THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Словенечкиот Уставен суд забрани улица во главниот град Љубљана да го носи името на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
Образложението е дека Тито е симбол на комунистичкиот режим, во кој се прекршувани човековите права.- Името на Тито не симболизира само ослободување на Словенија од фашистичката окупација во Втората светска војна, туку исто така е симбол и на тоталитарниот комунистички режим, за време на кој имало големи и тешки нарушувања на човековите права и основните слободи, се наведува во соопштението на судот.
Љубљана, која е управувана од лево ориентираниот градоначалник Зоран Јанковиќ, ја именува улицата во градот „Јосип Броз Тито“ во 2009 година со објаснување дека Тито е важна историска фигура. Конзервативната партија „Нова Словенија“ побара од Уставниот суд да го забрани тоа, бидејќи за време на режимот на Тито биле нарушувани човековите прави.
Градската управа се уште не ја коментирала одлуката на судот.
Тито беше лидер на СФРЈ во периодот од 1945 до неговата смрт во 1980 година, кога многу словенечки улици го носеа неговото име пред Словенија да прогласи независност во 1991 година. Потоа повеќето улици беа преименувани.