Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

M

Moon Child

Гостин
Тргнувајќи од тоа дека идоли им се Џастин Бибер, Селена Гомез и останатата таа багра, завршувајќи до искомплексирана будала каква што е Лејди Гага, јасно е зошто младината отупавува. Седи и им се восхитува на глупостите. Се храни со риалити шоуа како она на Ким Кардашијан и и се диви колку добар задник и цицки имала, па ја прогласува за некаква си икона, а таа ништо за ова човештво не направила за да биде толку величена. Тука доаѓам до заклучок дека децата го следат примерот на сите тие славни фаци особено во годините 14-18 кога најлесно им влијаат такви фактори.
Се сеќавате можеби на аудициите за спот на Кејти Пери, какви се не морони видовме, стварно незнам дали и порано ги имаше ваквите или сега се повеќе користејќи интернет доаѓаат до израз па лесно можеме да им го процениме паметот. Уште па врв на глупоста кога ќе видам полуголи сликани на фб, и опис под сликата, умри ку4ко боља сум од тебе, тој е мој, јас го научив се итн.
Страшно.:eek:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Секоја наредна генерација е попаметна од предходната. Ова е докажано со многугодшни испитувања и тестирања, не кај нас, ова глобално се однесува. За овие студии читав некаде порано, секоја нова генерација има поголем IQ од предходната.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
За секој можам да кажам дека е глупав а воедно и паметен, некој е глупав да научи лекција ама е добар во кошарка. Некој е добар во програмирање ама е глупав да фати женска и ред други споредби.
Младината во нашето ни општество е комплетно неорганизирана и неодговорна ама не е глупава. Незнаат што сакаат, вреднуваат и почитуваат работи кои немаат никаков придонес за нив, кул си ако пушиш малборо на пр, времето го трошат во одење 3 пати на кафе у ден, правење глупости у школо, ги гледаат локалните силеџии како репер за квалитетен човек кој направил некој кеш со некоја превара. Е зошто е тоа така неможам да одговорам.
Никогаш не сум добил одговор на тоа зошто да почитуваш некој само ако е постар? Некоја личност ја добива мојата почит поради карактеристиките што ги поседува и односот спрема мене, а не поради побелената коса или брчките на лицето. Разбирам почит спрема постар како да отстапиш место во бус на некоја старица или да и помогнеш на стара комшивка да ги пренесе кесињата од пазар али да почитувам некого само затоа што е постар некако ми нема смисол. Чекам одговор за ова.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
И мене ми е глупо кога некој ќе си го протолкува моето размислување како шо него му чини. На друга тема ти имав пишано, ќе ти пишам пак. Кај го пишав тоа шо го имаш турено во наводници?

Од една страна си нефер, од друга страна изгледа навредливо (од моја гледна точка) она што го пишуваш ти... а нема врска со она што сум го кажал јас.
А каде реков јас дека дека баш ти си го рекол тоа?
Тебе те спомнав само кога зборував за форумските тролови, тоа во наводници се однесуваше на други постови.

Од кај дојдов до идејата за темава... член сум на форумов од 2007... за овие 4 години квалитетот на дискусиите и темите што се отвараат е значително намален. И во 2007 имаше членови со 15-18 години. Па дискусијата ем беше на повисоко ниво, ем темите беа далеку поквалитетни, поконструктивни и поитересни за читање.
Ќе ти објаснам зошто мислам дека опаѓа квалитетот на дискусиите. Ако во 2005 интернет имаа исклучиво луѓето на кои им беше потребен, значи возрасни и претежно интелигентни луѓе, денес, во 2011, интернет има и ќоро и сакато.И во 1995, и во 2005 и денес има глупи 13 годишници.Финтата е што денес, за разлика од 1995, секој 13 годишник може да се зачлени на форумов и да отвори глупа тема,која сите ние ќе ја прочитаме.
Затоа ни се чини дека има повеќе глуперди денес.

Јас за денешните деца се согласувам дека се за нијанса поразгалени и невоспитани, но тоа нема никаква врска со коефициентот на интелигенција.
Некој погоре спомна, научно е докажано дека секоја нова генерација е поинтелигентна од претходната, што е сосема нормално.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
коефициент на интелигенција е кај секој индивидуално и тој со „тренинг“ на мозокот може да се ДОразвие е сеа кој колку сака да го направи тоа е добро прашање. во една америчка анкета читав како кај нив е паднат коефициентот на интелигенција. поточно спроведувале анкета и прашувале прашања од типот знаете ли каде е кина или кој е главен град на русија или што е прага и тн и тн и тн. некои одговориле точно некој погрешно - не навлагам во тоа. имаше еден дел кога ги прашуваат младите „кога ви е потребна некоја информација а не ја знаете како се снаоѓате да дојдете до податоци за истата?“ 90+% од испитаниците одговориле „пишуваме на гугл и го дознаваме точниот одговор“ 3 или 4% одговориле у стилот „ке појдам во библиотека и ке најдам соодветна книга каде што би можел да е одговорот“ останатите не е ни битно што рекле...

а и реално ако земеме ова е многу вистинито. кај нас секој кој користи интернет ако му треба нешто на гугл си п ишува ке најде информација НО понатака не се ни трудат да ја запамтат информацијата туку е буквално во едно уво влага од друго уво излага.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583

незнам што да кажам ама мтв (музичката телевизија а не нашата) и холивуд ја утепаа младината ... Јас да сум некој закон одма ке опнам една забрана на МТВ или да е со х означена како програма за над 18 години (сепак да нема цензура јбг демек демократија :)) и една опасен надзор какви филмови (а и цртани филмови ) ќе се даваат на тв.
е да и сите реални шоуа би ги ставил како под категоризација х (јбг пак ради таа демократија :))
Па може ќе се спасат наредните генерации, јбг неколку генерации отидоа курбан ама тоа е живот ај може ке се опаметат и тие еден ден :pos:
 
I

indigo child

Гостин
Душо, те разбирам. Тоа е јасно дека има разлика со годините. Ама гледај, ние барем приметуваме какви сме биле ние и другите околу нас на тие години. И разликата е очигледна. Сум правел муабети со помали од мене, кои сега се средно, и незнаат основни работи, кои на пример мојата генерација ги знаела дури и порано од таа возраст. Сеа ќе речете дека не е така али всушност и многу е така. Секако дека има исклучоци, нормално е. Ама процентот на "глупа" младина е секако поголема во ова време. Причините погоре ги спомнаа другите и не е интересно да се повторувам.
КАКВИ СТЕ БИЛЕ ВИЕ БЕ?! У ВАШЕ ВРЕМЕ ТЕЛЕВИЗОР НЕ ПОСТОЕЛ !
Боже сачувај. Ко малине деца да се криви шо мајка им и татко им не им кажале како треба.
Не ли приметуете што и да и пласираш на рајата, тоа ќе слуша? Тоа прави? Каква врска има тоа дали некој гледа емтиви и слуша тапа музика со интелигенцијата негова?
Какви тоа муабети си праел? Сакаш некој со 15 години да има врска од животот и покрај тоа шо му ја пласираат Лејди Гага на телевизија?
Епа не биле само децата глупи.

Заглупавела младината...не него тие луѓе шо треба да ја поучат младината како треба и шо треба, ГИ НЕМА.
Идат на работа и заработуваат пари за да му купат лаптоп на 5 годишното дете за да може да има internet access.
Сеа на 3 години играат игри на компјутер. Братучетка ми на 2 години пали лаптоп, куца пасворд, уклучува игра. Каде??
Мене тоа не ми личи на ниска интелигенција. Баш напротив, генерацииве се се понапредни и понапредни.
Тоа шо на интернет седат глупаци шо немаат попаметна работа у животот и отвараат секакви теми и пишуваат секакви глупости, не е знак дека младината оглупавува, него дека уште постојат глупи луѓе.

Идете прошетајте малце, има и паметни деца на 15 години.
Какви 15 уствари? Пет годишни деца денес ќе те продадат.

Не можам да се изначудам на коментариве, глеале емтиви и глупи биле.. ХАХА! Не ми се верува XD
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не опаѓа коефициентот на интелигенција, опаѓа нивото на образование и се менуваат интересите на младите, начинот на живот и вредностите. Idiocracy е совршен пример за тоа накај ни се движат работите. :unsure: Ќе звучам веројатно како баба, ама децата стануваат се' поневоспитани, понеобразувани и со изместени вредности. Одговорноста за тоа е кај родителите, тие се оние кои треба да го поттикнуваат нивното дете да се развива во правилна насока. Младите имаат интелигенција, но џабе што ја имаат кога не знаат како да ја искористат и развијат понатаму, па ја користат за тролање на форум или глумење House.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не опаѓа коефициентот на интелигенција, опаѓа нивото на образование и се менуваат интересите на младите, начинот на живот и вредностите. Idiocracy е совршен пример за тоа накај ни се движат работите. :unsure: Ќе звучам веројатно како баба, ама децата стануваат се' поневоспитани, понеобразувани и со изместени вредности. Одговорноста за тоа е кај родителите, тие се оние кои треба да го поттикнуваат нивното дете да се развива во правилна насока. Младите имаат интелигенција, но џабе што ја имаат кога не знаат како да ја искористат и развијат понатаму, па ја користат за тролање на форум или глумење House.
Па тоа и мене ми беше поентата особено со родителите.Они треба децата да ги насочуваат уште од својата најрана возраст на каде треба да одат, и што треба да прават.Работата е тоа што тоа денеска не се прави, кај повеќето не.
И не звучиш како баба, туку коментарот ти е баш на место.

 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не сум статистичар или пак да го испитувам тој феномен, ама ќе кажам дека во мое време пред 20 тина години најгледана серија беше Твин Пикс што ја даваше хрватската телевизија во ноќна програма додека сега е Македонски Идол.
 
S

smexy

Гостин
Не генерализирајте.
Не глобализирајте.

Со самиот обид баш и не ја потврдувате својата интелектуална моќност...знаете.

Она што се случува, а вие очигледно сте премногу субјективно-критички (квази интелектуално ?!) настроени
се вика раздор.
И се случува токму сега, како последица на преголемата слободоумност која конечно добива глас последниве децении.

Во Македонија, пред 30тина години, во Титово време, кога бил закочен секаков духовен напредок а Водачите се крстеле во секуларност, навидум во пораст била интелектуалната моќ на населението.

Се разбира, во пракса, вистина е дека луѓето биле описменувани, но бидејќи и онака биле неписмени било лесно да ги излажеш дека there is nothing beyond.
И пукна Титова Југославија, прангите (видливи само за малкумина) кои дотогаш го држеа слепото население ги снема и ние буквално не знаевме што да правиме.

Сега, кога ти се отворени толку патишта стварно е тешко да одлучиш на каде главата да ја завртиш.
Тогаш таборот бил еден и едно, денес можеш да бираш, но сеуште сме во транзиција и бирањето, не дека не е опција, но едноставно сеуште го чекаме Комитетот за Бирање да гласаме за што ќе бираме.

Сеуште чмаеме во тој сон(Кошмар?!)...

Раздорот за кој зборувам, симплифицирано можеме да го поделиме на два интеграли.
Младина која е под влијание на медиумите и старото време и дијагностицирана со патриотизам и слични болештини на минатото, истата младина која дреме на фејлбук и sparknotes.
Оваа младина се карактеризира со мрзливост и навидум неспособност и ниска интелигенција.
Ова е состојбата која вие пробувате да ја генерализирате.

Од друга страна се повеќе имаш нердови.
Интелектуално надмоќни битија, асоцијални, начитани.
16 годишни деца кои дебатираат за субатомска физика.
Вие нив ги знаете како доташите.
Штребер.
Затоа и не им обрнувате внимание.Затоа нив ги вработуваат Џонсон-Мети и сличните на нив.
Затоа што вам не ви е дојдено до дискусија со нив.

Во штреберот е царството божјо.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Можеби го слушавме како размислување... ама едно е младината да не ја бива (според некое мерило на постарите), друго е да затупува, а.к.а. да има пад во интелегенцијата.

да се кладиме дека 90% од 8-мо одделенците незнаат колку е 5+5*5...

Те молам објасними го болдот... како е различен начинот на размислување?

И како одат генерациите напред кога имаат информации за се и свашта на интернет, а тие ги мрзи дури и да ги побараат?
Не, нема пад во интелигенцијата.
Не ми е јасно зошто толку инсистирате дека "нашата" или "вашата генерација" или пак било која друга е подобра од ова што го има сега. Еве јас сум 1984 и можам одговорно да зборувам за дечките кои што се 3-4 години + и - од мене, значи некаде од 1981 до 1988.
Се работи за едно голема група на момци и девојки кои што културно ја уназадија државава на многу грд начин. Тука има корумпирани политичари од двете страни што секојдневно ги пцуете, криминогени економисти и правници, неандертаслки типови од обезбедување, "менаџери" и гости во "елитните" кафулиња и клубови (овие ми се посебно интересни првин затоа што самонаречените менаџери се едвај со осмо одделение, а пак елитните места се парадокс затоа што во Македонија нема елита):rolleyes: итн...

Значи дебело над 80% од 8 различни генерации се тешки турбофолк дебили и крави, и тука не зборувам за новите генерации. Тие што условно кажано вределе или се надвор од државава или си го живеат животот тука по сопствени правила мирно и мудро.

Истиот случај е со денешниве генерации, само што со масовната популаранст на социјалните медиуми и интернетот (нели природно) можеме се повеќе и повеќе да ги гледаме ваквите.
Јас за овој проблем зборувам уште од мој 15 години, само што и тогаш како и сега ме правеа будала. Ова што се случува е наследстото оставено од тој пусти комунизам што никако да се искорени. За жал тие што сакаме да направиме промени сме толку малку и нечујни што сите обиди ни се веднаш згасени.

Но запомнете сите што ќе го читате ова, се додека излегувате во места како парадизо, и преферирате кич преку квалитет и го негувате "сељачизмот" помагате во масовниот раст и развој на овие веќе слободно може да се каже благо ретардирани генерации. :)

Некој погоре прочитав пишал дека младите денес немаат почит кон старите, но таква почит треба да се заслужи а од тие постарите многу мал процент ја имаат заслужено...тоа е многу тажно.

За крај малку црн хумор да воведам во темава.
Има еден прекрасен Јапонски филм кој на некој начин ја обработува тематикава, филмот се вика Battle Royale и го препорачувам на сите што ја следат темава. Иако е брутален, сепак на ефикасен начин го решава проблемот за кој дискутираме тука.

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Се работи за едно голема група на момци и девојки кои што културно ја уназадија државава на многу грд начин. Тука има корумпирани политичари од двете страни што секојдневно ги пцуете, криминогени економисти и правници, неандертаслки типови од обезбедување, "менаџери" и гости во "елитните" кафулиња и клубови (овие ми се посебно интересни првин затоа што самонаречените менаџери се едвај со осмо одделение, а пак елитните места се парадокс затоа што во Македонија нема елита):rolleyes: итн...
Чек сеа... некој шо барал дупка во законот, и ја нашол го нарекуваш нискоинтелегентен или ретардиран? Јас ова неможам да го сватам, колку и да ми тврдиш дека не сум во право...

Истиот случај е со денешниве генерации, само што со масовната популаранст на социјалните медиуми и интернетот (нели природно) можеме се повеќе и повеќе да ги гледаме ваквите.
Јас за овој проблем зборувам уште од мој 15 години, само што и тогаш како и сега ме правеа будала. Ова што се случува е наследстото оставено од тој пусти комунизам што никако да се искорени. За жал тие што сакаме да направиме промени сме толку малку и нечујни што сите обиди ни се веднаш згасени.
Аха, да, Бранко е крив за се... шојмат врска комунистите со тоа шо се раѓаат тролови на форумот, и се повеќе децата глумат лудило...

Да се чудиш, како можеа толку ретардирани фаци да живеат во комунизмо, и да имаат можност да купат стан, куќа, кола...

Некој погоре прочитав пишал дека младите денес немаат почит кон старите, но таква почит треба да се заслужи а од тие постарите многу мал процент ја имаат заслужено...тоа е многу тажно.
Како се заслужува почитта? Старите треба да се клањаат на младите? Тој дел не ти го сваќам, ич.

Едно време по афтоматизам се имаше почит кон постарите... колку имам трчано по цигари, кифли за да ме земат навечер да играм криенка со големите. Оди сега натерај маалско дете да ти купи било што од продавница и да ти врати точно кусур. Барем кај мене тоа повеќе го нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom