zdravo sakam da prasam dali vo slucaj da treba da prezapisam predmet ke treba da se prefrlam vo privatna kvota?
Не, и пишувај на Кирилица.
Губење на статусот студент во државна квота
Студент запишан во државна квота преминува во статусот студент со кофинансирање (приватна квота), ако е задоволен еден од следниве услови:
- до почетокот на петтиот семестар не ги положил запишаните предмети од првата студиска година,
- до почетокот на седмиот семестар не ги положил запишаните предмети од втората студиска година,
- до почетокот на деветтиот семестар не ги положил запишаните предмети третата студиска година,
- до почетокот на единаесеттиот семестар не ги положил запишаните предмети од четвртата студиска година.
Доколку студентот извршил замена на неположен изборен предмет со друг изборен предмет, тогаш тој предмет влегува во наведените услови.