Поздрав за Pirrat, AST и сите други што се вклучија во дискусијата.
Пират, ме обвинуваш дека плитко размислувам а всушност по текот на дискусијава гледам дека никој не се осврнал на
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
Твоето и неколку други мислења тука покажуваат лични искуства кои се добри искуства ама се однесуваат само на твојот случај. Не се сомневам дека твоето е примерно воспитано куче и дека ти си му добар газда. Од друга страна
статистиките не се бават со поединачни искуства.
Биди љубезен и кликни на
оваа студија и ќе ги прочиташ следниве статистички податоци:
- Од 88 смртни напад во периодот 2006та до 2008ма, питбулите (со подвидовите) биле извршители во 59% од нападите (52 вкупно). Колку за информација питбулите во USA се окулу 2.9% од вкупната кучешка популација. (толку од тоа што некој тврдеше дека во USA биле најбројна кучешка раса па затоа нормално било што правеле толкав број на напади)
- Во овој временски период питбулите заедно со ротвајлерите (12 напади вкупно) и американските булдози (4 напади), се одговорни за 77% од сите напади што завршиле со смрт на нападнатата жртва.
Внимавајте статистикава е само за нападите што завршиле со смрт на нападнатата жртва. Статистиката за нападите што поминале само со сакатење и унаказување на жртвата е слична само што тука напади се далеки по многубројни.
Јас ја разбирам љубовта на власниците кон нивните кучиња ама наместо да ме обвинувате за плитко размислување разберете и вие дека вашиот случај е единечен случај и дека има и многу случаи на лоши газди и многу лоши кучиња и дека законот што би се донел треба да ги опфати и лошите и добрите газди+кучиња.
Тоа што е пишано во првиот пост е чиста дискриминација на одредени раси кучиња. Искрено во затвор би праќала и за кучешка дискриминација.
Па јас сакам да чувам бернардинец и што сега...треба да дојде некоја будала и да ми рече .. извини не може да го увезете, не може да го чувате затоа што кучево е потешко и поголемо од мене ....
да бе баш така... куршумот во чело за тој што ќе ми го рече тоа
дискриминатори низаедни
Бернандинците и генерално 99% од кучињата од овчарско-чуварски тип воопшто не влегуваат во листата на опасни кучиња.
Големината не е критериумот по кој се бира кои раси влегуваат во оваа листа.
Тука се враќаме на дискусијата за гените. Овчарските раси се генетски селектирани да се истакнат особините за чување (на членовите од семејството, имотот, стоката). Кучињата од овакви раси прво лаат па дури потоа ако нема друг излез касаат. Питбулите едноставно преоѓаат право на работата -касање. Затоа што се генетски слектирана раса за агресивност и борба. Разлика има и во начинот на касање нели ама ајде да должиме премногу.
Не знам дали некој од вас бил на бачило, горе на планина.
Кога ќе се приближите до бачилото ви доаѓа глутница кучиња, обично шарпланинци односно најчесто шарпланци измешани со мешанци. Лаат гласно ама ако едноставно застанете не ве напаѓаат. Ќе дојдат овчарите ќе се поздрават со вас и кучињата едноставно ќе се разотидат.
Значи збориме за огроми кучиња, магариња скоро.
Од друга страна ако ви се пушти питбул никакво мирно стоење не ве спасува.
Кажи ми зашто мислиш дека лабрадорот,или ретриверот неможат да нападнат човек или друго животно ?
И Ве молам да не забегуваме, нормално дека лабрадор и ретривер можат да нападнат... ама колку вакви случаи има
(во споредба со опасните раси), па уште и со смртна завршница...
Затоа што пријателе,таму е многу голема бројката на питот,толку голема е и на луѓе што ги чуваат и тренираат за такви да бидат,и немаат друго решение освен да го забранат.Имам читано,дека не е ТОТАЛНО ЗАБРАНЕТ,туку се води грижа за тоа,кој,со кого се пари кучето,на кого се дава,и така натака.Значи,не е тотално забранет.Никој нема да се буни,да се донесе закон да се регулира истото и кај нас во Македонија,но тоа да биде и за сите раси...
Кажи ми зашто мислиш дека лабрадорот,или ретриверот неможат да нападнат човек или друго животно ?
Да бе пријателе, точно, не е секаде целосна забраната... ама немаш ти читано и баш тука е проблемот со дискусијава. Пак ќе те замолам и тебе и другите да го прочитаат или барем разгледаат ова:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
Тука ќе видиш дека не е секаде исто решен овој проблем. Решенија варираат. Побарувања за специјални дозволи за власништво (да не си осудуван, да не си малолетник, итн), побарувања за чување во специјални боксови, да се носи микрочип за идентификација, итн. Најстрогите варијанти од ваков закон, како оној во Автралија, се однесуваат и на забрана за увоз и разможување и на задолжително одземање на репродуктивен капацитет (постабилен карактер заради помалку хормони).
Ова е само мал дел. Прочитајте, разгледајте, линкот е тука, еден пасос погоре од ова.