ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Moжно е да се штрајкува во АТП турнеата, барем така најавија Надал и Мареј, се жалат на густиот распоред на ИТФ.
 
Moжно е да се штрајкува во АТП турнеата, барем така најавија Надал и Мареј, се жалат на густиот распоред на ИТФ.

Од 2007/8 па навака само се жалат и најавуваат штрајкови па ништо не се случи.Тогаш Надал и Федерер го почнаа тоа и се жалеа многу на густиот распоред.Мислам дека треба да поработат малце на тоа, некои турнири се премногу блиску.Роланд Гарос и Вимболдон на пример.Ама не верувам да има штрајк стварно
 
Tие гренд слемови од кога памтам за себе се одржуваат во разлика од две недели, прво Ролан Гарос, па Вимблдон, сигурно тие не се причината за густиот распоред, секогаш се имало малце време за спремање на играта на тревна подлога, најмалце трај тој период. Највеќе се игра на земја и на тврда подлога.
Oд турнирите кои се класифицирани како 500 во сезоната има 10 турнири, од кои некои се играат во иста недела, значи тенисер кој атакува на самиот врв сигурно ќе изигра најмалце 7 турнири. Плус девет мастерс турнири тука е вметнат и завршниот мастерс турнир во Лондон на кој играат најдобрите осум тенисери во свет во таа натпреварувачка година. Околу 15 турнири треба да изиграат барем најдобрите тенисери, а да не збориме за другите тенисери кои не котираат толку добро на АТП листата, тие треба да играат и турнири од 250..а тие се богами бааѓи.
Според мене таман си е распоредот и бројот на турнири во сезоната. Треба да се направи и калкулација пред сезона со стручен штаб на играчот, а не со глава во ѕид да се оди.
 
Надал и Федерер и за тие два се бунеа.Премногу е тежок распоредот цела сезона, поготово кога се игра на земја.Се искача од еден напорен период од сезоната во кој се редат неколку турнири со 1/2 недели пауза за време на сите нив и веднаш по тоа големиот Роланд Гарос.Да не беа толку напорни пред тоа турнирите ке беше сосема ок да си биде и Вимболдон после тоа (како и секогаш што бил).Ама атп го згустија калентадарот пред Роланд Гарос и се на едно премногу им доаѓа на тенисерите.АКо се сеќавам добро, баш овој период од годинава им беше најкритичен и поради ова се бунеа.Порано не било тешко да се изиграат така со само 2 недели пауза ама и целата сезона била полесна.Сега е сосема друга приказна и сезоната има лош распоред.
 
Јанко Типсаревич ја освои првата титула во неговата кариера.
Денеска во финалето во Куала Лумпур го совлада Кипранинот Багдатис со 2-0 во сетови
view_photo.php

А Енди Мареј во финалето во Банког го совлада Американецот Доналд Јанк за само 47 минути игра со 2-0 во сетови, ова е можеби и најбрзото финале досега во историјата на тенисот, барем во машка конкуренција..
 
Сафина ја заврши тениската кариера.
Неофицијално е сето ова, но многу веројатно, бидејќи се мачи долго време со повредата на грбот.
 
Утре има 2 одлични полуфиналинја во Токио.. од 5 сатот сабалје Nadal - Fish а потоа во 7 Murray - Ferrer, според мене ке гледаме финале Nadal - Murray
 
Koj e во стручниот штаб на Надал на овој турнир, уште е чичко му?

Иначе во финалето во Пекинг се пласира Чилич после победата над сонародникот Љубичич со 2-0 во сетови, моментално играат Цонга и Бердих во второто полуфинале.
 
Франциско Роиг, он секогаш иде кога неможе чичко Тони.
 
^Фала на одговорот.
Го глеав сеа снимка финалето, Надал полека се враќа во форма, штета што го начека Мареј во најдобра форма оваа година, па тешко помина.
Ќе видиме во Шангај како ќе се одвиваат работите.
 
Бердих го победи Чилиќ 3:6,6:4 и 6:1 по сетови, додека кај жените Радванска беше поуспешна од Петковиќ 7:5,0:6 и 6:4 по сетови.
Следни се турнирите во Шангај и Линц.
 
^Фала на одговорот.
Го глеав сеа снимка финалето, Надал полека се враќа во форма, штета што го начека Мареј во најдобра форма оваа година, па тешко помина.
Ќе видиме во Шангај како ќе се одвиваат работите.
Кај виде форма??? па подобро играше на УСОпен одколку сега освен сервисот се гледа го вежбал многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom