Чоколадна торта
Потребно:
3 филџани брашно
1 ф. шеќер
1 ф. шеќер во прав
1 ф. млеко
1,5 ф. какао ( преферирам Nesquik од Nestle )
125 г. растопен путер
1 пециво
1 ванила
опционално: 0.5 ф. инстант кафе ( преферирам Nescafe )
* за глазура:
50 г. путер
1 кухинско чоколадо
Подготовка:
Брашното, шеќерот, шеќерот во прав, какаото, ванилата, пецивото и кафето ставете ги во средно длабок сад, и промешајте ..Додадете го млекото, и растопениот путер, и мешајте се додека смесата не се соедини, т.е да стане хомогена
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
* не преферирам со миксер, туку земете бркалка, & you're good to go!
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
Откако ќе измешате се, ставете малце зејтин во плехчето, и размачкајте го ( да е суво, да не има премногу зејтин ) и посолете со брашно по дното, и страните ( за да не ви се залепи тортата
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
)
Истурете ја смесата, и печете на предходно загреана рерна ( 180* ) околу 20-30 мин. доколку не сте сигурни дали е готова тортата, земете чепкалка за заби, и боцнете ја тортата, ако се залепи тесто по чепкалката, не е готова, ако не се залепи готова е, изгасете го шпоретот но оставете ја тортата во него ..
За глазура:
Во тенџере, ставете вода ..Околу 3-4 прсти отпразно, и ставете метална ( чингова ) чинија врз тенџерето ( да му дојде како капак ) ..во чинијата ставете 50г. путер, и кухинското чоколадо ( чоколадото искршете го на коцки, за полесно и побрзо да се растопи ) при крајот, додадете 1л. вода, и прелијте ја тортата со глазурата
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
сварете си кафе, и уживајте
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
пс: ако има нешто нејасно, прашајте
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
ппс: кој е заинтересиран да правиме јадења за на Јутјуб?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
just kidding
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)