Мистерија од ГТЦ

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Мене највеча мистерија ми се оние пакмани шо се низ центарот испишани по ѕидои.
 
Браво демнач, ми го напрај денот :pos:

Кај мене в маало на еден ѕид има еден графит на него со црвени букви пишува ФАКИНА. Цел живот од ко знам за себе е овој графит тука и баш пред една година почнавме да се распрашуваме за неговото потекло и испадна многу интересна приказна.
Кажи сеа за Факина може има поврзаност со нашава тема на некој начин,којзнае:)))))
 
Мене највеча мистерија ми се оние пакмани шо се низ центарот испишани по ѕидои.

Какви пакмани бе брат. Јас не сум ги приметил. Само знам дека најраспространет таг у Скопјево е тагот на Хипхоплетика. Буквално секаде го има.
 
315973_2284708691125_1651132939_2274197_1656081715_n.jpg

Според мене најдобра конверзација со графити - EVER!
 
ХАХАХАХА да да. Каде е иначе сликано ова. Го имам видено и во живо ама не ми текнува.

Еден знам дека има на улицата помеѓу Владата и Соборниот храм.Не знам дали овој на сликата е тој.
 
Прегледај го приврзокот 34967
Колку пати сум шетал низ ГТЦ и никогаш не можев да се изначудам на оваа порака напишана по стубовите:pos:
Дали е некаква кодирана порака што крие некаква тајна или нешто слично?
Пророштво?
Ајде да ја разоткриеме тајната што е тоа ако умре и кој кого ќе подржи:vozbud:
Кај го запримети ова?
Јас никогаш не сум го заприметила.
 
ХАХАХАХА да да. Каде е иначе сликано ова. Го имам видено и во живо ама не ми текнува.

Во Дебар Маало, кај она улицата калдрмата што е од кафаните накај Парк.
 
Кажи сеа за Факина може има поврзаност со нашава тема на некој начин,којзнае:)))))
Чисто се сомневам. :)

Факина е натпис на еден ѕид на почетокот од мојата улица. Ѕидот е уствари на еден објект кој е самопослуга и магацин. Е сега, на ѕидот од десната страна кој гледа внатре во улицата (другата страна е наспрема друга улица) е испишано со црвени букви Ф а к и н а, скроз несинхронизирано, значи буквите не се во еден ред ама има малку простор и се без врска напишани. Кога ќе се вратам Охрид ќе го сликам :icon_lol:.

Пред една година кога одевме накај чаршија еден од другариве (сите живееме во таа улица) од заебанција праша "шо кур е графитов цел живот го гледам а не знам шо значит".
И стварно е така. Од кога знам за себе графитот е тука, ни подотеран, ни поблед, туку таков каков што си е.
Се заинаетивме сите да дознаеме за графитот и почнавме да се распрашуваме наоколу. Прво го прашав брачед ми, кој е од "постарата" генерација во мојата улица, и тој ми рече дека не знае и дека графитот исто така стоел уште кога тој бил дете (разлика сме негде 7-8 години) и ми рече да прашаме луѓе од генерацијата пред него, а во нашата улица беа само тројца неиселени засега: Драган, Тони Бумбарот и Џенгис.

Драган е човек од 35-6 години, вработен во фабрика, неженат и малку "бавен" од раѓање. Интелигентен е се, нормален е... скоро, ама има една мана, кога ќе почне реченица не знае да ја дозаврши... се блокира, и поради тоа на многу деца им е смешен а пак други го сожалуваат. Ама таков бил отсекогаш, тоа е тоа. Куќата на Драган е најблизу до графитот, уствари е наспроти графитот па го прашавме него. Тој прво не сакаше да зборува, се правеше важен, го чекавме скоро саат време да се потсети, почна реченица со - Ова беше од.... , и не ја доврши туку изваде ливче од кладилница и ни покажа колку фикса пишал. Ние му рековме " а у добро ливчево да дајт Господ да го фатиш" и после го прашавме пак за графитот и рече дека не се сеќава.

После отидовме кај Тони Бумбарот. Тони е бумбар во вистинска смисла на зборот, отсекогаш бил таков, сега е фамилијарен човек од 40тина години (можеби) има жена и едно дете од 4-5 години кое гледајќи го со какви играчки си игра низ малава сигурно ќе прерасне во педер.
Тони кажа дека тоа го напишал некој од нашава улица кога биле средна школа, се помисли малку и после рече дека тоа мора да биде Џенгис затоа што на друг неможел да се сети во моментот. Тоа беше доволно за да одиме кај Џенгис.

Џенгис е комшија на Тони Бумбарот, живее 2 куќи подолу од него, а околу 4-5 куќи подалеку од графитот. Неодамна се ожени со една учителка, има негде според моја претпоставка, никогаш не сум го прашал, околу 36-7 години. Живее со цела фамилија - братот, семејството од братот, мајка му и уште 10тина роднини...
Ние ни срам ни перде отидовме да го прашаме за графитот и се позезавме дека ќе правиме документарна емисија за Факина па затоа демек го прашуваме. Тој се насмеа и ни рече дека тоа е долга приказна и дека го напишал лично тој графитот. Тогаш се прерадвавме ама сакавме да слушниме повеќе. Не знаевме ни што значи тоа Факина, ни дали е личност или некоја кратенка или којзнае што...

Тој рече да се распрашаме прво за Бекир Алириза и да отидеме пак.
Е сега, според преданијата на дедо ми (ако не ме лажеше) мада не верувам, Бекир Алириза бил многу добар партизан. Заборавив да напоменам, името на нашата улица се вика токму така, "Бекир Алириза", во неа живеат, македонци и турци. Тоа кај нас е поим за соживот и никогаш немаме проблеми едни спрема друг.
Како и да е, Бекир бил постар од дедо ми неколку години и учевствувал во војната. Бил добар човек, сеирџија, добро играл шах и ги учел на тогаш помалите од него (на дедо ми и другите од негова генерација од улицата...).
Кога завршила војната, некое време подоцна Бекир загинал од заскитан куршум додека играл шах во неговиот двор. Малку иронично за еден добар борец како него, па од тогаш улицата се вика според него, иако потомци негови веќе нема (или не чул да имал).

Толку за Бекир, им раскажав на другарите и отидовме пак кај Џенгис. Е сега, кога му кажавме што знаеме и како знаеме тој ни ја раскажа следнава приказна:
На времето во маалава наша и во околните често се споменувала Факина. Факина била циганка (во модерна варијанта нешо слично на Касандра) и имала репутација на кралица на циганките и сите се палеле по неа, се живо и диво, македонци, турци и цигани, за сите била икона. Таква лепота немале видено во скромниот Охрид и сите доселени селани од Дебрца и Малесија се заљубувале во неа.

Факина (за која вистинското име никој не го знаел, ова и било уметничкото име, нешто ко Мадона, Еминем...) тајно се гледала со Бекир. Факина и Бекир скришум си гугуткале, тој ја учел да игра шах, таа му пеела песни, била скроз на скроз неписмена и кликерот многу не и фаќал ама за циганка и таквите како неа била Карл Маркс. Изобилувала со шарм, заводливост и имала неверојатни материјали на телото за работење, барем така му кажале и на Џенгис.
Арно ама, како Џенгис се вклопува во приказнава:
Таткото на Џенгис, дедо Неби кого го памтам многу добро и почина пред 5-6 години, на можеби скоро троцифрена бројка на години бил лудо вљубен во Факина. Ја следел, бил опседнат со неа и бил подготвен да ги продаде сите крави и овци само да биде со неа. Бил добар сточар, имал многу крави и овци, не бил од оние луѓе кои се поспособни за нешто друго, војување, размислување, учење... ама бил израснат строго од својот татко кој починал на 20тата година од Небиевиот живот.
Така Неби бил принципиелен човек, строг по природа (таков и јас искрено го паметам), човек кој никогаш не сум го видел да се насмее, човек кој до последен ден од неговиот живот ни ги рушеше топките со кои игравме фудбал. Како млад бил исто таков. Се докажувал само со неговата физичка силина и никако на друг начин.

Љубовта на Неби не била возвратена. Тој ја сакал Факина, ама таа го сакала Бекир. Кога по некое време Неби дознал дека Факина се гледа со некој друг многу се разлутил. Бил спремен да се пресмета со Бекир, да стори било што само да биде негова. Тој тоа не го покажувал, си го чувал бесот во себе се додека еден ден не се решил да стори нешто повеќе. Отишол да го бара Бекир, ама овој заминал во партизаните неколку дена претходно. Не се вратил некое време и омразата на Неби полека се смалувала знаејќи дека Факина нема да прави со никој друг ама баш ништо. Тајно ја посматрал целото време, ја гледал како плаче по Бекир и имал црни мисли во неговиот ум.
Кога Бекир си дошол од војна, пак се гледал некое време со Факина. Неби повторно добил идеја да се пресмета со Бекир, ама како што кажав порано чоекот си умрел од заскитан куршум (ако не ме лажеа).

Од тогаш за Факина никој ништо не слушнал, ни знаел да каже каде е ни го знаел вистинското име. Можеби единствено Неби ги знаел тие работи ама си молчел до остатокот на животот. Си се оженил со некоја турчинка после некое време, имале 3 деца (од кои најмладиот Џенгис).
Кога улицата се прекрстила во Бекир Алириза, на почетокот на улицата се појавил напис со бели букви ФАКИНА. Бил ичкртан и избришан, па пак напишан и секогаш кога се бришел, другиот ден некој го пишувал пак. Тоа бил Неби. Сакал и нејзиното име да остане запаметено.

Му оставил аманет на Џенгис секогаш кога некој ќе го избрише тоа име, да го напише одново за да се гледа и памти. Така Џенгис во средна школа, од неодамна избришаниот графит, направил нов, кој до ден денес не е чепнат и го знаеме таков каков што е.

Тоа е тоа... :)
 
6487.jpg

А да го контактираме ние дечково, он ако не ни ја разјасни мистеријава, нема кој друг :)
 
Кај го запримети ова?
Јас никогаш не сум го заприметила.
Помини низ ГТЦ на секој стуб пишува по некоја порака за Сања Николиќ, во стилот Сања курва најголема, Цркни курво итн...
Особено ако идеш од Жена Парк накај вегера што е кај комерцијална банка, немаат утнато стуб...:D
 
Значи Гаџа е мистериозниот пишувач со фломастер по стубовите во ГТЦ . Отсекогаш ми бил матна фаца човеков.
 
Кул приказна. Фала за тоа што се потруди да напишеш и да ја споделиш со нас. Инаку можда овој Неби го упукал Бекир не се знае. :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom