- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.881
Леандра ма , оваа наша децентрализација е неуспешна приказна, најголем дел од даноците одат во централниот буџет кај Владата.Иначе децентрализацијата е модел според кој се финансираат општините сами и се развиваат.
тоа што немате фонтани, плоштади или индустри зони со фабрики неможе да ви е крива државата.
Кога не можеше една општина Центар со толку многу бизниси , да изгради фонтана со свои пари , што чекаш од Дебар или Студеничани.
Општина Центар во 2011 има буџет од 20 милиони евра , општина Гостивар има буџет од 15 милиони евра.
Изгледаат големи пари , но за жал половина од овие одат за плати , друг дел оди за струја , вода , патувања .... и на крај ти остануваат 2-3 милиони евра за капитални трошоци. (не се сите за патишта и објекти , туку има и за мебел , автомобили ...)
Со овие пари не можеш да изградиш Трумфални порти од 4.5 милион евра , Фонтани од 10 милиони евра ...
Тоа е мојата грижа , зошто централната власт префлува пари само за општини каде албанците не се мнозинство.
Целиот форум нека се собере , ова не може да го негираат.
Ако се анализираат издвоените средства за култура ситуацијата е подраматична т.е. од вкупно издвоените пари за култура, само 0,56 милиони евра (или 1,03 процент) се наменети за проекти за албанска култура
Дискриминација нема само од централната власт , туку и од локалната.
Општина Куманово во 2011 има издвоено само 40.000 денари за албанската култура од вкупно 1.670.000 денари. (само 2.4 проценти за албанците).
Албанците во оваа општина вредат помалку од :
Ромите 160.000 денари
Власите 60.000
Србите 50.000
Не можам да барам инвестиции од локалната власт на која и е оставен буџет од 1-20 милиони евра , додека централната власт ги држи големите пари (2.5 милијарда евра).Ќе се свртите кон тој што сте го гласале и од него ќе си барате развој.
Што може општинската власт без централната? ти се плукам во децентрализацијата.
Со државното земјиштето управува Владата. Од 84 општини само на осум им е дозволено да управуваат со државно земјиште, сите се неалбански општини.Градоначалникот е задолжен за инвестиции во својата општина има лепеза на можности од комунални давачки, земјиште и услови за понуда за бизнис.
Штип со сила го направија центар на економијата во истокот , исто како во екс Ју , кога селаните со сила ги правеа граѓани , ги носеа да работат во фабриките , да сменат слика на градовите.Никој не може на инвеститор да му кажува каде да гради капацитет и да му наметнува тоа да биде Скопје. Тој се одлучува сам според видот на бизнисот која локација му одговара.
Таа Југославија фунскионираше како денес Македонија кога се во прашање инвестициите. Нели: Трепча ради Београд се гради.Дардијан ја спомена Југославија....зарем не примети дека се распадна тој систем? Ние баш и не би сакале да се распадне Македонија.
Ако се одобри рамковен буџет , дали вие би побарале тогаш федерализација?Затоа рамковен буџет ни во лудило. Секој оној што ќе крене рака за него директно не води до поделба и распад. Наместо заедно да се бориме за сите да имаме, сега треба и меѓу себе да се бориме - резултат 0.
Ако не сакате вашите пари да се поделат по рамковен буџет , како што јас не сакам моите пари да се поделат по дискриминаторски буџет , тогаш подржете ја идејата , кој колку собира толку да има. Ама не парите да ги собере Скопје за да после тие да одлучат кај ќе ги распределат.