дечиња од Голо Брдо - БЕСЦЕНЕТО!

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635

Отворен преминот Џепиште - Требиште

Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа. - Во пописот во 2011 се надеваме дека ќе има графа за Македонците, изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко

Шеесет години беа потребни за преминот Џепиште - Требиште повторно да ги поврзе Македонците во Албанија со татковината. Првата државна делегација викендов го означи почетокот на новата врска. Старо-новиот премин повторно ја врати надежта кај Македонците од другата страна на границата. Новата можност побргу да стасаат до Македонија им ја враќа можноста за зајакнување на своите врски и зачување на корените.
- Да, токму тоа е она што ни е потребно за да се шири македонската кулутура, традицијата и нашата историја, вели Едмонд Темелко, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.
Најголема е радоста за најстарите. По долги години повторно ќе имаат можност да го минуваат патот по кој ги правеле првите чекори сеќавајќи се на времето кога само половина час им требало за да ги посетат роднините и да се напијат чај во селската меана. Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа.
Токму сега се надеваме дека во пописот во 2011 г. ќе покажеме дека Македонци освен во Мала Преспа има и во Голо Брдо и во Гора, додава Темелко.

Присуството на државната делегација им ја врати вербата на Македонците во Албанија. Заменик-министерот за надворешни работи и неговиот колега од Министерството за локална самоуправа ги бодрат дека државата стои зад нивните напори. Преминот Џепиште - Требиште, петтиот премин на овој дел од границата, наскоро ќе започне да функционира. На почетокот Македонците ќе можат само пеш да ја поминат границата, а во иднина тоа ќе можат да го прват и со возила. Но, не само границата со Албанија, вакви премини се во подготовка и на останатите државни гранични линии. Да им се олесни животот на локалните жители и да се подобрат врските со татковината и семејствата.
 
M

Mussolini

Гостин
малку ми се зборовите со ги имам у речникот да опишам задоволството... едноставно, немам зборови... Едно големо БРАВО за сите тие деца...:cuc:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Како што прочитав во Албанија има околу 150.000 Македонци....само ете немаат право да се изјаснат.

А дечињата се најголеми патриоти....поготово во Пустец е најразгорена македонштината....како се оди накај Скопје така спласнува...а во Скопје веќе го снемува.:)

Треба за овие луѓе навистина да се избориме....бидејќи тие не се виновни што живееле во тој крај...кој некој си го присвоил,им ги пресекол контактите со светот.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
leeeeeeeele :cuc:za ogromna pofalba se dechinjava
braaaavo
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Како што прочитав во Албанија има околу 150.000 Македонци....само ете немаат право да се изјаснат.

А дечињата се најголеми патриоти....поготово во Пустец е најразгорена македонштината....како се оди накај Скопје така спласнува...а во Скопје веќе го снемува.:)

Треба за овие луѓе навистина да се избориме....бидејќи тие не се виновни што живееле во тој крај...кој некој си го присвоил,им ги пресекол контактите со светот.
http://forum.kajgana.com/threads/Бугарија-се-рашири-до-Голо-Брдо.27544/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom