Старееш батка и свесен си дека доаѓаат нови и понапредни генерации на сцена. Таков е животот
И то шо викаш...
Темава,
темава,
темава... и уште миљарда слични на форумов, сите се отворени од членови со под 18 години. Околу напредноста, не ни сакам да коментирам.
А можам да ти дадам теми од 2005, 2006 што ги отворил некој член со тогашни 17 години, и се активни до ден денес...
Интересен муабет во најмала рака.
Но дали овој начин на размислување не е тоа што ние го слушавме како помлади: "значи денешнава младина ич не ја бива, во мое време...итн" муабетите

Се плашам да не не е тоа, па затоа останувам отворен за интерпретации на оваа тема.
Можеби го слушавме како размислување... ама едно е младината да не ја бива (според некое мерило на постарите), друго е да затупува, а.к.а. да има пад во интелегенцијата.
да се кладиме дека 90% од 8-мо одделенците незнаат колку е 5+5*5...
Културата е различна, времето е друго, начинот на размислување е друг ...се е друго.
Не би било фер да да не се даде шанса на тоа тоест постојано да се критикува.
Општеството и генерациите мораат да одат напред без разлика како ние гледаме на тоа.
Нови вредности се во прашање пак ќе истакнам.
Плус да бидеме сите искрени, не дека од нашиве генерации па излегоа нешто многу паметни и способни...
Те молам објасними го болдот... како е различен начинот на размислување?
И како одат генерациите напред кога имаат информации за се и свашта на интернет, а тие ги мрзи дури и да ги побараат?
Јас не се осудувам да правам такви споредби, ни со поголемите, ниту пак со помалите генерации од мојата. Мислам дека овие тврдења ви се недоволно испитани. Али ај, форум е ова и може да се зборува и тврди се’ и сешто, само што аргументите не ви држат вода.
Јас не мислам дека „младите“ се поглупави од „постарите“ (кога биле на нивна возраст), само што живееме во поинакви услови и не може и не треба да сме исти.
Ни јас немислам дека се поглупави... само енергијата ја насочуваат на погрешно место. Па излегуваат слики од типот на fuck yeah, troll face, музика од флопи дискови и слични бескорисни работи...
Секоја генерација за себе мисли дека е најпаметна и најспособна, не е тоа ништо ново.
Само, малку ми е нелогично коа дечки од 20 и кусур години зборуваат работи од типот " младината заглупавела" , " денешниве деца ништо не знаат, само пред компјутер дремат", " во наше време се знаеше редот, сеа не се пошуваат постари" и слични срања.
И мене ми е глупо кога некој ќе си го протолкува моето размислување како шо него му чини. На друга тема ти имав пишано, ќе ти пишам пак. Кај го пишав тоа шо го имаш турено во наводници?
Од една страна си нефер, од друга страна изгледа навредливо (од моја гледна точка) она што го пишуваш ти... а нема врска со она што сум го кажал јас.
Од кај дојдов до идејата за темава... член сум на форумов од 2007... за овие 4 години квалитетот на дискусиите и темите што се отвараат е значително намален. И во 2007 имаше членови со 15-18 години. Па дискусијата ем беше на повисоко ниво, ем темите беа далеку поквалитетни, поконструктивни и поитересни за читање.
Демек ние остаревме, ја опраивме државата, ги решивме сите проблеми и сеа ни остана само да плукаме по "младината".
Искрено, ми делувате као пензионерите кај мене пред зграда, потполно истите муабети ги вртат.
Сфаќате дека нашите родители го мислат буквално истото за нас и за целата наша генерација?
Тоа што постои кај тебе во маало, незначи дека постои секаде. Бујрум, ќе те седнам со стариот мој па види ти дали тој има мислење за мене или за братми слично како тоа што го пиша.
Дај опрајте се, глупи луѓе постоеле и ќе постојат, ги има во секоја генерација, финтата е што во денешно време, благодарение на интернетот, повеќе доаѓаат до израз, не дека пред десет или дваесет години ги немало.
И гледам дека отворачот на темава се инспирирал од се поголемиот број на форумски тролови.Па ме интересира од каде знаете колку години имаат тие тролови, можеби не се помлади од вас, можеби се баш ваша генерација и само си играат курташак на форумов?
Во денешно време изгледа модерно е да си трол. Оти и да напишиш нешто паметно, тролската заедница ќе го потопи.
Патем, колку и да имаат години тие тролови, сигурно немаат 50. Толку немам ни јас, така да и мене можете слободно да ме вброите во младината.