@dimitarp - По симптомите би рекол дека најверојатно имаш "ладен лем" на графичкиот чип.
Првиот симптом што ме асоцира на ова се линиите што ти се појавуваат на екранот, вториот е неправилно учитување на драјверот за графичка кога ќе го упалиш - најверојатно после затварање и отварање го учитува стандардниот драјвер за графичка, третиот е црната слика дур не се подигне оперативниот систем )
За посигурно да утврдиш дали е тоа проблемот најдобро ти е да го однесеш компјутерот на сервис ( можда ќе ти се посреќи и ќе испадне дека е некое кабелче - good luck
).
Ако е тоа проблемот - има неколку процедури за поправка:
1. BGA reflow ( "пофушерска" и воедно и поевтина варијанта - би требало да најдеш сервис кој ја нуди ова услуга ).
2. BGA rework - reballing - ( подобра, поскапа варијанта - не знам дали и кои сервиси во Скопје ја нудат оваа услуга )
Ако те интересира повеќе за процедуриве, прогуглај, лесно ќе најдеш повеќе информации.
Ако е ова проблемот и се нафатиш да го однесеш во сервис би ти советувал да направиш backup на податоците затоа што не успева процедурата во 100% од случаите ( поготово BGA reflow !!! ).
Ако е многу скапо имаш и home made - варијанта на BGA reflow ( најверојатно ќе побараш сам на google, како и сите што прават, затоа ти пишувам ), мој совет ти е да не го правиш тоа сам ОСВЕН ако го правиш за забава/учење и ти е гајле за лаптопот.
*** Ова е претпоставка според лимитираните информации што ги пиша. ЗА ПОПРЕЦИЗНА дијагноза носи во сервис.