Почина Steve Jobs

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Ех... Таман викам да искоментирам денес у врска со новиов ајфон онака малку хејтерски настроен према епл... Голема трагедија за компанијата и за неговата фамилија тоа ти е живот човекот беше милијардер ама ете го снајде судбината почивај во мир!
 
Почивај во мир голем човеку. Го смени светот, затоа ќе му бидеме благодарни!
 
RIP Стив Џобс. Никогаш не сум користел Епл, но тоа не значи дека не те почитував. Претставуваше голема инспирација и го подобри светот во кој денес живееме.
 
Почивај во мир голем човеку. Го смени светот, затоа ќе му бидеме благодарни!

А како го смени светот?!? Тоа што успеа да продава прозвод по 4 пати поголема цена него што треба? Или тоа што никогаш не дал пари за хумaнитарни цели ( за разлика од Микрософт). Да не бидам сватен погрешно, нека почива во мир али не сфаќам што направил што толку го величите освен што направил огромен профит за Apple?
 
А како го смени светот?!? Тоа што успеа да продава прозвод по 4 пати поголема цена него што треба? Или тоа што никогаш не дал пари за хуминтарни цели ( за разлика од Микрософт). Да не бидам сватен погрешно, нека почива во мир али не сфаќам што направил што толку го величите освен што направил огромен профит за Apple?
имаш гугл, и на телевизија наскоро ќе има документарци шо напраил, па ако имаш слободно време, ѕирни онака.
 
А како го смени светот?!? Тоа што успеа да продава прозвод по 4 пати поголема цена него што треба? Или тоа што никогаш не дал пари за хуминтарни цели ( за разлика од Микрософт). Да не бидам сватен погрешно, нека почива во мир али не сфаќам што направил што толку го величите освен што направил огромен профит за Apple?
имаш гугл, и на телевизија наскоро ќе има документарци шо напраил, па ако имаш слободно време, ѕирни онака.
http://www.imdb.com/title/tt0168122/ - има и биографска драма за Стив Џобс, Стив Возниак, Бил Гејтс и Ридли Скот.
 
А како го смени светот?!? Тоа што успеа да продава прозвод по 4 пати поголема цена него што треба? Или тоа што никогаш не дал пари за хумaнитарни цели ( за разлика од Микрософт). Да не бидам сватен погрешно, нека почива во мир али не сфаќам што направил што толку го величите освен што направил огромен профит за Apple?
Има повеќе од 300 пронајдоци.
Он е одговорен шо денес имаме графички интерфејс на компјутерите.
Го има најдобриот оперативен систем досега.

И немој да ми кажеш дека PC-ата можат да се споредат со Мекинтош машините. Може имаат набилдани цени, ама се светлосни години над другите.
 
Во 2004-та,`Џобс објави дека страда од рак на панкреасот. Во јануари годинава`зема боледување, за во август да поднесе оставка на првата позиција во Епл. На неговото место дојде Тим Кук, долго годишен заменик на Џобс.
"Брилијантноста, пасијата и енергијата на Стив беа извор на безброј изуми кои ги збогатија и подобрија нашите животи. Светот е не мерливо подобар заради Стив," стои во изјавата на Епл.
Инаку, откако ја основа во 70-те години од минатиот век, во 90-те Џобс беше избркан од компанијата, за пред почетокот на новиот век да се врати во Епл и со тек на време да го направи една од најбогатите компании во светот.
Сегашната пазарна вредност на Епл изнесува 351 милијарда долари и само нафтениот гиган Ексон Мобил вреди повеќе.
По веста веднаш реагираа некои од најмоќните луѓе на светот, меѓу кои и Барак Обама и Бил Гејтс.
"Длабокото влијание на Џобс ќе го почувствуваат уште многу идни генерации. За оние кои беа доволно среќни да работат со него, тоа беше невидена чест. Стив бескрајно ќе ми недостасува," изјави Бил Гејтс.
"Мишел и јас сме натажени заради веста за смртта на Стив Џобс. Стив беше меѓу најголемите американски иноватори - доволно моќен за поинаку да размислува, доволно храбар да верува дека може да го промени светот и доволно талентиран за да го направи тоа," порачал Барак Обама.
Инаку, Џобс се ожени со Лиса во 1991-ва и имаше 3 деца. Џобс исто така имаше ќерка од претходна врска, а дури како возрасен дозна дека има биолошка сестра, американската писателка Мона Симпсон.
--- надополнето: Oct 6, 2011 2:39 AM ---
pochina-stiv-dzobs-58445.jpg

Поранешниот извршен директор и човекот кој со децении беше икона на Apple почина синоќа. Информацијата ја потврди и Apple.
На сајтот на Apple е објавен последен поздрав во сеќавање на Стив: „Apple изгуби визионер и креативен гениј, а светот изгуби чудесен човек. Оние од нас кои беа среќни да го познаваат и да работат со Стив изгубија драг пријател и инспиративен ментор. Стив ја напушти компанијата која само тој можеше да ја изгради и неговиот дух засекогаш ќе биде темелот на Apple“.
pochina-stiv-dzobs-58446.jpg

Во август годинава, Стив си даде оставка на фунцијата извршен директор на Apple и замина на боледување за да ја продолжи битката со болеста која го мачеше речиси цела деценија - во 2003 година му беше дијагностициран рак на панкреасот, а шест години подоцна му беше извршена трансплантација на црниот дроб.
Приказната за Стив

Џобс е роден во 1955 година во Сан Франциско, од мајка Џоан Керол Шибл и сирискиот емигрант Абдулфата Џандали - невенчан студентски пар од Универзитетот Висконсин кои го дале Стив на посвојување. Стив бил посвоен од Пол Џобс, кој работел како механичар и неговата сопруга Клара.
На 12 години, Џобс се јавил во домот на Вилијам Хјулит, еден од основачите на Hewlett-Packard, да го праша за делови за уред кој го составувал. За Џобс, ова резултирало со летна работа на производна лента во Hewlett-Packard, која ја споредувал со „присуство во рајот“.
За време на средното училиште во Купертино, Калифорнија, Џобс го запознава Стив Вознијак, кој е речиси пет години постар, а воедно и технички „магионичар“ кој сака да прави машини и да им ги покажува на другите. Двајцата работеле на серија изуми и продавале „сини кутии“ - уреди кои на корисниците им овозможувале да прават бесплатни нелегални телефонски повици.
Часовите по калиграфија на Колеџот Рид во Калифорнија подоцна го инспирираат Стив на корисниците на Macintosh да им понуди разни фонтови, можност која подоцна станува „стандардна опција“ во персоналните компјутери.
Спорадично, Џобс работел и како техничар во компанијата за видео игри Atari, патувал во Индија во потрага по просветлување, а духовен водач му станал будистички свештеник.
Во меѓувреме, Вознијак креирал плоча со струјно коло за компјутери која ја покажал пред група хобисти во Силиконската долина. Џобс го гледа потенцијалот на уредот и го убедил Вознијак да ја напушти неговата работа како инженер за да можат самите да дизајнираат компјутери.
Во април 1976 година го основаат Apple, а во гаражата на родителите на Стив ја репродуцираат плочата на Вознијак како нивен прв производ.
„Секогаш велев дека ако некогаш дојде ден кога нема да можам да ги исполнувам своите обврски и да го правам она што се очекува од мене како извршен директор на Apple, јас ќе бидам првиот што ќе ви го соопшти тоа. За жал, тој ден дојде“ - Стив Џобс, за неговата оставка.
Семејството на Џобс:
„Стив почина мирно опкружен од семејството. Во неговиот јавен живот, Стив беше познат како визионер, а во неговиот приватен живот беше човек што го почитуваше семејството. Благодарни сме до сите што ја даваа својата подршка во последните години од болеста на Стив. Ќе биде креирана интернет страница на која сите ќе можете да ги изразите своите сочувства и посвети.
Благодарни сме за поддршката и за добрината на сите што ги споделуваат нашите чувства за Стив. Знаеме дека многумина ќе тагуваат со нас, но би сакале да ја почитувате нашата приватност за време на овие наши моменти на тага“.
Тим Кук до тимот во Apple:
„Имам навистина тажни вести да ги споделам со вас. Стив почина денеска. Apple загуби визионер и креативен гениј, а светот загуби прекрасен човек“.
Бил Гејтс:
„Навистина ми е жал за смртта на Стив Џобс. Стив и јас првпат се запознавме пред 30 години, а оттогаш бевме колеги, конкуренти и пријатели. Ретки се луѓето што оставаат толку силен печат како оној што го остави Стив врз светот, а резултатите од неговата работа ќе ги чувствуваат уште многу следни генерации. Оние што имаа доволно среќа да работат со него, знаат дека беше неверојатно голема чест да се работи со таков човек. Стив силно ќе ми недостасува“.
Сергеј Брин:
„Стив, твојата пасија за перфекција ја почувствувал секој што некогаш допрел производ на Apple. Од името на сите во Google и пошироко во технолошкиот свет, многу ќе ни недостасуваш“.
Лери Пејџ, извршниот директор на Google:
„Многу сум тажен после информацијата за Стив. Тој беше голем човек со неверојатни постигнувања во животот и зачудувачка брилијантност. Неговата фокусираност на доживувањата на корисниците, секогаш беше инспирација за мене. Кога станав извршен директор на Google, тој беше доволно добар за да ме побара, и да помине време со мене нудејќи ми совети и знаење иако воопшто не беше во добро здравје. Моите мисли и на сите во Google се насочени кон неговата фамилија и кон целото Apple семејство“.
(Google го стави ривалството на страна и во чест на Стив Џобс, на својата насловна страница објавија „Steve Jobs, 1955-2011“ со линк што води до страницата на Apple)
Марк Цукерберг:
„Стив, Ти благодарам што ми беше ментор и пријател. Фала што ни покажа дека она што некој го гради, може да го смени светот. Ќе ми недостасуваш“.
 
А од шо умрел ако смеам да прашам? Да не ме истепате само. Ме мрзи да гуглам - да.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom