 не бев задоволен од играта на тимот. Потоа Стоук, маки извадивме со Норвич и на крај тоа од вчера. Високиот пораз од вчера не се должи од слабото издание туку тоа што црвениот картон на Еванс го промени целиот тек на мечот. Концептот на САФ беше да изедначи тимот по полувремето, но потоа беше принуден тоа да го направи со играч помалку што отвори поголем простор за нив и тоа резултира со крајниот резултат. Сепак, според мене жално е да ги гледам Чича и Берба на клупата во вакви мечеви, а Велбек да биде стартер пред нив. Дечкото има талент, но сепак треба да добие доволно искуство против послабите тимови а не во вакви дерби натпревари. Тоа е тоа, после ова или тимот психолошки ќе падне или пак Ферги ќе успеа да го прероди, а за то ќе покаже мечот со Евертон. Овај со Алдершот нема никаква улога во тоа имајќи во предвид дека во тој тим тешко да има некој играч кој настапи вчера.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Само флечко не го чепкај, игра со душа и срце, иако пред 2-3 сезони конечно научи пасови и градење...ама тоа е, шо да праиш, игра чоекот, душа остава на терен. А дека е просечен, е.
И не само тој.. види го составо и че видиш дека не само Флечер е просечен. Види го составо на Сити и би требало да ја сватите разликата. Можи да вашиве го остава срцето на терен, ама то не е доволно за да се справа со технички спремни ГОЛЕМИ играчи како овие во Сити. Па и плус се уиграја...

Едно треба да ви е јасно.. неможи со ваков тим да освојте премиер лига..

А сега можи да ме цитирате и да кажувате дека не сум во право и да карате ама знајте дека сум во право и не убедувајте се самите дека не го гледате и сами ова шо ви го кажав :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Евра милион пати го остави Јанг да изиграва лев бек, константно е слаб подолго време, да се врати Рафаел, да му се даде шанса на Фабио на неговата природна позиција.

Е сега фали О`Шеј а? Лани ова време и тој беше мета на плукање, just to remind you.
Можеше Ферги да направи и некога друга комбинација, ама ете бидна то шо бидна. А Евра не изигра толку лошо со Ливерпул па си реков ќе се подобри, ама тој уште толку се влоши.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И не само тој.. види го составо и че видиш дека не само Флечер е просечен. Види го составо на Сити и би требало да ја сватите разликата. Можи да вашиве го остава срцето на терен, ама то не е доволно за да се справа со технички спремни ГОЛЕМИ играчи како овие во Сити. Па и плус се уиграја...

Едно треба да ви е јасно.. неможи со ваков тим да освојте премиер лига..

А сега можи да ме цитирате и да кажувате дека не сум во право и да карате ама знајте дека сум во право и не убедувајте се самите дека не го гледате и сами ова шо ви го кажав :)
Бокица, лани памтам ти баш ова време коа рече Руни дека ќе си оди си кажа дека Манчестер не може да ја освои премиер лигата со вакви фудбалери. Ме мрзи сега да ти го барам постот ама ќе ме напнеш стварно и ќе го направам тоа. Што се случи мајот, памтиш?
Така да не дека да не те цитираме, ама не си релевантен да зборуваш дали ќе ја освоиме или нема да ја освоиме лигата.

А еве, и овој пост твој ќе оди во букмарк во случај во мај да освоиме.
--- надополнето: Oct 24, 2011 2:52 PM ---
Најсмешното е што додека не изгубивме вчера никој не рече дека нема да ја освоиме, напротив, уште по Арсенал бевме шампиони, сега изгубивме и одма сите со свои констатации се произнесоа :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom