1.
"Во почетокот на август 1941 година во како на полномоштници на ЦК на JКП пристигнуваат во Скопје, Драган Павловиќ и повторно Л. Колишевски."
Извор: "Историјски архив КПЈ. Т. 7, с. 42"
"Во првата половина на септември [за 1941 година станува збор] Павловиќ формира нов окружен комитет, во чиј состав вклучува Л. Колишевски, Б. Андреев, Б. Талевски, М. Нацева и БЛ. Jнков. Обласниот комитет испраќа директива писмо до локалните комитети, со што ги поттикна да започнат вооружена борба "против окупаторот"."
Извор: "Историјски архив КПЈ. Т. 7, с. 54", Извори за ослободителната војна. . . Т. 1; кн. 1, с. 42.
"Во октомври 1941 година ЦК на JКП соопштува на новиот окружен комитет дека една од најважните задачи е создавање на партизански одреди, по можност составени од Срби и Македонци. Освен тоа, да се организира главен штаб на народноосвободителните герилски единици во Македонија, кој да ја води сите акции. Во исто време ЦК испраќа Јордан Николов-Орце за кооптиране во Обласниот комитет"
Извор: "Историјски архив КПЈ. Т. 7, с. 55"
„На
7/8 април 1941 година, Месниот комитет (МК) на Прилеп одржал состанок на кој била утврдена определбата за вооружена борба против окупаторот.
Во текот на април 1941 година подготвителни состаноци одржале повеќе МК во Македонија.“
„А веќе во
првата половина на 1943 западните региони на Македонија, Кичево, Дебар итн. биле ослободени.“
Ивановски В. Априлските состаноци и советувања на Месните комитети на КПЈ во Вардарска Македонија, 1941 г. // Гласник на ИНИ, ХIХ/3, Скопје, 1975.С. 33-47.
Македонското партизантско движење беше самостојно цели 2 години од 41-43 кога беа вклучени (повикани) да земат учество во општата Југословенска народна борба.
Дури тогаш во март
1943 година е формирана Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на чело со Централен комитет (ЦК).
Доколку си се дрзнал да дискутираш за македонската историја во Втора С.В. не би требало да ги пласираш овие ноторни лаги, кога совршено е познато кога и кој ги формирал одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“.
За Ранковиќ
01 октомври 1944
[Крајова]
Со Бугарија прашањето ќе го уредиме кога ќе дојде кај мене делегацијата.
На МАКЕДОНЦИТЕ ЈАВИ ИМ ДА НЕ ДОАЃААТ ВО СУДИР СО БУГАРИТЕ, зашто сите тие прашања во најскоро време ќе бидат решени*
Од Италија префрлете во земјата се што таму не е неопходно...( з.н - следуваат инструкции за другите региони на екс-Југославија – Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора како и за ранетите и туберкулозните од истите)
(Извори: А-ВИИ, к.26, рег.бр.12-1 и 12-2/13)
Оваа инструкција,
Тито ја дава по депешата од Врховниот штаб (ВШ) од 30 септември 1944 год. со која е известен дека единиците на Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп затоа што овие не сакале да се борат против своите довчерашни сојузници – Германците.
[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]
20 ноември 1944 година
[Белград]
Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.
Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.
Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.
(Извори Архив Војно-историског института [A-ВИИ], к.26, рег бр. 9-4/12)
На Бугарите им беше забрането да учествуваат во завршното ослободување на Скопје поради противењето на Македонците (ген. Апостолски)
2.Штом на друго место е коментирано, таму ќе продолжиме.
Па што тука спамираш?
Бугарите влегуваат во анти-фашистичката борба дури во ДЕКЕМВРИ 1944 година!
И тоа како резултат на договорите за рехабилитација:
“Иако немаше оперативни причини за учество на бугарската отечественофронтовска армија во операциите на југословенска територија,
во разговорите од 05 октомври 1944 год. во Крајова, и
излеговме во пресрет на молбата од бугарската влада да и се даде можност за рехабилитација на Бугарија со учествување на нејзините единици во борбата против Германците“.
(весник “Борба“, 22 декември 1976 год.)
Веќе те исполирав на истава тема, но дека проба да изнудиш некоја предност пред да избегаш, нема да ти помине без дополнителен третман, бидејќи добро си ги знаеш лагите.
Под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка кои одбиваат да се борат против Германците, се разоружани од македонските сили. Заради напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите и низ другите региони на Македонија, ВШ
“бара став спрема Бугарите” зашто и нему како ВШ“ не му е јасно дали бугарските единици добиле задача да содејствуваат со Црвената армија” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).
Но и речиси месец по ова судирот меѓу Македонците и Бугарите не стивнува а добива и нови пожестоки димензии. Македонците гневни од однесувањето на Бугарите кои се само терет на народот а нема никаква корист од нив, им издаваат наредби со кои целосно ги ограничуваат нивните активности и движења а им бараат и предавање на злосторници и слични барања. Бугарите за ова “плачат” во Москва та дури и Тито е жестоко критикуван од Русите. По тоа Тито праќа една драматична депеша кон Македонците:
[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]
20 ноември 1944 година
[Белград]
Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш *. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.
Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери **. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.
Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.
(Извори Архив Војно-историског института [A-ВИИ], к.26, рег бр. 9-4/12)
Појаснувања:
* Се мисли на наредбата од ГШ на НОВ и ПОМ од 13 ноември 1944 год. со која се забранува влегување на отечествените бугарски единици во Скопје, без одобрување на ГШ на Македонија, како и Наредбата за ограничено движење на припадниците од 1- ва бугарска армија од 18 ноември 1944 год., но и други предупредувања за Бугарите.
** Се мисли на членовите на Советската воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ. Судирите со Бугарите покрај другото, доаѓаа и заради некоректниот однос на бугарските штабови, грабежите на народните добра, разузданиот однос на бугарските војници и слични појави заради кои ГШ на НОВ и ПОМ беше принуден да преземе ригорозни мерки кон Бугарите.
http://forum.kajgana.com/threads/Борбите-на-Македонците-против-Бугарија.17811/page-20#post-2280373
--- надополнето: Nov 2, 2011 3:21 PM ---
Мојата реплика беше за затнување на бугарцката погана муцка, сите останати продолжуваме по тема.
Сите постови кои нема да се однесуваат на започнатата дискусија, ќе бидат избришани.