Новиот Chevrolet Camaro отсега и во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
L

Lu

Гостин
chevrolet-camaro-1.jpg


Мускулестиот автомобил Chevrolet Camaro, кој досега се нудеше само на пазарот во Северна Америка, ќе биде лансиран и во Европа.
Моделот кој сигурно ќе предизвикува многу погледи на улиците, ќе се нуди со 6,2 литарски V8 мотор со 432 КС (405 КС со автоматскиот менувач), доволни за спринт до стотка од 5,2 секунди, а замислете, ќе има цена од само 38.900 евра, односно 43.900 евра за кабриолетот (може да варира зависно од даноците во земјата).

Chevrolet, сакајќи да ги задоволи купувачите на европскиот пазар, дури и работеше на тјунирање на подвозјето на аптеката во Нирбургринг, како истото би овозможило динамично возење и во свиоците (Амерканците повеќе сакаат палење гуми на правец).

Секако, потрошувачката нема да биде ниска (14,1 литар во просек за мануелниот, 13,1 за автоматскиот менувач), но тоа е и логично – американските мускули отсекогаш барале многу протеини.

Всушност, и покрај тоа што носи многу од културата на Америка, Camaro може сериозно да се наметне на пазарот и чисто кај вљубениците во спортските автомобили, особено што е супер евтин и достапен. Ако размислиме, Camaro V8 е само 10 илјади евра поскап од добро опремен компактен спортист, односно ниту денар поскап од Ford Focus RS на пример!

Превземено од КОЛИ
 
Малку е бе 39.000 евра,ама за таква кола би дал и дупло,ама немам пусото.
Што да кажам,стварно јака кола,ама па кој амерички мускул не е јак?
Ај,белким некој ден ќе си го купам.
 
Малку е бе 39.000 евра,ама за таква кола би дал и дупло,ама немам пусото.
Што да кажам,стварно јака кола,ама па кој амерички мускул не е јак?
Ај,белким некој ден ќе си го купам.

Да бе стварно, и јас кога прочитав дека ќе се продава по цена од 39.000 се зачудив, стварно тоа се малку пари за нова кола со 432 КС , јас очекував да кошта најмалце 50.000

Одлично е што ќе почне наскоро да се продава и во Европа, досега се продаваше само во САД и одлично е тоа што има ниска цена.
Добро сега 39.000 евра и не е некоја мала сума, али за Камарово е ТОП цена.
 
тебе никола,те чекаме прв со фотки и видео кога ќе дојде кај нас :)
21212.jpg
се надевам ќе ги има во поголем број :) , се разбира ќе им известување во темата Супер коли во Македонија :)
Јас би рекла дека е ниска, не сум сретнала досега кола со 432 КС да кошта 39.000

Ford Mustang 5.0 - 415 КС за слична цена ( малку поевтино ).
Како и да е земи во обзир дека има 6.2 литрен мотор и длабоки цилиндри :).Сепак за таква кола не е скапо.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Ех, ко воли нек` изволи. За тие пари радије би, да кажеме, БМВ 135и купе (ако зборуваме за кола со слични перформанси).
 
American Muscle...може, може....Поштуем!

Да се надеваме дека ќе има солидни 500-600 примероци во државава, да има децата шо да ни реставрираат по 30 години :), не ко сеа, Амер неможиме да најдиме за лек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom