Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Лакше мало дечко. Не се сите атеисти пасионирани трагачи по одговори. Не се ни сите верници мивки какви што сакаш да ги прикажеш. Ако навистина се залагаш за почит, пополека малце со квалификациите.
Токму така. Кон болдот, некои атеисти (барем така се изјаснуваат) се дури и поголеми верници од теистите.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Верував во бог а ни самиот не знаев зошто, и бидејки сакав да дознаам барав и најдов, ми стана јасно дека вербата во бог била залудна бидејки постоиме само ние на земјава, живите суштества, нашите креации, растенијата, воздухот, водата,земјата, планетите и универзумот, и бесконечната енергија која ја прави еволуцијата континуирана и балансирана.
Зошто треба веруваме во бог? Тој нели е совршен и пошто е совршен знае како ние несовршените функционираме.Нека се симне од каде и да треба да се симне, со лифт,со авион, со ракета, а ако сака нека се симне и на метла само нека се симне, и ние веќе еднаш да се запознаеме со него. Да не треба повеќе да веруваме во него дека постои, туку да знаеме дека постои, и после тоа нека биде и он раат дека нема да грешиме ние што се сомневаме во него, и ние ке си бидеме раат што ке знаеме дека тој е тука и не гледа сите нас и ни помага и не сака.
И што е најважно нема да има потреба од попови кои ке треба да не водат по патот до бога бидејки тој ке биде тука присутен со нас. Овој патов до бога веке неколку векови е долг, а не му се гледа ни крајот.
Само во тој случај поповите ке му бидат љути на бога пошто откако тој ке се симне нема кој да им остава парички на иконите и нема на кој да наплаќаат за погреб за душата на мртвиот да отиде до бога. Бог ке биде со нас и така и ние живите и душите на мртвите ке си бидат на едно место, попови (медијаторите до бог) нема да постојат и сите среќни задоволни, освен самите попови.
Ете до толку сме контролирани ние простите луѓе денес, и погодете од кој? Од медијаторите, што ветуваат и кажуваат приказни и употребуваат нејасни зборови, а никогаш не се докажало дека се во право за тоа што го зборат.
Е па извинете ама јас нема да ве слушам вас, бидејки јас си се почитувам и сакам сам себе многу повеќе него вас поповите, вие што велите сакајте ги другите а никогаш не велите сакајте се самите себе. Од кај ке произлезе љубовта према другите кога ние не сме ни ја осетиле на самите себеси, од каде?
Мене тоа "сакајте ги другите", повеќе ми сличи на "слушајте ги другите и бидете дисциплинирани зошто во спротивно бог ке ве фрли во пеколот". Ова сигурно не е тој бог кој треба да биде љубов, бог кој сака, и простува. Ова е бог кој уценува, диктира и се заканува.
Кога сме кај простувањето, зошто јас да му простам на некој кој ке ме удри? Зошто да не му вратам и да му дадам дознаење дека не смее пак тоа да го направи пошто и тој ке настдрада? Испаѓа дека бог го оправдува садизмот а и мазохизмот. Штом вели прости му на тој што ке те швркне со стап по грб, ондак и бог лично и персонално бил мазохист, а во исто време ја одобрува постапката на садистот и го поттикнува пак тоа да го направи, пошто гледа дека никој не му враќа, не го спречува во неговата болна намера, и тој ужива да тепа други луѓе. Каков ли е овој бог?
 
golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои. dokazi ima celata priroda e slika na ziviot bog

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е. coveckiot um ne e vo sostojba da go svati bozjoto poteklo i postoene , bog e nadvor od prostorot i vremeto

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.na lugerto im e opredeleno ednas da umrat a potoa sud, smrta e samo edna vrata so drug zivot vo bog.covekot sam sebe se kaznil i sam sebesi uste se kaznuva i denes neposlusnosta e grev koj vrz sebe nosi posledici,kako tatkoto sto na svojot sin mu veli deka drogata i alhoholot se losi koi ke ti go unistat zivoto , a sinot ne go zema vo obzir toa seriozno pa tera po svojot pat .zloto postoi zatoa sto covekot saka da postoi zloto i den denes jade od zabranetoo ovosje , ako celiot svet go pocituva boga i zivee bibliski zivot ,zar togas nema da bide svetot prekrasno mesto za ziveene raj

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее
--- надополнето: Oct 4, 2011 2:46 PM ---

S

Sagan

Гостин
1.1 Во оваа исушена дивина челик и камен, го подигам мојот глас за да може да ме чуете. Кон Исток и кон Запад повикувам. Кон Север и кон Југ го покажувам знакот и објавувам: Смрт за слабите, раскош за силните!
Сатанска изјава 4. Сатаната претставува добробитие кон оние кои го заслужуваат тоа, наместо љубов потрошена на невредните!

Прво, сатанистите не се атеисти.
Второ, на самиот почеток сум со читањето, а веќе гледам дека ова е погрешно и контрадикторно. Делови кои до некаде имаат смисла, се испреплетени со лоши пораки, за да се замаскираат
Сатаната се служи со истите финти како Мојсеевиот бог и Аллах. Едни се вредни, други безвредни, а сатаната е таа која одредува кој е кој. Истата потреба да се има императивна сила која мора да се слуша. А тоа е резултат на сопствена душевна слабост.

Слободно би можел да речам дека голем дел од политичките лидери и скоро сите сопственици на големи компании, се следбеници на сатаната, бидејќи нема друг начин да можат да живеат а да не го оправдуваат своето дејствување со тоа што “сатаната им рекла“.

На мене, како на атеист и Секуларен Хуманист, сево ова ми е смешно и со сожалување гледам на ваквото перење мозок.
И јасно ми е дека е резултат на некоја голема трагедија во животот и начин на искажување револт заради сопствената импотентност да се ужива во животот без да се вмешуваат надприродни сили.
--- надополнето: Oct 10, 2011 4:59 PM ---
5. 10. Блажен е лудиот што ќе се моча врз непријателите, бидејќи ќе го прослават како херој...
:pos:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
На мене, како на атеист и Секуларен Хуманист, сево ова ми е смешно и со сожалување гледам на ваквото перење мозок.
И јасно ми е дека е резултат на некоја голема трагедија во животот и начин на искажување револт заради сопствената импотентност да се ужива во животот без да се вмешуваат надприродни сили.
--- надополнето: Oct 10, 2011 4:59 PM ---

:pos:
Чуствувам дека ќе имаш долга и плодотворно дискусија со Ипсисимус...

:D
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Второ, на самиот почеток сум со читањето, а веќе гледам дека ова е погрешно и контрадикторно. Делови кои до некаде имаат смисла, се испреплетени со лоши пораки, за да се замаскираат
Сатаната се служи со истите финти како Мојсеевиот бог и Аллах. Едни се вредни, други безвредни, а сатаната е таа која одредува кој е кој. Истата потреба да се има императивна сила која мора да се слуша. А тоа е резултат на сопствена душевна слабост.
Прво, Мојсеевиот бог и Алах се антропоморфни богови, одвоени од луѓето, додека "Сатаната" во овој случај претставува симбол или дефиниција за некој што се препознал во таквиот начин на размислување и живеење. Што значи да ги поистоветуваш на исто рамниште, практично значи, дека не си ја разбрал пораката.
Второ, негледам на кој начин може да биде перење мозок, идеологија која ти вели дека сатанизмот не е за сите и која ти порачува да се сомневаш и да преиспитуваш се?! Ако тоа е перење мозок, тогаш немам коментар на таквото размислување.
Трето, Во сатанаската библија има огромна доза на сарказам и деловите со "блажени се...", се пародија на библиските пораки на Исус и неговиот светоглед за тоа кој и што е блажено.

Сатанистите не признаваат господари, тие самите си се господари на својата судбина. Што значи твојот заклучок за постоење на императивна сила која мора да се слуша, е тотално погрешен. Сатанистот е бог самиот на себе.
 
Прво, јас и ти може слично да мислиме и живееме. Дали тоа мене ме прави сатанист? Од каде таа потреба јас и ти да се идентификуваме со ист збор? Од каде воопшто потребата да се биде опозиција на некого за да се потврди сопственото постоење? Еве, цело време се спомнуваат и исмеваат (Х/х)ристијаните. Јас ја немам таа потреба да се мочам на нешто за да си докажам дека сум во право...

Јас се сомневам во веродостојноста на многу нешта и постојано ја испитувам нивната веродостојност. Свесен сум дека мојата перцепција за светот може да се менува и се менува, со секое ново искуство. Дали тоа ме прави мене сатанист?

Како тоа, за себе велиш дека токму ти си господар на својата судбина, кога во исто време веќе си дозволил некој друг да ти каже која е вистината? Еве:
Сатанизамот поседува и церемонии и догми. Догмата, како што ќе биде објаснето, е неопходна.
Ти веќе си прифатил догми, непроменливи вистини, туѓи вистини. Така ли?
никој не може да го избегне гревот. Твоето постоење се должи на грев – Првобитниот грев!
Оваа реченица е во целосна контрадикторност со сѐ што следува понатаму (а со кое во најголем дел се согласувам). Зарем треба да сум сатанист, за да дознаам дека мастурбацијата е добра и Библијата греши по однос на тоа, дека садомазохизмот е во ред, ако двете страни го сакаат, дека ако некој има потреба од групен секс, тогаш ништо не треба да го спречува во тоа, доколку со тоа не повредува други?

Навистина треба да сум сатанист за сево ова? Да се идентификувам со ваков симбол? За да бидам господар самиот себе?
 
G

galaxy

Гостин
„...Смрт за слабите, раскош за силните! ...”

Кој ќе им го обезбеди раскошот?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прво, јас и ти може слично да мислиме и живееме. Дали тоа мене ме прави сатанист? Од каде таа потреба јас и ти да се идентификуваме со ист збор? Од каде воопшто потребата да се биде опозиција на некого за да се потврди сопственото постоење? Еве, цело време се спомнуваат и исмеваат (Х/х)ристијаните. Јас ја немам таа потреба да се мочам на нешто за да си докажам дека сум во право...
Нормално дека не те прави сатанист, доколку ти не се сметаш за сатанист.
Сатанистот нема потреба да "се моча" на нешто само за да докаже дека е во право. За мене религиите се зло, значи јас ги гледам како пречка и кочница за човештвото, за разлика од некој атеист кој рамнодушно гледа на нив, и не му е битно дали ќе постојат или не.
Како тоа, за себе велиш дека токму ти си господар на својата судбина, кога во исто време веќе си дозволил некој друг да ти каже која е вистината? Еве:

Сатанизамот поседува и церемонии и догми. Догмата, како што ќе биде објаснето, е неопходна.
Ти веќе си прифатил догми, непроменливи вистини, туѓи вистини. Така ли?
Никој мене не ми кажал која е вистината, јас и пред да се сретнам со сатанизмот, сум размислувал на тој начин.
Сатанизмот нема догми, незнам од каде таа идеја?! Никаде ама баш никаде не се тврди дека нешто МОРА да се прави. Никаде не се вели дека ритуалите се задолжителни! Ако сакаш ги правиш, ако не немораш. Примарната цел на ритуалите е да му помогнат на сатанистот да се справи со неговите емоции.
Зарем треба да сум сатанист, за да дознаам дека мастурбацијата е добра и Библијата греши по однос на тоа, дека садомазохизмот е во ред, ако двете страни го сакаат, дека ако некој има потреба од групен секс, тогаш ништо не треба да го спречува во тоа, доколку со тоа не повредува други?

Навистина треба да сум сатанист за сево ова? Да се идентификувам со ваков симбол? За да бидам господар самиот себе?
Ако си сатанист, тогаш самиот ќе си знаеш, нема да ти биде потребен никој друг за да го разбереш тоа. Сатанската библија е театрален и саркастичен начин на кој се исмеваат трулите и себеодрекувачки религиозни догми, норми и правила. Начин на кој се пркоси преку сарказмот на религиското лицемерие.
Ако тој начин некому е одбивен и погрешен, немора да се идентификува со него.
--- надополнето: Oct 11, 2011 4:37 PM ---
„...Смрт за слабите, раскош за силните! ...”

Кој ќе им го обезбеди раскошот?
Самите, кој друг? Ако некој сам не е способен да си обезбеди раскош, тогаш не го ни заслужува.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
163
poubavo e da bides ateist zasto ako veruvas vo bog i koga ke ti zgusne a ke vidis deka od gorniot i negovata pomos nema aber ke dozivees dlaboko razocaruvaje,toa licno go imam videno vo semejstvoto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom