- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.021
- Поени од реакции
- 74.400
Пошто не сретнав тема која се однесува за нашето првенство се решив самиот да отворам.
После успехот на кошаркарската репрезентација, наеднаш рипна интересот за Македонската кошарка. Многу повратници во тимовите, за жал и присуство на слаби кошаркари од соседството кои им фаќаат место на нашите млади кошаркари како и Американци со непознат квалитет.
Сезонава очекувам да биде врв. Не дека екипите се супер квалитетни, туку затоа што рамномерно се распоредени силите.
Има неколку тима што ќе се борат за титула и уште неколку кои се само малку зад нив.
Десет екипи годинава ќе настапуваат во најсилната лига.
МЗТ Скопје со шампионски амбиции како никогаш досега. Следната година ќе настапуваат во Јадранската лига, па уште годинава почнаа да прават тим.
Се очеклуваше многу од нив, но после вчерашниот пријателски меч со Торус, ќе кажам дека воопшто не ме импресионираа. Американците се со просечен квалитет, а тим во кој лидери треба да бидат Ристе Стефанов и Огнен Стојановски, сдефинитивно неможе да се издвои како некој кој што ќе се прошета во лигата. Сепак МЗТ е главен фаворит за титулата, особено заради огромната поддршка од целата населбна. Аеродром е во еуфорија, и очекувањата се големи. ОД другата страна тоа може да биде товар за кошаркарите...
Секогаш е тука и Работнички, најторфејниот Македонски клуб, кој ќе атакува на својата 15-та титула.
Како и во изминативе сезони до крајот не се знае каков тим ќе имаат. набрзина склопиле состав со искусни кошаркари (Богоев, Мираковски, Тасовски), и плус Брендон Кол, но ако не купат некој добар центар ќе им биде тешко годинава. Ги загубија ланските предводници Симиќ и Блажевски.
ИСта болка имаат и МЗТ, центарската позиција...
Работнички е блиску со квалитет со МЗТ, иако очекував Аеродромци да имаат многу појак состав. Одново ќе бидат неизвесни нивните меѓусебни дуели.
И двата Скопски ривали очекуваат уште по некое засилување, а и ростерите на тимовитње сеуште не се комплетирани.
Еве од билтенот на КФМ, кои се досегашните состави, но повторувам не се конечни.
http://www.basketball.org.mk/WBStorage/Files/reg_kom_Bilten_br_1.pdf
За титулата како и секогаш во последмниве години ќе се бори и Фени. Иако осетно ослабени во новава сезона, сепак и Кавадарчани се на слично рамниште со Скопските клубови, но за годинава им давам мали шанси за титула. Самарџиев и Ѓуров веќе не се оние старите, Соколов си е просечен, а може да изненадат само ако го задржат Кире Николовски, додека се очекува и нешто од Симоновски.
Се шпекулира дека фени и МЗТ имаат борба за Гечевски. Ситуацијата може многу да се смени, ако Гече го облече дресот на некој осд овие два тима.
Кругот на фаворитите го заокружувам со уште еден Скопски тим, Торус.
Торус вчера воодушеви на пријателсјката со МЗТ, па почнав да се двоумам дали да ги ставам нив за ГЛАВНИ ФАВОРИТИ! Трајковски цар, се чудам зошто не беше земен за репрезентација иако константно игра одлично.
Димчевски покажа зошто беше земен за репрезентација, а Караџовски и младиот крстевски уште како ја пополнуваат екипата. Караџовски мотор на тимот...
Исто и тој Амерот Тарнер не е лош... Тука е и ланскиот МВП Блажевски. Искусниот Перо како и младиот Караколев само го прави уште пострашен тимот на Торус!
Од зад грб сериозно ќе атакува екипата на Лирија. Ништо чудно и они да бидат шампиони. Надополнети со Филиповиќ, со Симиќ, со Аврамовски а многу веројатно и со Јане Петровски, Лирија има одличќен тим. Тука е и Американецот Џејмс Лајф, како и играчот од Доминиканската република, Карлос Морбан.
Морбан е фуриозен играч. Во Вардар газеше, а и лани во Лирија остѕави одличен впечаток.
Лирија е скоро најсолидна под кошевите...
Најслаби во лигата се убедливо Овче Поле. Не им давам никакви шанси...
Тука негде се и Кожув, како и АБА Струмица, мада Струмичани лани солидно парираа во лигата...
Плус сеуште се некомплетни...
Кумановци истотака имаат добар состав, а тука негде е и Вардар.
Не сум запознаен многу со составот на Куманово, пошто мислам дека повеќето се Срби, али можам да кажам збор два за Вардар.
И Вардар има солиден состав. Плејмејкер е Ангел Тасевски, а со Лирија се води и борба за јане Петровски. Јане и Ангел би биле одлична плејмејкерска двојка. На тренинзи бил гледан и Александар Димитровски, ама незнам дали ќе потпише и он...
Тука се радуловиќ и Штерјов, како и Кралевски кој некогаш играше во Работнички.
Не очекува интересна сезона, која стартува веќе од следниот викенд
Бтв Работнички е освојувач на првата титула годинава земајќи го суперкупот притоа совладувајќи го Фени сред Кавадарци со 89-83. Честито титула момци.