Плаќање за онлајн весници, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Chris
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
По стапките на Руперт Мурдок од Њус Лимитед, некои Македонски весници ќе почнат да наплаќаат за да се читаат онлајн. Дали би платиле за тоа? Дали тие повеќе ќе изгубат него што добијат? Квалитетно новинарство? Би посетувале други сајтови за да се информирате (кајгана :love::), идивиди, сител, кирилица, алфа, телма, таратур, итн) кои се бесплатни, наместо да се претплаќате и да ви земаат проценти и такси од кредитна картичка? Дали е ова лошо за македонскиот медиумски простор? Дали некој би плаќал?

Имено, во Вест, Утрински и Дневник, во еден дел од нивните вебсајтови, може да се прочита: ''искористете го бесплатниот пробен период за листање на весници и уживајте''

Го сакам вашето мислење :) Дали е добра или лоша идеја?
 
Дали би посетувале други сајтови за да се информираме?

Јас лично, Утрински никогаш у живот не сум читал, а Вест не е тип на весник кој ми одговара на потребите. Како жолта штампа е.

Дневник беше ОК пред да се преориентира газдата, па сега то ти е исто како да си пуштил Шител.

Објективно информирање може да се постигне со добивање информации за ист настан од повеќе извори, а тоа е можно со кластер анализа, како што работат time.mk. Народот тоа го знае и не за џабе овој сајт е број 1 во државата.

Да одговрам: не би платил дополнително за да читам поедини информации од сајтовите на овие весници и не верувам дека некој би.
 
Па во право си, кајгана, кирилица и таратур, лесно го победуваат Вест. Зарем нема на друг начин медиумите да добиваат пари на пример со рекламирање? На овој начин, ако воведат плаќање за печатените изданија, ќе изгубат многу. Никој нема интерес да плаќа, ќе се развие онлајн блогерството, а популарноста на фејсбук и твитер уште повеќе ќе се зголеми.:)
 
да плаќам весници онлајн...никогаш....не ме интересира политика featuring препукување & 'фаци' жолта штампа....
весниците (било онлајн или не) се како радиоактивен отпад, ги трујат луѓето
 
Плаќање онлајн весници!? WTF:eek:
На time.mk имам се на едно место шти ми треба. Какви весници какви бакрачи. Едејава ке им пропаден во најкус можен период. Многу е дегенска за да успее кај нас, има преголема конкуренција на веб сајтови кои нудат бесплатно вести. А за плаќање WTF
 
Ретко земам весници,а камоли да читам онлајн.И да наплаќаат и да не наплаќаат сеедно ми е кога не им обрнувам внимание.
 
И за онлајн весници пари да даваме?Ај да видиме кој ќе им се претплати...
 
Лоша одлука, башка што немаме таков менталитет. :)
Ако толку ме интересира подобро ќе си го купам реално, да ми шушка хартија, отколку да плаќам за ѕверење во монитор.
 
Мене ми се чини дека весниците ќе се обидат да станат таблоиди за публиката да плаќа за теми кој со кого се смувал, и ''екслузивни'' слики од турбофолк пејачки итн. Во Велика Британија таблоидите кои се од Њус Лимитед, од Руперт Мурдок се плаќаат, еден до неодамна Њус оф д ворлд, кој пред неколку месеци поради скандал се затвори. Овие таблоиди обично пишуваат за фудбалерите од Манчестер Јунајтед, дали пиеле, со кого завршиле в кревет, како и за принцот Хари итн... Ние не можеме да се споредуваме со Велика Британија, сепак за онлајн плаќањето никој не сака да плаќа за таблоиди, вклучувајќи ги и нив.
 
Откако Дневник спадна на невидено одвратно ниво, освен ако не ми се најде нешто при рака, не читам наши весници. Златен time.mk, какво плаќање за online читање.
 
Неспоредливи ми се нашиве весници (партиски) со весниците и магазините на Мурдок не би ги плаќал никогаш затоа што кога името ќе им се спомне се знае кој весник која партија ја подржува исто е и со некој интернет портали.
 
Па во право си, кајгана, кирилица и таратур, лесно го победуваат Вест. Зарем нема на друг начин медиумите да добиваат пари на пример со рекламирање? На овој начин, ако воведат плаќање за печатените изданија, ќе изгубат многу. Никој нема интерес да плаќа, ќе се развие онлајн блогерството, а популарноста на фејсбук и твитер уште повеќе ќе се зголеми.:)

Како можеш да споредуваш Кајгана со Вест жити се? Кајгана е магазин, Вест е весник, има многу голема разлика. На кајгана ќе прочиташ како да ослабеш побрзо, а таму што се случува денеска или вчера - во државава... Не зезај.
 
Како можеш да споредуваш Кајгана со Вест жити се? Кајгана е магазин, Вест е весник, има многу голема разлика. На кајгана ќе прочиташ како да ослабеш побрзо, а таму што се случува денеска или вчера - во државава... Не зезај.
kajgana.com >Вести>Македонија-Регион-Свет-Бизнис-Хроника-Култура :)
 
Ама ако се плаќаат содржините и на тиме.мк нема да може да ги најдете.

Јас би платил пристап ако е некоја симболична сума.

На пример 20 денари за една недела и да се плаќа лесно и брзо и едноставно преку смс.

А уште подобро, би платил на тиме.мк некоја исто така ниска сума, да ги влече вестите и од платените медиуми.

Никогаш порталите како кајгана и остали нема да го достигнат истражувачкото новинарство на весниците, со што, со два три "новинари" ?
 
Ама ако се плаќаат содржините и на тиме.мк нема да може да ги најдете.
Сега само Вест најавува дека ќе ги наплаќа онлајн верзиите на печатеното издание. Тоа значи, све што можеш да видиш на печатен весник, ќе го имаш на нет.

Сеедно, едни Вест, Дневник и евентуално Утрински, нема да сменат ништо во начинот на кој се информира поголем дел од јавноста.
Плус, со ваквите постапки, овие весници ќе им дадат огромна медиумска предност на пропагандните машинерии (кои најверојатно во нет верзиите нема да викаат “да ја прочитате целата ексклузивна вест, купете го утрешното издание“). Тоа е пропаганда, креирање на јавното мнение, тие не живеат од прометот собран од продадените весници, туку од влијанието кое ќе го извршат врз целната група. Кеширањето се врши на друг начин :)

Edit: Погледнете моментално на time.mk. Колку од вестите кластирани таму, се од Вест? Ја не гледам ни една единствена. Дали тоа програмата така избрала, случајно?

Ако отидете на страната на Вест, ќе видите и зошто е така. На тајм.мк линкуваа статии за атентатот на Глигоров, Вест направиле “ексклузивно“ интервју со Угриновски, каде он вели дека ќе го закопале заедно со Глигоров ако му умрел на операција. Или на насловната, ударна вест им е “Грција ни го признава јазикот - Македонски на солунскиот аеродром“. Колку треба да е несериозен еден новинар, да напише ваков невистинит наслов? На кого да платам да ги читам, на овие?

Ха!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom