Единствено што може да гарантира исплаќање на пензиско и здраствено осигурување е државата, и што ако се појави некоја фантомска осигурителна компанија по примерот на ТАТ, со разни реклами и слично привлечат голема маса на луѓе оп во 3 дена пропаѓаат, т.е нивните пари одат на неколку сметки, кој ќе даде оштета тогаш и слично????
Мора да има задолжително пензиско и инвалидско осигурување, бидејќи луѓе кои работат по 30-40 години мора да добијат пензија за нивното работење и знаат дека им е сигурно. Ако тоа се укине тогаш ќе има луѓе кои ќе работат и на 70 и 80 години затоа што ќе немаат пари за леб да си купат. Ние сме социјална држава по устав, а тоа значи дека се грижиме за секој слој на граѓани. А за тоа ревизиите, се знае како кај некои ќе поминат, а како кај некои други.
Ако по твое се укине тоа задолжително осигурување, кој ќе гарантира дека некој кога ќе оди во пензија, ќе ги добие парите што ги заслужил, нормално државата, што значи нема потреба да се укинува, бидејќи во твојот случај само некој ќе се наполни пари за сметка на сите тука 2 милиона народ.
Види вака прво информирај се за нешто па после коментирај, немојте само колку нешто да се искоментира.
Како прво не е само државата таа што гарантира пензија и сл. Кај нас сеуште е тоа така но во странство луѓето сами си одлучуваат колку ќе плаќаат месечно придонеси и врз основа на тоа колку пензија ќе земаат од осигурителни компании и др институции што кај нас сеуште се непозната појава.Кај нас никој од вработени нема увид во тоа колку има уплатено по секој основ, ама тоа ти е потиштен народ си вика нека земаат колку што треба само пензиичка да ми стига на стари години.
Второ ТАТ беше штедилница, а не осигурителна компанија и секој малку пописмен човек ќе осетеше дека тука има некоја превара.Па не може бе мајку му за кредит од банка да плаќаш 10% камата, а во ТАТ камата на депозит ти е 20 %, но да спомнеме дека паметните добра паричка си направија во тоа време.
Исто така социјалната држава не значи дека секој треба да добие пензија, така да не ти држи место тоа.Тоа е за некои други дискусии.
Плус уште нешто ќе ти кажам со пто мислам дека ќе ти биде малку појасна оваа работа.
Викам дека треба да се укине задолжителното пензиско што оди кај државата од неколку причини.
Прво тие пари можеби на некого му се попотребни во овој месец, па нема да уплати а наредниот можеби ќе си надополни.
Второ можеби е добар играч на пазарот со хартии од вредност па можеби ќе ги дуплира парите и ќе си ги става во банка секој месец и плус ќе му тече камата.
Трето и најважно е тоа што пензискиот систем кај нас е организиран така што сегашните вработени плаќаат за сегашните пензионери, и бидејќи тренд е во светот укинување на државната пензија па кога тогаш ќе стигне и кај нас.Да претпоставиме дека тоа ќе се случи за 10 години и автоматски пензионерите што ќе бидат тогаш ќе немаат пензија и тогаш што??? Јас на пример нема да плаќам во државата не сакам пензија да земам, сакам цела плата да си ја земам и мислам дека ќе спечалам пари да имам и кога ќе одам во пензија.Во тој случај мојте родители ќе немаат од каде да земаат пензија.
ајде доста беше можда и премногу ама тоа е....