Падот на Цариград во 1453 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Па Западот(Католиците) неколку пати го ограбуваат Цариград и сите негови богатства..не само во злато и пари..туку и во книги и културни наследства..падот на Цариград е издигнувањето на З.Европа на економски план.На секој со не толку исперен мозок му е повеќе од јасно дека целото богатсво се наоѓало на Истокот.

Со самото тоа што никаква помош не стасала од Западот за време на неговата опсада(освен Џ.Џустинијани од Фиренца кој пристигува со приватна армија)била запечатена судбината на Православните.За иронијата да биде уште поголема,главен инжињер кој бил одговорен за изградба на најголемиот топ во тоа време,и кој бил една од најголемите причини за нанесување на штета на Цариградски ѕидови потекнувал од Унгарија,а па да не зборуваме за српските инжињери кои помогаат во копање на тунели под Цариградските ѕидовии и Грчките офицери кои ги предаваат позициите и плановите за пари.Исто така не вреди ни да се споредува бројноста на армијата и на една спрема другата страна.Има да се пишува многу на темава а ме мрзи,сумирано тоа е причината за падот на Константинопол која не се разликува многу од денешната ситуација во Европа како што кажаа и некој членови погоре.Не верувам дека ќе се оствари легендата во која се вели дека два свештеници се скриле во ѕидовите на цркавата и чекаат Цариград да се врати повторно во сопственост на православните за да можат да ја завршат својата литургија :)

Кој го интересира повеќе и сака подетални информации во врска со опсадата на Константинопол нека го побара дневникот на Николо Барбаро - Опсадата на Константинопол..кој во тоа време бил доктор во градот.
 
Исто препорачувам Stephen Runciman - Падот на Константинопол и Острогорски, нормално.
А за Урбан и за српските инжињери, ги заболе таквото дали се работи за Константинопол или Багдад.Тие се платеници и работеле за секој кој можел да понуди доволно пари.Парата врти каде бургијата не сака, literally.
 
донекаде се согласувам сепак во тоа време беше поделен односно римското царство беше поделен (западно и источно) поради несогласувања околу религии и политички разлики и така настана католици и православни и со векови не се поднесуваат меѓусебе и поради тоа католиците им помогна муслиманите со цел да се распадне источно римско царство(православните) и цариградска патријаршија пропаѓа;)
А денешно време снобовско друштво повторно ги направија таква тактика на пример Албанија требало да биде муслиманска држава ама некако успеал да дејствува да биде католичка и ете населението во Албанија има околу 60% католици и останатите православни,муслимани и др.
Воглавно не си во право. Римското царство не е поделено поради несогласувањата на меѓу католиците и православните, туку многу порано, поради начинот на управување на Римската империја и назадувањето на западот во однос на истокот. Католиците никогаш не ги помагале муслиманите со цел да се распадне Источното римско царство, туку работеле за свои интереси. Грешиш ако сметаш дека Отоманската империја била некој некоја негативна историска творба.
Отоманската империја, во своите златни времиња, била напредна космополитска држава, која била пријатна за живеење. Постојат миграции од западно европските земји кон Отоманската империја. Во времето на крвавите верски војни во Европа помеѓу католиците и протестантите, таа била сигурно засолниште.
Со падот на Констатинопол, симболично, завршено е едно брилијантно поглавије од светската историја и започнато е ново. Нагласувам, симболично, бидејќи опаѓањето на Источното римско царство е започнато многу порано и од сосема други причини.
 
Отоманската империја во основа била многу потолерантна од сите западноевропски држави и денешните, а поготово некогашните. Тоа што муслиманите биле ослободени од плаќање даноци направило да многумина од староседелците го примат доброволно Исламот, насилното потурчување не било често како што се прикажува и најмногу било практикувано од веќе потурчените некогашни Христијани, кои на тој начин го потиснувале сопственото чувство на вина затоа што ја промениле религијата. Вистинските Турци-Муслимани (во склад со верското учење) скоро никогаш не го применувале тоа.
 
Све е супер ова што го кажуваш за толеранцијата, само има еден проблем.Сите балкански земји сме ја делеле заостанатоста на Турската Империја, посебно од 19 век па натаму.Додека во Европа на велико се градат железници, има НЕВИДЕН развој во технологијата и медицината, кај нас сеуште спиеле на земјени подови, кола и воз биле мисловен поим, итн итн...Сега ги гледаме разликите помеѓу државите кои биле под Австро-Унгарија, например(Словенија, Унгарија, Чешка) и државите кои биле под Турција, без исклучок, сите се за никаде.
 
Да, ама и Турците исто така спиеле на земјени подови... А и западот во тоа време не бил толку понапреден од Турците (во интелектуален смисол). Само бил поефикасен. (Турција имала феудален систем, а западот веќе капиталистички)
 
Све е супер ова што го кажуваш за толеранцијата, само има еден проблем.Сите балкански земји сме ја делеле заостанатоста на Турската Империја, посебно од 19 век па натаму.Додека во Европа на велико се градат железници, има НЕВИДЕН развој во технологијата и медицината, кај нас сеуште спиеле на земјени подови, кола и воз биле мисловен поим, итн итн...Сега ги гледаме разликите помеѓу државите кои биле под Австро-Унгарија, например(Словенија, Унгарија, Чешка) и државите кои биле под Турција, без исклучок, сите се за никаде.
Во 16 и 17 век Отоманската империја била најцивилизиран дел од Европа. Нејзиното назадување во втората половина на 18 бек и во 19 век се должи на постепеното слабеење и распаѓање на државната власт и неможноста таа да се модернизира. Цел 19 век султаните се обидувале да ја модернизираат но не успеале и сите нивни обиди пропадна поради внатрешен отпор кон промените и надворешни влијанија. На пример, дахиите, против кои е дигнато Првото Српско Востание, не се представници на Отоманската империја, туку узурпатори.
Грешиш што го користиш изразот Турска Империја. Турската држава е настаната во 20 век под водството на славниот Кемал Ататурк. Отоманската империја цело време на своето постоење, била една космополитска држава. Впрочем, поимот на нација, во денешен смисол, се врзува за 19 век.
 
Нејзиното назадување во втората половина на 18 бек и во 19 век се должи на постепеното слабеење и распаѓање на државната власт и неможноста таа да се модернизира. Цел 19 век султаните се обидувале да ја модернизираат но не успеале и сите нивни обиди пропадна поради внатрешен отпор кон промените и надворешни влијанија.

Па тоа се трудам да кажам, дека во периодот кога Европа граби со крупни чекори напред на технолошки план, Отоманската Империја е сеуште во Средниот Век.Неможноста да се модернизира е во самата срж на таа империја, која е базирана на крут феудален систем кој едноставно неможе да опстои во модерен индустриски свет.
Џабе ни е сиот космополитизам на Империјата, кога до ден денешен ја влечеме таа заостанатост, да не речам, тој хендикеп.

Нвм, да не одиме офтопик. :)
 
Заостанатост? Па самите сме криви за тоа,односно сите влади што владееле до сега, зошто за време на Југославија не бевме заостанати?? Ако не ова има и друг пример, и Хрватска беше под отоманска власт, ама каде е денес Хрватска а кај сме ние? А Исто и самите турци иТурција, каде е денес Турција? а Каде сме ние? Понекогаш треба да сме и самокритични, а не стално да си ја бараме вината кај отоманските турци, или кај некој друг.
 
Хрватска беше под Австро-Унгарска власт во 18-19 век и кај и да е ке си влезат во Унијата.Турците за да стигнат на ова ниво на кое што се сега направија КОРЕНИТИ и КРВАВИ реформи.BTW, цело злато и богатство од 5века поробување е кај нив, така да имаат kick-start, а да не ја спомнувам огромната дијаспора.
Ние сме биле касаба и си остануваме касаба.Некултурен народ, не плански изградени градови, железница од 100км, итн итн.
Sry за офтопик.
 
Историјата на Хрватска
http://mk.wikipedia.org/wiki/Хрватска#.D0.98.D1.81.D1.82.D0.BE.D1.80.D0.B8.D1.98.D0.B0

пссс пак ќе повторам, нај лесно е вина да најдеш заради неуспехот, па на крај краева и Грција беше под труска власт, па пак по напредни беа од нас, а и пак ќе те прашувам, зошто за време на Југославија не бевме заостанати??? Едноставно имамве многу јака економија и многу силна армија, зошто тогаш не се спомнуваше историјата како алиби за неуспех за нешто. ?
--- надополнето: Oct 5, 2011 3:37 PM ---
Ние се заебавме со Бранко Црвенковски и со тајфата на СДСМ, заради нив ден денес сме катастрофа, се уште има лоши траги и последици од нив..
--- надополнето: Oct 5, 2011 3:37 PM ---
да се вратиме на темата:)
 
Прочитај си го линкот што ми го прати, после ке разговараме.
По Мирот во Сремски Карловац (1699 год.) Турците се повлекле од повеќето хрватски територии. Хабсбуршката Монархија го продолжила порано почнатото населување на православните бегалци во пограничните области на Хрватска кон Османското Царство.

Тој Бранко што го спомнуваш потекнува од овој народ, сите политичари кои не те оставаат да пркнеш, потекнуваат од ОВОЈ народ, што значи каков народ таква власт.
Касаба бевме и касаба ке останеме!
 
Последниот бранител на Константинопол води потекло од Североисточна Македонија,поточно од фамилијата Драгаши.
 
Па тоа се трудам да кажам, дека во периодот кога Европа граби со крупни чекори напред на технолошки план, Отоманската Империја е сеуште во Средниот Век.Неможноста да се модернизира е во самата срж на таа империја, која е базирана на крут феудален систем кој едноставно неможе да опстои во модерен индустриски свет.
Џабе ни е сиот космополитизам на Империјата, кога до ден денешен ја влечеме таа заостанатост, да не речам, тој хендикеп.

Нвм, да не одиме офтопик. :)
На минатото не можеме да влиаеме. Но за сегашноста, можеме да се обидеме да го направиме Светот подобар. Тоа е должност на секоја генерација.
Но и јас се слагам со oon, да се вратиме на темата.
 
Дали некој може да ми каже во чии раце била Галата, за време на опсадата 1453 и какво значење тоа имало за текот на опсадата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom