Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Се мислам, и никако не ми е јасно... Се однекаде ќе изникнат некакви форумски тролови, луѓе (најчесто едвај полнолетни) што незнаат што да прават во животот (или не се центар на светот, а сакаат да се) и отвараат безвезни теми по форумов.

Ајде да дајме една дефинција, што се случува со младината? Или јас сум старомоден, или ова шо го гледам стварно ги преминува сите граници.

По се изгледа, проамериканската ориентација на државава освен шо ни донесе проамерикански и проевропски закони и норми во општеството, ни ја донесе и глупавоста на американското општество..
 
Наредно, и нивната килажа. Одма после тоа данокот за килажа.
Инаку да, дефинитивно се имаат изместено вредностите. Не би се осудил да оценувам/проценувам дали тоа е правилно или не (сигурно и ние на некој дупло постар од нас сме му изгледале ко фрикови) ама има промена, прилично голема.
 
Ајде да дајме една дефинција, што се случува со младината? Или јас сум старомоден . . .
Старееш батка и свесен си дека доаѓаат нови и понапредни генерации на сцена. Таков е животот (y)
 
Ајде да дајме една дефинција, што се случува со младината?

Кога беше ти помал во школо ако направиш некоја глупост јадеше шамари од учителката. Другиот ден од домашните јадеше шамари. Од кога ќе поминат сите тие шамари, ќе земеш надвор ќе играш трчаш и ќе се радуваш на тешкото што поминало т.е ќе се радуваш на животот. Тоа е психологија кај човекот после некој тежок период е благодарен што е жив или како татко ми викаше кога ќе скршев рака или нога, на ова некој ден ќе се смееме.
А денешните деца незнаат за тоа и т.е прават глупости ама тоа поминува така млако што ги прави да се чуствуваат семоќни и нормално ги туркаат границите на глупостите што може да заврши фатално.
Значи на младината и фалат шамари и од дома и од наставниците
 
Кога беше ти помал во школо ако направиш некоја глупост јадеше шамари од учителката.
Сега е обратно по школите па и да направиш некоја глупост учителкaтa ќе јаде шамари :LOL:
 
Навистина опаѓа. Веќе не е како порано. Никој не се труди да открие нешто, да набљудува, да се радува што постои и да им помага на другите. Секој си гледа за себе, мисли дека е фаца со тоа шо се глупира. Сите си имаат се’ на послужовник и мислат дека не е време да преземат грижа врз себе. Никој не е иновативен и не се обидува да најде нешто интересно за него и за другите околу него. Тоа е жалното. Зборувам за оваа младина шо си ја навел (шо отвара безвезни теми по форуми :D ) но секако дека има и исклучоци. Само ме интересира до кај ќе стигнеме со вакво однесување? :)
 
Мојот учител на времето што беше, абе се знае ќе јадеш шамар или ќе земеше некој стап и после ќе видиш дали ќе бидеш немирен.
Сум забележал помалите генерации од мене сите се ебени у мозок. Нити учители па нити од дома ги воспитуваат како што треба. Стануваат се по прости и по прости. Плус и социјалниве мрежи ги отупавеа уште повеќе. Знае да седи на фејсбук а Македонија на карта не знае каде се наоѓа. Седи по цел ден на компјутер а врска нема од англиски. Цело време муабетот им е за некои типци постари од нив, каде вечер, и пијанчење по улиците. Ептен, ама ептен се намали IQ -то. Гнасно ми е да ги гледам.
 
Да, откако сите(со се мене) имаат компјутери и интернет,
 
Интересен муабет во најмала рака.

Но дали овој начин на размислување не е тоа што ние го слушавме како помлади: "значи денешнава младина ич не ја бива, во мое време...итн" муабетите :)
Се плашам да не не е тоа, па затоа останувам отворен за интерпретации на оваа тема.

Да, и јас размислував така, на денешниве им треба фудбал во маало, повеќе меѓусебно дружење и слично. Но тоа се мисли останати од времето јас кога "растев", а не се на дешениве дечки. Сепак сите они си се поврзани на сопствен начин.

Културата е различна, времето е друго, начинот на размислување е друг ...се е друго.
Не би било фер да да не се даде шанса на тоа тоест постојано да се критикува.
Општеството и генерациите мораат да одат напред без разлика како ние гледаме на тоа.
Нови вредности се во прашање пак ќе истакнам.

Плус да бидеме сите искрени, не дека од нашиве генерации па излегоа нешто многу паметни и способни...
 
Мојот учител на времето што беше, абе се знае ќе јадеш шамар или ќе земеше некој стап и после ќе видиш дали ќе бидеш немирен.
Сум забележал помалите генерации од мене сите се ебени у мозок. Нити учители па нити од дома ги воспитуваат како што треба. Стануваат се по прости и по прости. Плус и социјалниве мрежи ги отупавеа уште повеќе. Знае да седи на фејсбук а Македонија на карта не знае каде се наоѓа. Седи по цел ден на компјутер а врска нема од англиски. Цело време муабетот им е за некои типци постари од нив, каде вечер, и пијанчење по улиците. Ептен, ама ептен се намали IQ -то. Гнасно ми е да ги гледам.

Е ова е страшно.Работам на место кај шо идат полно деца основци и се чудам како не можат да најдат нешто на карта во Македонија или за една најобична пресметка ммножење / делење им е потребен калкулатор / мобилен / компјутер.
Шема се ако познавале или чуле (не дочуле) за некоја градска бараба и неговите тепачки со друга градска бараба и слично.Градските клошари станаа градски идоли.Аналогно на ова ако се средношколци филм им е да се на здраво со вратари по познати места ,а во последно време се и понеинтелегентни од тие вратари.
Кој кого заебал и кој кај кого средил врски за нешто макар и најситно е репер за успешност.Можам уште да пишам ,ама ај доволно е.
Ливинг ди американ дрим.
 
Eптен затупуват ебате, коа еден што го познавам праевме нешто муабет демек назадни биле порано , му викам не знаеле дека земјата се врти околу сонцето мислеле сонцето околу земјата и зачудено ми вика: А не се врти сонцето околу земјата?
Што очекуваш од следечи генерации...или комунизам или ојде опшеството како роботи ќе биде.
 
Глупави луѓе имало и ке продожи да има.Имам чуство дека нивниот број се зголемува, незнам..дали јас пораснав и се опеметив или пак тие станаа поглупави, незнам што е проблемот но нечини така да биде.
 
Да бе, младите се глупи, а сите вие кој од кој попаметен.

Те погодивме?

Иначе за ова збориме повеќето. Од нигде, никаде се избацуваат со вакви просто-проширени реченици маливе. Ни почит кон постар ни ништо. Они се најпаметни и толку. Ни факти зашто, ни ништо. Najbolje sme nie vie ste tapa hehehe.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom