ако некогаш, било кога ако би требал да ја уптребам фразата срање-во-боја, еве ми прилика целосно со три збора да го опишам филмот, или како и да се нарече ова видео. ем срање ем во боја, во боја ама срање... никад по адекватна прилика да се искористи овој опис.
препорака за сите оние кои не го гледале филмов. спремети си литро кафе и две литра кока кола (per person) ако сакате да го изгледате до пола. за цел филм ќе ви требаат две бели линии. (или поздрава варијанта, се сеќавате кога том (на џери филмскиот партнер) си ги лепеше очните капаци со селотејп и ставаше шкорчиња да му ги држат? ..тоа ви е здрава варијанта ако не сакате да се труете, green варијатна што би се рекло..)
па побогу, буквало недела дена го гледам филмов, пушти го-заспи, пушти го-заспи... и тоа го пуштам од онаму до каде се сеќавам дека сум гледал.
најлесно заработени пари на бред пит. (дојди од работа-оди на работа) некој може ќе се нафрли као тука имало емоција, реална бруталност, нем говор, бла-бла-бла, бла--бла-бла. булшит.не седнав јас да гледам чарли чаплин филм.
се изнагледав бранови (бранови сами по себе се прекрасни)... дрва (демек филмот се вика така, инаку прекрасни дрва) трева... детско трчање.. свирење клавир, борење слободен стил, нај-тапа монолог во историја на филм..
да се разбереме. обожавам астрономоија и астрологија, обожавам уметност, уметничка фотографија, камера, музика, уживам во контроверзни и експлицитни филмови и сцени..филмски остварувања кои одат многу подалеку од овој,,,и покрај тоа нема една клетка во мене што ме тера овој филм да ми се допаѓа. не остави никаква трага, никаква порака, никакво чуство на задоволство и покрај целосно вложената енергија (очигледно) визуелното доживување на филмот како најголем адут. за ефекти не може да стане збор, јас такво нешто не видов.
добар филм ако сакате да одморите мозок, па ете додека гледате филм можете и да размислите што би правеле утре... ко да си се шеташ во маврово да речеме, си шеташ и си размислуваш, мозокот на пасење.
последните 20-30 минути, филмот има таков финиш... да ако на било кој му "рипне" цедето без да биде свесен декa 20 минути од завршетокот на филмот се испуштени, нема да примети, ставам глава!
последните 5 минути станав и ги изгледав на нозе (како да гледав македонија-русија) и се молев, урлав, викав да заврши што поскоро.
препорачувам секој да го погледне и да свати дека некогаш се случуваат и промашувања. после потрошени 7 дена да го изгледам филмов, вредеше да се одвојат 20 минути и да се посветат у име на лош филм.