Како ќе изгледаат четирисеткатниците во Аеродром?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е направена зградата како светските облакодери нема да има проблеми од земјотреси инаку ми се допаѓа идејата, редно е и во Македонија да се направи такво нешто :)
 
Оф-топик: Кое трусно подрачје? Еден земјотрес од 3,5 степени во два месеци во просек?

Скопје, Дебар, Валандово и Охрид се наоѓаат на најлабилните сеизмички подрачја во регионот. Нема просеци и чести ситни потреси, ама ако има - има.
Шеестрета не е далеку бе...
 
Прво тоа место ќе биде истражено дали е добро за изградба на толкави кули, па да се направи избор на квалитетни материјали со кој тоа ќе биде градено, стручни работници и архитекти. И да знаете дека порано се правени истражувања за тоа кое место е најдобро за градба во Скопје а меѓу нив е Аеродром и долж реката Вардар во правец кон Петровец , ќе пробам да најдам податоци за тоа. :)
 
Ситница..према она што спрема Бојо откако ќе го сруши европскиот универзитет и зградите околу.....300 и кусур метра...без кулата на бојовизија на врвот..... ;)

А што планира Бојо да руши ?

Поранешното седиште на неговиот Европски Универзитет на влезот во Ченто, каде што сега се наоѓа неговата телевизија АБ Канал, првото седиште на ММ Колеџ во Аеродром, или сегашното седиште на Европскиот Универзитет кај Нова Македонија во Центар ?

Слушам најразни приказни во последно време дека планирал да го затвора Европскиот Универзитет поради слаб интерес за студирање на истиот, што ми е доста чудно, никогаш не пропушташе можност да се испофали, да не речам да се испува, дека неговиот универзитет успешно се шири во Британија и Италија, но како негов поранешен студент од лично искуство знам дека неговиот Европски Универзитет е една дебела лага и превара.

А што планира да гради таму каде што ќе руши ?
 
Скопје, Дебар, Валандово и Охрид се наоѓаат на најлабилните сеизмички подрачја во регионот. Нема просеци и чести ситни потреси, ама ако има - има.
Шеестрета не е далеку бе...
Има - има. Има сеизмологија, кај нас институтот оформен е после тој големиот земјотрес во 63-та, кој бил некаде по проценки со јачина од 9 по Рихтер.
 
^ 9 значи Скопска Црна Гора да се подели на две. Така да не е 9.
Официјално е ~6-7, според тогашните власти. Реално неповеќе од 5.9.
Притоа 80% од објектите паднале. Само поради неквалитетната градба, штедење на материјал и слично.

Има уште малце неискористен простор во Скопје, па бутаат таму.
Кога тогаш мора градот да се шири нандвор.
Куливе се ок.
 
Море стокатници, да ги збере сите у 2-3 населби...ко јапанци
Прво тоа место ќе биде истражено дали е добро за изградба на толкави кули, па да се направи избор на квалитетни материјали со кој тоа ќе биде градено, стручни работници и архитекти. И да знаете дека порано се правени истражувања за тоа кое место е најдобро за градба во Скопје а меѓу нив е Аеродром и долж реката Вардар во правец кон Петровец , ќе пробам да најдам податоци за тоа. :)
Напротив, Аеродром беше едно време оценет како непогодно место за градба на згради заради ниските подземни води. Башка многу земаа од земјоделското земјиште, а наспроти тоа има многу места во Скопје каде има простор и услови, а не се гради. Ако веќе мора згради поред обала, потегот од факултетите до пивара (па и други места од тој дел) душа дале за градби...ама им ги рушат.
 
Не е фората дали е трусно или не, туку каква е почвата, дали таа почва е доволно цврста за да ја издржи тежината. А како што знам, таа е, на цврст темел 40 спрата и малку мозок, нема да биде воопште проблем градењето на облакодерите, всушност без проблем и поголеми можат да се градат.
 
Море стокатници, да ги збере сите у 2-3 населби...ко јапанци
Напротив, Аеродром беше едно време оценет како непогодно место за градба на згради заради ниските подземни води. Башка многу земаа од земјоделското земјиште, а наспроти тоа има многу места во Скопје каде има простор и услови, а не се гради. Ако веќе мора згради поред обала, потегот од факултетите до пивара (па и други места од тој дел) душа дале за градби...ама им ги рушат.

Ниско оценето за изградба на згради а сепак има згради бизнис или нешто друго а?
 
А што планира Бојо да руши ?

Поранешното седиште на неговиот Европски Универзитет на влезот во Ченто, каде што сега се наоѓа неговата телевизија АБ Канал, првото седиште на ММ Колеџ во Аеродром, или сегашното седиште на Европскиот Универзитет кај Нова Македонија во Центар ?

Слушам најразни приказни во последно време дека планирал да го затвора Европскиот Универзитет поради слаб интерес за студирање на истиот, што ми е доста чудно, никогаш не пропушташе можност да се испофали, да не речам да се испува, дека неговиот универзитет успешно се шири во Британија и Италија, но како негов поранешен студент од лично искуство знам дека неговиот Европски Универзитет е една дебела лага и превара.

А што планира да гради таму каде што ќе руши ?
Која бе Британија , која Италија??? зарем веруваш уште во дедо мраз???.....инаку наводно руши се од старата зграда на печатница Нова Македонија, па до семафорите на Лола Рибар и на запад до клуб на пратеници....;) добро де , сеа за сеа само обработува некои далекуисточни жртви..., но не се знае со Бојо....до сеа толку многу инсан жедни преку вода пренел ...,што му нема рамен у Скопје...
 
Сепак мислам дека темава за во Архитектура е.

Инаку на муабетот за земјотресите, во Скопје на околу 500 години ако не грешам се случува катастрофален земјотрес, така да ќе стојат освен ако не направат некоја градежна грешка
 
Ниско оценето за изградба на згради а сепак има згради бизнис или нешто друго а?
има, мора кога сите бегаат и се концентрираат во тие неколку населби...мора да ги збере. Како тргнало ќе треба да градат стокатници.
Бтв, честито првата џамија и турска бања во Аеродром
Според информации од официјалната страница на холдингот, на површина од 35.000 квадратни метри, освен висококатниците кои ќе бидат највисоки згради во регионов, проектот предвидува изгрaдба на внатрешни и надворешни базени, здравствен центар, турска бања, па дури и црква и џамија.
Гледајќи го распоредот на инвестирањето во Скопје по реони, сакал нејќел ќе ги поддржам луѓето што бараат рамковен буџет.
 
нека направат подземен град, ќе стрчат многу
шега настрана.......земјотреси ова она...нека не се зафркаваат

Јапанциве луди ли се..или што ?:eek:

Нема врска тоа,ако се гради според стандарди,и во случај на јак земјотрес , овие би биле најбезбедните згради.. мене повеќе ме плашат оние печурки на мафијата кои никнуваат
 
И официјално решија цела Македонија во Скопје да ја населат добро е конечно признаа веќе.
Ептен се сложувам со тебе...Само у Скопје нешто се гради, ај не можат цела Македонија да ја натрупаат у еден град и да се погушиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom