S
Shellshock nam67
Гостин
Соборениот либиски претседател Моамер Гадафи е мртов, јави телевизијата „Ал Џезеира“, која пренесе изјава на висок претставник на преодната Влада на Либија. Неофицијално Гадафи им подлегнал на повредите здобиени при апсењето во неговиот роден град Сирт, кој од денеска е под контрола на бунтовничките сили.
CNN повикувајќи се исто така на извори од теренот јави дека Гадафи е убиен или можеби заробен, но засега нема потврда за судбината на соборениот претседател.
Франс прес денеска објави фотографија направена со мобилен телефон на која наводно е заробениот Гадафи облеан во крв.
Засега нема официјална информација од НАТО што точно се случило со соборениот либиски претседател
Првичната информација -13.50
Иако сеуште нема службена потврда, „CNN“ ја пренесе информацијата на Либиската национална телевизија, дека е уапсен соборениот претседател Моамер Гадафи. Притоа „CNN“ се огради од веродостојноста на информацијата, бидејќи телевизијата не можела да добие потврда на веста.
Повикувајќи се на изјава на висок претставник на прeодната влада на Либија, „Ројтерс“ објави дека дека Гадафи е уапсен и ранет во двете нозе.
„Ал Џезеира“, пак, објави дека е уапсен висок поранешен функционер, без да го наведе неговото име.
*(следуваат повеќе информации)

OhridNews