L
Lu
Гостин
И јас истото го реков, добро е да има некои измени.Lu проблемот како да се реши, ако сопствениците изоставуваат основно правило на носење маска и ланец.
Ете има закон ама не се почитува.
Бидејќи законот не е почитуван од луѓето што чуваат кучиња, оние кои не чуваат или не се љубители на кучиња имаат право да реагираат.
Да бидеме реални, во Македонија се форсираат и одгледуваат питови ради борби, а на ниеден сопственик на чело не му пишува зошто го чува кучето.
Истите кучиња кои се тренирани за борби, меѓу луѓето шетаат без маска и ланец.
Што значи моментално единствен излез е зауздување на таа раса, зашто неконтролирано ги парат. Скоро секој втор оглас е за продавање на пит бул.
Тој што е љубител на ваквата раса, не верувам дека ќе му пречат одредени измени во законот. Баш напротив. Би требало да му биде мило, затоа што нема да може секој да чува пит бул и истиот да го малтретира ради пари.
Нека ни направат специјални големи оградени паркови само за кучињата ( како што има во странство ) за да можеме на раат да си ги пуштиме кучињата, бидејќи реално гледано секое куче има потреба да се истрча и да си ја потроши енергијата.
Со парковите за кучиња ќе се решат многу проблеми, ем сопствениците ќе можат слободно да си ги пуштат кучињата да им се истрчаат без да слушаат навредливи коментари и мрчење од страна на кучемрзците, ем кучемрзците ќе можат на раат да си се шетаат без да им трчаат кучиња во нивна близина.
А вон парковите за кучиња, за СИТЕ кучиња (од најмало до најголемо) нека биде задолжително да се носи заштитна корпа (маска) и да бидат врзани на поводник - во спротивно за прекршителите нека следуваат високи и строги казни.
Прочитај ја темава и ќе видиш дека и ние сопствениците на кучиња се слагаме да има казни за тие што не го почитуваат законот и што ги шетаат кучињата без заштитна маска и поводник, но условот е да ни се направат посебни паркови за кучиња како што е во странство и сите ќе си бидеме среќни и задоволни.
Ем нашите кучиња ќе си бидат истрчани, ем оние кои што се плашат или мразат кучиња нема да бидат во контак со кучињата.
А за да се направи парк за кучиња не треба голема инвестиција, доволно е една ограда обична мрежеста и да се загради добро одреден простор.
Кога можат да ставаат споменици на плоштад од милионски суми, тогаш не верувам дека ќе претставува некаква тешкотија или трошок да се постави една обична мрежа.