4. Недискриминација и
правична застапеност
4.1. Целосно ќе се почитува принципот на недискриминација и
рамноправен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на
вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија, како и кај пристапот до јавното финансирање за равојот на деловните активности.
4.2. Во законите со кои се регулираат вработувањата во јавната администрација, ќе бидат содржани мерки со кои ќе се обезбеди правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јавни тела и на сите нивоа на вработување во тие тела, истовремено почитувајќи ги правилата за компетентност и интегритет според кој се
раководи јавната администрација. Властите ќе преземат активности за да ја корегираат постоечката неврамнотеженост во составот на јавната администрација, особено преку вработување припадници на заедниците со недоволна застапеност. Особено внимание ќе се посвети на тоа да се обезбеди, колку е можно побрзо, полициските служби генерално да го одразат составот и распределбата на населението во Македонија, како што е специфицирано во Анекс Ц.
6.6. Во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот. Во однос на јазиците на кои зборуваат помалку од 20% од населението во општината, локалните власти демократски
ќе одлучат за нивна употреба во јавните тела
.
.
.
До раководството на ЈСП
Според нашите сознанија , вашето претпријатие не се придржува на Охридскиот рамковен договор - Уставот, според кој , треба да се гарантира правична застапеност на сите етнички заедници и почитување на јазиците на националностите.
Оваа година се одбележија 10 години од Охридскиот договор , но и после 10 години вашето претпријатие продолжува со игнорантскиот однос према втората најголема етничка заедница во Македонија , конкретно во Град Скопје.
Затоа бараме детален јавен одговор од вас , со колку проценти се застапени албанците и другите заедници , и дали го почитувате албанскиот јазик како официален јазик во Град Скопје.
Згрозени сме од бројките што ги изнесе една политичка партија според кои , албанците во ЈСП се застапени со само 4%.
Претпоставуваме дека вашиот однос према албанците е и причината зошто еден мал дел албанци не го почитува редот во јавните автобуси.
Не ми се верува дека во 2011-та година , јас како корисник на автобусите на едно јавно претпријатие морам да ви поставувам барања слични на оние од 1955-та на Мартин Лутер Кинг , во кое се бараше во автобусите каде се возат претежно црнци , да се вработат шофери од нивната заедница.
Се надевам дека што поскоро ќе ја решите оваа проблематика , а со тоа ќе се врати довербата кај патниците не-македонци, со што и тој мал дел што се бунтува против ЈСП , ќе станат лојални корисници на вашите и наши автобуси кои се купени со парите на сите граѓани.
Од корисник на услугите на ЈСП