Необично сeмејство

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Тажна приказна за обединувањето на едно невообичаено семејство

Оваа трагична приказна се случува во Саутемптон, Англија, каде што двајца татковци се обединуваат откако ја губат жената која ја сакале, за да ги израснат нивните заеднички деца. Поранешните ривали на љубовен план, Марк Мотрам и Стив Кук, се решаваат да живеат и да ги чуваат децата кои се родени од иста мајка под заеднички покрив. Тие се сложуваат дека станува збор за една малку необична заедница, но среќата на нивните деца, по ненадејната смрт на нивната мајка Ен, ја ставаат во преден план.

1-Tazhna-prikazna-za-obedinuvanjeto-na-edno-nevoobichaeno-semejstvo-www.kafepauza.mk_.jpg

Ен била мажена со Марк, а во тој брак тие имале три деца: Лук (16), Тони (15) и Бен (8). Со нив живееле и двете поголеми ќерки на Ен: Зои (24) и Ејми (22), кои Марк ги сакал како свои. Откако се разделиле, Ен имала уште две деца со Стив: Били (4) и Кетрин (2), а на пат било нероденото бебе Џејмс.

2-Tazhna-prikazna-za-obedinuvanjeto-na-edno-nevoobichaeno-semejstvo-www.kafepauza.mk_.jpg

Четириесет годишната Ен, била само на неколку недели од пораѓањето со нејзиното 8-мо дете, кога настрадала од фатален срцев удар додека спиела. Стив бил во куќата, дента кога Ен доживеала срцев удар и бил првиот кој се обидел да ја реанимира. Него го разбудила малата Кетрин, која почнала да плаче откако видела дека нејзината мајка не може да се разбуди. И покрај обидите да биде спасена, Ен починала, но докторите се бореле да го спасат животот на бебето Џејмс, во што успеале, но тоа починало по само 7 дена.
Ејми и Зои не живеат повеќе во фамилијарната куќа, а двајцата татковци решиле дека најдобро за нивните помали деца е сите да живеат заедно во иста куќа, која ја делеле со својата мајка.

Марк за новиот начин на живеење вели:

„Луѓето сметаат дека ова е чудно, но ние отсекогаш сме се сложувале, а сега тоа е поважно од кога било. Малку е чудна ситуацијата, но најважно е да бидеме тука за децата. Тие поминаа низ многу нешта, па нивната стабилност е на прво место. Всушност, станува збор за двајца таткови кои се грижат за своите деца. Јас се однесувам со Кетрин како со своја ќерка, а Стив се однесува со моите деца исто како да се негови.“

kafepauza.mk

Дали би можеле да замислите да живеете во вакво семејство? Се за децата или ова е веќе лудост?


 
Татково десно гадно ми личи на David Thewlis...

он :

Ако е нормално и се во ред, немаше потреба да стигнит до медиумите...
 
инцеси и педерлаана не е ништо необично за запад..што ќе им фалЕ да си најдат слатки женички бе!?!?!
 
“Децата треба да имаат мајка и татко, а не двајца татковци.“

Тие што немаат ништо против ова, а истовремено имаат против иста ваква ситуација каде двајцата се геј, едноставно, имаат проблем со себе.

И аман, 8 деца...
 
убаво шо се сложиле .. тоа е за доброто на децата.. ако едниот пример не може да биде тука за некое дете.. ќе биде другиот.. на крај краева тие деца се од жената која и двајцата ја сакале..
 
ништо не ми е чудно денеска!!
 
Мислам дека браќата и сестрите треба да растат заедно. А тоа што живеат со татковците, голема работа. Уште подобро, всушност.
 
Мислам дека браќата и сестрите треба да растат заедно. А тоа што живеат со татковците, голема работа. Уште подобро, всушност.
Па така некако му доагја.
 
Пу , пу Бог да чува ... Не е можно да имаш ни 2ца татковци ни 2 мајки ... Си се знае законот на природата секој си има 1 татко и 1 мајка ... сето друго шо се случува не е во ред ( според мене )
 
Пу , пу Бог да чува ... Не е можно да имаш ни 2ца татковци ни 2 мајки ... Си се знае законот на природата секој си има 1 татко и 1 мајка ... сето друго шо се случува не е во ред ( според мене )

А во овој случај конкретен?
Зошто децата да не живеат заедно?
Зошто се чувани од двајца мажи?
А семејствата на самохрани мајки, кои живеат со своите мајки (мајка плус баба) ... не е ли тоа ваков вид на семејство? Бабата се грижи за децата, мајката заработува...
Исто е, само статусот на членот по име е различен...
 
А во овој случај конкретен?

Но овие двајца имаат деца од иста жена ... Ривали на времето сеа кодемек мн се сакаат заради децата. Реков според мене оваа ситуација не е ок .. Децата можат секојдневно да се гледаат , да се дружат без оглед на тоа дали живеат во иста куќа или не ...
На крај на краевите ако гледаат за доброто на децата не е ок да се перчат по медиумите ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom