Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Поховани тиквички, брокули, карфиол, црни домати се супер, плус ако има зденки и кашкавалче поховано тука уф уф. Денеска јас сам си готвев поховани пирошки со шунка и кашкавал, и испаднаа супер, само една ми се растури малку од четирите пирошки.
 
Чоколадна торта

Потребно:​
3 филџани брашно​
1 ф. шеќер​
1 ф. шеќер во прав​
1 ф. млеко​
1,5 ф. какао ( преферирам Nesquik од Nestle )​
125 г. растопен путер​
1 пециво​
1 ванила​
опционално: 0.5 ф. инстант кафе ( преферирам Nescafe )​

* за глазура:​
50 г. путер​
1 кухинско чоколадо​

Подготовка:​
Брашното, шеќерот, шеќерот во прав, какаото, ванилата, пецивото и кафето ставете ги во средно длабок сад, и промешајте ..Додадете го млекото, и растопениот путер, и мешајте се додека смесата не се соедини, т.е да стане хомогена :) * не преферирам со миксер, туку земете бркалка, & you're good to go! (y)

Откако ќе измешате се, ставете малце зејтин во плехчето, и размачкајте го ( да е суво, да не има премногу зејтин ) и посолете со брашно по дното, и страните ( за да не ви се залепи тортата :P )​
Истурете ја смесата, и печете на предходно загреана рерна ( 180* ) околу 20-30 мин. доколку не сте сигурни дали е готова тортата, земете чепкалка за заби, и боцнете ја тортата, ако се залепи тесто по чепкалката, не е готова, ако не се залепи готова е, изгасете го шпоретот но оставете ја тортата во него ..​

За глазура:​
Во тенџере, ставете вода ..Околу 3-4 прсти отпразно, и ставете метална ( чингова ) чинија врз тенџерето ( да му дојде како капак ) ..во чинијата ставете 50г. путер, и кухинското чоколадо ( чоколадото искршете го на коцки, за полесно и побрзо да се растопи ) при крајот, додадете 1л. вода, и прелијте ја тортата со глазурата :)

сварете си кафе, и уживајте :)
пс: ако има нешто нејасно, прашајте :P
ппс: кој е заинтересиран да правиме јадења за на Јутјуб? :D just kidding :P
 
Џабе кажуваш кога ќе ја направиш викни на едно парче не биди циција:)
 
кухинско
кухинско
кухинско
кухинско
srsly? :pos::ROFLMAO:

тоа ти е на Јакимовски дијалект, а и така е познато по источна Македонија :P

Џабе кажуваш кога ќе ја направиш викни на едно парче не биди циција:)

баш сеа ја правев, па ми текна и да ја напишам! :)
ако ве води пат кон Виница, слободно кршнете на по 1-2 парчиња :P
ако не, праќам по карго :pos:
 
Стапчиња од кашкавал
Потребни состојки:
  • 100 г брашно
  • 100 г путер
  • 100 г пармезан (или друг тврд кашкавал)
  • 1 ½ црвен пипер
  • 1 жолчка
  • сол и бибер
  • Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 200 Целзиусови степени. Брашното ставете го во длабок сад. Во него, ставете го путерот исечен на мали коцки и со раце мешајте сè додека не се направат трошки од смесата. Потоа, додадете ги ренданиот кашкавал, црвениот пипер, солта и биберот, по вкус. Измешајте. На крај, додадете ја жолчката и лесно мешајте ја смесата со врв од остар нож. Потоа, тестото ставете го на набрашнета површина и сукајте го се додека не добие дебелина од 5 мм. Со нож, сечете стапчиња и редете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете 6-7 минути, зависно од јачината на вашата рерна, додека не добијат златна боја.
  • 1-Stapchinja-od-kashkaval.jpg
 
Поховани зденки

Потребно е : зденки (по желба колку сакате), брашно,јајце/а,и презла.

Начин на подготовка:
Се става брашно во сад,во друг сад јајцето,и во трет сад презлата.Потоа се земаат цели зденки се потопуваат во садот со јајце,потоа во садот со брашно,на крај во садот со презла и се ставаат да се пржат на јак оган.

п.с. добри се за мезе со ракија :D
 
дајте бе за палачинки рецепт ( не за питулици )
имам тостер за палачинки така ми седи :)
 
Овие се прекрасни со моцарела

http://www.foodnetwork.com/recipes/giada-de-laurentiis/mozzarella-sticks-recipe/index.html
--- надополнето: Oct 18, 2011 9:31 PM ---
Рецепт кој најдобро го приготвувам

-250 гр. мелено месо
-паковање шпагети
-пакетче сос за шпагети болоњезе или миланезе

Се пржи месото на загреано масло се додека не се зарумени, се тура 300 мл вода (или колку што е наведено во упатството за употреба) во садот каде се пржи месото и се чека водата да за загрее.
Се тура сосот во загреаната вода и месото и се меша додека не згусне. Со така приготвениот сос се преливаат сварените шпагети.
 
дајте бе за палачинки рецепт ( не за питулици )
имам тостер за палачинки така ми седи :)

250 мл. млеко/вода
2 јајца
брашно ( колку прима, колку да се згусти смесата )
мути со миксер, и толку ..
 
Поховани зденки

Потребно е : зденки (по желба колку сакате), брашно,јајце/а,и презла.

Начин на подготовка:
Се става брашно во сад,во друг сад јајцето,и во трет сад презлата.Потоа се земаат цели зденки се потопуваат во садот со јајце,потоа во садот со брашно,на крај во садот со презла и се ставаат да се пржат на јак оган.

п.с. добри се за мезе со ракија :D

Ако не се погодат ти ќе го јадеш ќотекот :icon_lol:
Колку време им треба во врел зејтин?
 
Пробај прво по еднаш, потоа по два пати. Ако не испаднат и двата начина ќе те фрлат од тераса :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom