Моамер Гадафи убиен!

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Немаме ресурси( иако мислам дека не е така затоа што имаме еколошки чиста средина, вода, богата флора и фауна, со еден збор идеални услови за живот) ама имаме стратешка позиција која ако тие не ја контролираат, тогаш не им е по воља. Кореа има уште повеќе причини да биде нападната но сега да не бегаме од темата. Гледај ги линковите и ќе разбереш подобро какви луѓе го водат светот.
Војната се водеше за нафтата се работи за битен ресурс кој носи многу пари. Нема тука ништо идеолошко или лично против Гадафи. Додека Гадафи соработуваше со одредени луѓе се беше мирно. Кога им се спротистави тие се обидоа да го сменат тој несакаше мирно да замине сакаше и понатаму да владее и мораа да го тргнат на сила тоа и го направија. Можеше Гадафи и ден денес да владее и да ужива доколку беше поразбран и тактичен али големо его и ете ти резултат. За разлика од него нашиве во потполност соработуваат со американците. Македонија е под целосна контрола на американците. Нема зошто американците да напаѓаат своја држава! Тоа би било лудо и глупо тоа никој не го прави. Што се однесува до северна кореја пак ќе кажам нема пари у нејзе војната ќе кошта повеќе од она што ќе се добие. Што фајде имаат од северна кореја американците?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.211
Поени од реакции
30.403
Ами секое нас'снато куче ќе почне го го каса тој шо го ранел.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Конечно.
Светот ќе биде поубаво место без Гадафи.
И пред да ми се с'снат копиљаците кои дркаат на неговото дело, само да кажам дека Гадафи стои зад повеќето граѓански војни во Африка и позади финансирање приватни армии кои вршеа рекет врз африкански влади и правеа геноциди.
Гадафи контролираше 3/4 од целата нафта во Африка, финансираше терористички организации кои вршеа рекет за него.
Нека почиваат во мир сите кои беа убиени по негова наредба, а ги има стотици илјади, тој нека не почива во мир.
А зад што стои Америка?
Од кај ја купи перачката за мозок?
 
baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Место да си ги земеше милијардите и да си избега, тој остана да го убијат. Лудак......
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Војната се водеше за нафтата се работи за битен ресурс кој носи многу пари. Нема тука ништо идеолошко или лично против Гадафи. Додека Гадафи соработуваше со одредени луѓе се беше мирно. Кога им се спротистави тие се обидоа да го сменат тој несакаше мирно да замине сакаше и понатаму да владее и мораа да го тргнат на сила тоа и го направија. Можеше Гадафи и ден денес да владее и да ужива доколку беше поразбран и тактичен али големо его и ете ти резултат. За разлика од него нашиве во потполност соработуваат со американците. Македонија е под целосна контрола на американците. Нема зошто американците да напаѓаат своја држава! Тоа би било лудо и глупо тоа никој не го прави. Што се однесува до северна кореја пак ќе кажам нема пари у нејзе војната ќе кошта повеќе од она што ќе се добие. Што фајде имаат од северна кореја американците?
Како прво, неможе американците со векови да прават што сакаат. На секоја империја и доаѓа крајот, така ќе и дојде и на американската. Што се однесува до Гадафи и природните ресурси, зошто би прифатил некој лидер неговиот народ и фирми да работат а дел од профитот и добрата да му ги даваат на некој подарок? Природните ресурси ги има во секоја држава на планетата, некаде повеќе некаде помалку но главно ги има. Зошто побогу сите би им давале дел од тоа на американците за они да живеат мирно и спокојно а другите држави да се гушат од сиромаштија, невработеност итн?Никој не те обврзува тоа да го правиш, но се случува секојдневно насекаде низ светот бидејќи мали и немоќни земји неможат да му се спротивстават на "американскиот сон" и затоа им се случува тоа што и се случи на Либија, Ирак, Авганистан и многу други пред тоа. Зошто САД не им го прават тоа не Русија и Кина? Оти знаат дека ќе има биг бада бум...
 
Да секоја империја има крај али очигледно е дека сега не и е крајот на американската. Кој е резултатот на твоето размислување дека требаше да им се спротистави, епа еве де им се спротистави и сега? Секоја земја и секој човек треба да си ги знае своите можностите. Некој незнел што може а што неможе и сега е мртов! Неговиот народ работеше за него и за неговата фамилија и соработници поинаку речено за власта. Што се смени сега, само власта, тие луѓе ќе продолжат да слугуваат и понатаму, само на друга власт, нив ништо не им се менува. Непостои битна разлика меѓу Америка и Гадафи.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
826
Можеа да го заробат и осудат доживотно ако сакаа да направат да страда, вака само му ги олеснаа маките и го испратија на другиот свет.
Бегај бе тоа дива лига се арапите и муслиманите таму, говеда необразовани. :) А најпичкарски во сево ова е што НАТО им даде оружје ги наоружа и ги испрограмира да го убијат. Како може така цел народ да те заведат не ми е јасно, кај што има сила нема правда. Све можеше поцивилизирано да се реши, нека пушат .!. НАТО и САД и европскиве велесили со нивните подли методи. Ѓубриња подмукли! :)
Ако нешто највише ме иритира е тоа некој да остане со чисти раце, а да ангажира друг да ги испрла рацете за него. Па нека објавеа војна отворено и ќе беше “поинтересно“ хаха.
Види,Нато што им даде оружје им даде,ама најбитно е што им даваше и сателитска логистичка подршка,потоа платеници-командоси кои работат за нафтените компании,(да,овие имаат веќе и свои мини приватни армии,што малце и почнува да загрижува) и на крај целата операција е водена од страна на амерички генерали(исто како во видео игра). И најбитно е што,најпрво на целиот конвој од 15-тина џипа во кој бил Гадафи е стрелано со ракети воздух-земја од американски воен хеликоптер.После очигледниот масакр долу(изрешетани и запалени војници),овие "бунтовнициве" го наоѓаат веќе докрајчениот Гадафи (заедно со самоубиените телохранители) ,го вадат од одводот и тоа е засега најточната верзија,впрочем еве ви и линк .Прочитај погоре(плаво-подцртано) и после размисли кој всушност го ликвидира полковникот,поздрав :sneaky:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Можеше да оди во Венецуела кај Чавез тој дури му направи покана, на Куба, Северна Кореа, Нигер и т.н...
Toј беше изгорен за Македонија, секогаш велеше “Ко ќе се пензионирам, ќе си земам куќа во Мариово, а за на зима едно мало станче во Охрид и така ќе си живеам“
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Конечно.
Светот ќе биде поубаво место без Гадафи.
И пред да ми се с'снат копиљаците кои дркаат на неговото дело, само да кажам дека Гадафи стои зад повеќето граѓански војни во Африка и позади финансирање приватни армии кои вршеа рекет врз африкански влади и правеа геноциди.
Гадафи контролираше 3/4 од целата нафта во Африка, финансираше терористички организации кои вршеа рекет за него.
Нека почиваат во мир сите кои беа убиени по негова наредба, а ги има стотици илјади, тој нека не почива во мир.
Тие што денес носат "демократија" низ цел свет,Американците,имаат позади себе жртви кои се бројат во десетици милиони ,од Кореја во 50-те па се до оваа последнава војна во Либија.Се лошо што сторил Гадафи,Америте го имаат направено х1000.
Затоа пак ќе речам.Се надевам еден ден ваква "демократија" некој ќе носи и во Америка.
Over and out.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.514
оти мислите дека американците стојат за либија.
дај малце вести пратете.
на кој им дадоја екслузивно право за користење на изворите за нафта.
им се жалеа франузите , италијаните и англичаните на сад. абе ај вие се зедовте, дајте и за нас нешто. е ај добро евевија либија поделетеси ги. русите нешто мрчеа и кинезите ама изгледа се имаат спогодено и само онака немо посматраја од страна.
а дека нафтата беше во игра а не демократијата, замислете само колку земји има далеку од демократски. ај ке речиме само емиратите онака. каде им е нив демократијата. да не има избори случајно, парламент нешто. и каде е она правило на немешање во внатрешните работи на некоја држава. па шпанија беше диктатура се до смртта на генерал франко во 1980. и тоа фашистичка диктатура башка во европа и никому ништо.
кога сме кај иран , ако има иран случајно некое бомбиче на атоми ке биди весело. со братска кореа едното се, можи му поклонија некоја. не за џабе запнаја овие за нуклераната програма на иран. му фуфка. атомско оружје не се создава за да го употребиш , туку да ги спречиш другите да го употребат врз тебе. толку е просто. ако иран има такво нешто можи да диши слободно барем од надворешна агресија. за од внатре друга работа е.
--- надополнето: Oct 20, 2011 10:06 PM ---
Можеше да оди во Венецуела кај Чавез тој дури му направи покана, на Куба, Северна Кореа, Нигер и т.н...
можеби си ја сакаше татковината, иако нас ни беше претставен како најголемо зло, мислам дека поголемиот дел на либијците не го гледаа баш така а и немаа зошто.
можеби човекот си беше едноставно патриот, и си рече веќе ако ме отепаат барем моите нека ме отепаат отколку да ми суди некој суд таму некаде.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Конечно Либија ќе може да живее во демократија толеранција и слобода, да изгради едно граѓанско општество во кое ќе има соживот и меѓусебно разбирање, како би ја обезбедиле иднината на нивните деца и нафтата за нашите компании...

Расмусен бара бунтовниците да бидат воздржани кон приврзаниците на Гадафи

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го повика Преодниот национален совет во Либија да го спречи натамошното несогласување меѓу цивилното население, како и да покаже воздржаност кон борците на поранешниот режим.
Ова е првата официјална реакција на денешните случувања од страна на Алијансата, речиси шест часа по првите информации за убиството на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во близина на Сирт.
- Управувањето на полковникот Гадафи, кое траеше 42 години и сееше страв, најпосле заврши. Либија веќе може да го затвори овој мрачен период од својата историја и да отвори нова страница - истакна Расмусен.
Според него, Либијците сега навистина можат да донесат решение за сопствената иднина, повикувајќи ги да ги надминат несогласувањата и да работат заедно.
- НАТО и нашите партнери успешно го извршија историскиот мандат даден од ОН за заштита на либискиот народ - се наведува во изјавата на генералниот секретар на Алијансата.

Обама: Заврши долгиот и болен период за либискиот народ
(за американскиот допрва ке почне)

Со смртта на Моамер Гадафи завршува долгиот и болен период за народот на Либија, изјави американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа.

Тој ги повика новите либиски власти да изградат демократска и толерантна држава.

- Мисијата на НАТО во Либија наскоро ќе заврши. Неизбежно доаѓа крајот на управувањето со железна тупаница. Либија се ослободи од темната сенка на тиранијата. Денеска можеме да кажеме дека дојде крајот на режимот на Гадафи. САД очекуваат во Либија набрзо да биде формирана нова влада и да се одржат фер и слободни избори - истакна претседателот на САД.

Обама ги повика новите лидери на Либија да соработуваат со меѓународната заедница за да бидат заштитени правата на сите Либијци.

- Вие ја извојувавте победата во вашата револуција и сега ние ќе бидеме ваш партнер - нагласи американскиот претседател.

Информациите за смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи означуваат крај на ерата на деспотизам и тиранија од кои Либијците страдаа долго време, се наведува во заедничката писмена изјава на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Барозо.

- Либија денес отвори нова страница во својата историја и тргна кон својата демократска иднина, се наведува во соопштението.
Ромпуј и Барозо во изјавата го повикуваат либискиот Преоден национален совет да продолжи по патот на помирување, процес со кој ќе бидат опфатени сите Либијци и кој ќе доведе до демократска, мирна и транспарентна транзиција на земјата.

Познато ви е болдираното од некаде?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom