Готово, сега те пишав дека си марсовец, плаши се
И гледај реновирај уште некоја куќа во Битола за чисти 10 000 евра месечно, можи и да ти се најдат за на Марс.
--- надополнето: Oct 14, 2011 4:48 PM ---
Е добро де, ќе извади друг лист (од средина), ќе напиши дека е македонец и решен проблем. Штом можело така да се смени националноста со пишење на лист...
Да, лесно е, во земји како Македонија, но не во земји кои не те признаваат. Што не извади егеецот во Грција лист дека е Македонец?
Овој што потпишал дека е бугарин, за да отпопише, ќе треба се да изгуби. Денес му е лесно, добил парички. Утре назад, нема да има.
Не можеме име да зачуваме Уставно, зошто некој мислеше дека е најпаметно да се викаме ФИРОМ.
Не добивме Егејска назад, додека имавме можности, ради тогашната дневна политика.
Малце размисли долгорочно.
Сепак живееш во Македонија, нас ни се познати овие работи, на наш грб.
Секогаш имало луѓе кои го бирале ,,полесниот,, пат.
Во 95 беше полесно да бидеме ФИРОМ.
Затоа наредниве 16 години, и кој знае уште колку, нема да ги добиеме ЕУ и НАТО.
А смешно и идиотско е да му кажуваш некому како да се вика.
Ама нашите соседи не мислат така.
Јас само мислам дека не треба да им помагаме во угнетувањето и уништивањето на нашата земја.
--- надополнето: Oct 14, 2011 4:53 PM ---
А има и друга варијанта. Тие 100 000 - 140 000 Македонци со Бугарски пасоши да направат политичка партија во Бугарија и да си ги бараат прават како Бугари со Македонска етничка припадност. Потполно е исто...
Возможно е, кога би имале таква цел.
Тоа е сосема друга приказна,
ама ај кажи ми, дали еден од нив, во предходниве страници, изјави такво нешто?
Или зборуваа за коли, пари, работи, куќи, згради..... се освен македонска кауза.
И да не заборавам, речиси никој од нив не живее во Бугарија, живеат во Македонија (оние кола фраерите) или во другите Европски земји.
Тие што се низ Европа, некако ми е тешко да им речам дека погрешиле, зошто не се тука да прават идни ујдурми. Ама тие автомобилистиве.... што се тие бре? Што? Малце е зборот предавници....