- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Грчката опозиција гневна на турскиот премиер Ердоган
Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека „грчката позиција за името е еднаква на историската вистина“.
Изјавите на Ердоган ја поткопуваат стабилноста, безбедноста, мирниот соживот и хармоничната соработка на народите од Балканот и југоисточна Европа. Од опозициската Неа Демократија реагираат на изјавата на турскиот премиер по средбата со неговиот македонски колега.
Откако Ердоган рече дека за Турција е неразбирлив и неправеден грчкиот став, Панос Панајотопулос, кој е задолжен за надворешната политика во Неа Демократија му одговори дека “Позицијата на Грција во однос на прашањето за името е целосно во согласност со Меѓународното право и е во целост еднаква на историската вистина.“
Панајотопулос изрази жалење што, Ердоган ја искористи официјалната посета на Македонија за да покаже уште еднаш како гледа на релациите Турција –Грција, но и каков е генералниот став на неговата земја кон постоечките закони од меѓународното право и колку ги почитува историските наследства на народите.
Посетата на Ердоган и средбите со македонскиот државен врв поминаа речиси незабележани во Грција. Соопштението од опозицијата е единствената официјална реакција за изјавите на турскиот премиер.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=80882

![](http://www.kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/erdogan.jpg&imgSize=600&cropH=400)